ДПНЕ е предавничка багра која се отепа од крадење и од предавства исто како и СДС. Не се никакви патриоти, а посебно не оваа актуелна структура која даде 11 пратеника за промена на името и идентитетот и не организира ниту еден единствен протест пред и после срамната капитулација, а ако требаше ќе дадеа уште 30 пратеници без проблем. ДПНЕ изигра многу битна улога во целиот процес со тоа што го уби сиот набој кај народот и ги чуваше улиците празни, така што нека берат поени на други финти, пошто патриотизмот им е лажен.
Тие две багри се коалициони партнери во процесот на разнебитување на државата, осиромашувањето и апатијата на народот.
Не знам дали 11 пратеници им даде или ги зедоа, секако, насилно. Од тие 11, не беа сите од ВМРО ДПМНЕ. Амди Бајрам не е, Саздовски од ГРОМ веднаш премина на страна на СДСМ, а го изгласа ВМРО ДПМНЕ. Панчо Минов (Кавадарци) премина на „предавничката страна“ кога се гласаше за конечно прифаќање на промените на уставот, исто така од ГРОМ. Овие тројца заедно биле во толку многу партии и коалиции што и самите не знаат. Панчо Минов сега е кандидат на листа на СДСМ и тоа на високо место, мислам на 5-то, пак ќе биде пратеник,
мивка. Рамчиловиќ премина на предавничката страна, но е од партија на Бошњаци, ако не се лажам и Авировиќ премина, од Социјалистичката Партија.
Инаку, ВМРО ДПМНЕ беше организатор од сенка на протестите кои кулминираа со влезот в Собрание и од тогаш почна распадот на Македонија, уцените, прогонот... Народот беше замолчан. Се формира СЈО кое се закануваше секому што сака со (евентуални) снимени материјали и со прогон. Се појавија и партиските моќници и „тепачи“...
Таква лага и предавство кон својот народ како што го направи Заев и СДСМ ни приближно не направила друга партија,
не е фер да изедначуваш.
ПС: Ако се вратиме назад и ја земеме во предвид приватизацијата, ТАТ... може слободно да се каже дека СДСМ е канцерот во македонската држава, која на крај ја направија северномакедонска.