Darling
High Value
Ama ja sakam Ali Ahmeti da e premier...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кога приоритет на кандидат за премиер е албански јазик од петто оделение, навистина не го приметуваш етникумот туку го гледаш само квалитетот...како што кажа кај нас нема ни к од квалитет кај било кој кандидат. Трагично е што сме во ситуација да чекаме од нашите што е следно што ќе добијат етникумите...Се додека за премиер или било која друга функција се цени кандидатот по етникум или пол, а не по квалитет, ќе продужиме да паѓаме.
Тешки нека е најквалитетниот човек, та ако сака и еским нека е, ама Зибери паѓа уште на буквата к во квалитетен.
Ама, државава уште одамна ни пропаѓа и ќе продужи така, па макар и Левица да формира Влада, ништо нема да се смени.
Ја само се надевам дека до крајот на кампањата ќе има повеќе дебати како таа вчера на Телма, бар да се изнасмејам ко чоек, зошто секако више иам изгубено надеж дека нешто можам да сменам, оти у државава има премногу кретени што гласаат како што ќе им кажат и кретени што прават култ од прецедникот на партијата.
Левица никогаш нема да биде фактор во државата, максимум два пратеника ќе има, ако има воопшто. ДПМНЕ ќе мора да коалицира со албанска партија, а бидејќи Беса е веќе во коалиција со ДССМ им останува Села кој го претепаа, или Ахмети со барањето за Албанец премиер.
Леле колку ќе се смеам.
А инаку, не гледам зошто јас би бил одговорен ако има Албанец премиер, ниту ќе гласам, ниту ми е гајле.
Апсолутно, кај нас цело време се иде на тоа да се покаже посилниот, као демек еве албанциве се посилни од нас па ќе воведат албански да се учи од петто, а ние па од друга страна ќе бидеме посилни со тоа што нема да им дозволиме.Кога приоритет на кандидат за премиер е албански јазик од петто оделение, навистина не го приметуваш етникумот туку го гледаш само квалитетот...како што кажа кај нас нема ни к од квалитет кај било кој кандидат. Трагично е што сме во ситуација да чекаме од нашите што е следно што ќе добијат етникумите...
Или во меѓувреме и албанците вработени во јавна администрација разбраа дека не е некој економски бум ако зимаш плата 14.000,00... Голем дел од нив веќе не се заинтересирани за „правата на албанците“, ги интересира економија, здравство и судство како и сите нас.Работата со Ахмети веќе е што нема што ново да понуди па мора да има некој порадикален пристап во кампањата. Долго време се на власт, на економски план ништо не понудија, етничките тензии се олабавија, добија ете и проширување за јазикот и некако има заситеност за тие теми. Луѓе ќе почнат да се прашуваат која е улогата на Ахмети и ДУИ во оваа форма понатаму во политиката. Има кај нив желба за промена, тоа се виде на минатите избори и сега мислам дека се многу блиску во гласови со Алијанса.
Ова е обид да се игра на таа традиционална националистичка карта. Целата кампања до сеа им е само такви ветувања, премиер албанец, задолжителен албански, нова химна бла бла бла, и никакви нови реални понуди.
Ќе видиме во која мера Албанците ќе го купат тоа. Они и без овие ветувања имаат јака клиентелистичка база. Во последниве 20 години секој албанец што е вработен во министерство, општина, претпријатие или каква и да е институција е на некаков начин поврзан со ДУИ. Да се победи таа сигурна база на гласачи е стварно тешка задача.
Ќе видиме во која мера Албанците ќе го купат тоа.
Ако не го купат од Али ќе го купат од Села, ако не од Села, ќе го купат од Биљал и Мендух. Производот што им се продава на нив е ист, а продавачите им работат заедно.
Овие сулудни барања не се нешто што партиите им ги сервираат апанзас, па они као мора да прифатат, они само рефлектираат тоа што е тема во чајторе, а во чајторе е тема тоа што им го сервирале на паузите меѓу изборните циклуси. Тоа се “мачедонски конпљутор'' и дека во 2020 година, ради каурите серат по дворови.
Точно е тоа и многу е битно да се знае. Ние не разбираме(или можеби си се тешиме) дека кај албанскиот електорат повеќе гласови се собираат со ветувања како учење на албански од петто одделение, отколку пример 50% кревање на просечна плата.
При создавање на оваа перцепција многу одиграа минатите избори кога СДС тепаше во тие средини и почнаа да се кажуваат басни од типот “ еве албанците гласаат за живот'' кога уствари, на секој што разбира малку од малку му беше јасно дека тие села беа купени од селските гавази/команданти, кои ДУИ или ги позајми или му беа насила извлечени на сметка на СДС и во ниеден случај не беше тоа гласање за некое граѓанско општество, како што сакаа да веруваат некои.
Едноставно пораките на СДС и Шарена Револуција ни резонираат ниту имаат одек кај гласачот од Студеничани и Липково, а они баш во тоа сакаа да се убедат.