Прашање до сите:
Дали за детска-спална од 12м2 вреди да се инвестира клима или не?
Со клима ќе те фати 25000 ден,со монтажа а можеш да поминеш и со калолифер од 700 ден.
Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
Математиката треба да си ја направиш.
Ако собата има 1500W загуби во Јануари. Во Јануари би имала. 1.5Х24Х31Х5,5=6100 денари односно точно 100 евра. За 6 месеци грејна сезона се троши околу 3 пати по толку значи 300 евра. Со клима со SCOP3, ама еве да земеме најбуџет некоја која ќе има SCOP3 излегува 200 евра заштеда во првата зима.
И сега според загубите:
1. Ако има загуби од 500W заштедата е 66евра на сезона
2. Ако има загуби од 1000W заштедата е 130 евра на сезона
3. Ако има загуби од 1500W заштедата е 200 евра на сезона
4. Ако има загуби од 2000W заштедата е 266 евра на сезона
5. Ако има загуби од 2500W заштедата е 330 евра на сезона
6. Ако има загуби од 3000W заштедата е 400 евра на сезона
Е сега за климата имаш чистење еднаш на 1-2 години од 1500 денари. Значи на овие суми одземи 30евра грубо.
И сега според загубите и чистење еднаш годишно:
1. Ако има загуби од 500W заштедата е 36евра на сезона
2. Ако има загуби од 1000W заштедата е 100 евра на сезона
3. Ако има загуби од 1500W заштедата е 170 евра на сезона
4. Ако има загуби од 2000W заштедата е 236 евра на сезона
5. Ако има загуби од 2500W заштедата е 300 евра на сезона
6. Ако има загуби од 3000W заштедата е 370 евра на сезона
Ако земеме дека и SCOP расте со помалата оптеретеност би требало да се нешто поголеми заштедите од 1,2 и 3, во однос на 4,5,6. Значи вака нешто:
1. Ако има загуби од 500W заштедата е 45 евра на сезона
2. Ако има загуби од 1000W заштедата е 120 евра на сезона
3. Ако има загуби од 1500W заштедата е 190 евра на сезона
4. Ако има загуби од 2000W заштедата е 226 евра на сезона
5. Ако има загуби од 2500W заштедата е 280 евра на сезона
6. Ако има загуби од 3000W заштедата е 340 евра на сезона
Ако знаеш колку загуби имаш, ќе можеш да се пронајдеш.