(1)Улогата на Бачев и неговата партија е да бидат алатка за киднапирање и компромитирање на автентични граѓански и патриотски движењa и протести, како што беше референдумското Бојкотирам, со цел да се дискредитираат, задушат и прикажат како руско влијание.
На Бачев му изградија профил на радикален десничар и русофил, смешен meme-лик кој јавно ќе настапува со радикални ставови, говор на омраза, ксенофобија и навреди. Лик кој ќе се наметне како еден од лидерите и организаторите на протестите, кој ќе (2)мафта со
руски знамиња качен на оклопно возило, за потоа секој кој ќе излезе на протестите, кој не се согласува со Преспанскиот договор и (3)кој ќе искаже став за бојкотирање на референдумот, да биде асоциран со Бачев и претставен како (4)антизападен елемент кој шири руско влијание и работи против Македонија, НАТО и ЕУ.
И секако, секој став на опозицијата во врска со името и референдумот, да биде поврзуван со Бачев. Нешто како
ова. Впрочем, затоа и провладините мегафони коси кубеа (5)зошто Мицкоски отворено не повикал на бојкот или да се гласа против, чекаа да им се намести на волеј.
(6)Бачев е бивши удбаш. Партијата негова стереотипно е апла (7)проруска. Дури и името и амблемот се позајмени од
партијата на Путин, бидејќи, нели, мора да бидат што повеќе уверливи и што повеќе да асоцираат на Русија и руско влијание.
Така да, и овие се (8)сателит на СДС, и спаѓаат во некоја од твоите последни три категории, заедно со Македонски Концепт, ГДУ, Твоја Партија, Интегра и СДС.