Работа како диспечер во камионџискиот бизнис

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2009
Мислења
1.203
Поени од реакции
888
Ја отворам темава за да си помогнеме и да му се посреќи на некој да си најди работа од дома(или у некој офис тука во Македонија).
Инаку гледам дека се накотија камионџиите кои се вратија од Америка и овде отворија свои диспечерски центри(веројатно заради евтината работна снага тука и заради можноста да се работи преку интернет),не е исто да вработиш диспечер у Америка за месечна плата од 2500-3000 долари и тука за 400-450 долари,а истата работа ќе ја врши и оној во САД и нашиов македонец тука,само услов е да знаеш англиски,работа преку мобилен или компјутер и нон-стоп да бидеш у контакт со камионџијата кој врти низ Америка,така да кој има некое искуство нека пиши тука и нека дава линкови од наши домашни,од амерички или европски диспечерски центри
 
Како диспичери и слично е и со кал центрите. Јас работев во Брно, Чешка. Кал центар на AT&T, платите во САД се 3400$, а во Чешка не плаќаа по 1000е Нето. Сега гледам и низ Македонија се отвораат. Горе-долу исто е дали диспичер или во кал центар, а да во последно време офанзивно се отвораат во Македонија и кал центри со Англиски и се бараат диспичери за рабпта од дома. Од лично искуство подобро ќе работам во ЈКП ќе збирам отпад отколку во кал центар. Толку нервоза, притисак, невозможно е, Америка има посебни закони треба да внимаваш што ќе кажеш, да им прочиташ задолжителен текст во случај на спор ќе го јадеш стапот, ти се јавуе ти се дере ко будала, па има и премиум корисници ти вика ми го трошиш времево, не си способен, секоја минута ми е долари, врати ми ги парите ме ограбивте. Бегај подалеку од таа работа, работав 3 месеци и се спакував, почна психички да ме удира.
 
Не е баш ко работа во call центар. Имам другар близок го работи ова. Освен смените што се тапа, од другото е задоволен.
Сум работел во кол центар и според тоа он што го кажува не е баш таква работата.
 
Не е толко нервозна работа колко што имаш превише работу, повише од 3-4 камиона не треба да имаш за да би ги сработаја квалитетно, свак дн. Работа е куде нас по такви фирме како диспечер ти начукав повише од 8 камиона, 8 бидна некој стандард што мора свак да га испуни, и ти сас 8 камиона си набиваш нервозу зашто неможеш да ги постигнеш, што е реално превише, на страну што триста глупости искачав. Сви мои другари работив овој, на црно се подразбира, зимав солидни плате, има ги некои и сас по 1500 долара плату ама по 12-13 камиона, како постизав, не знам, ама постизав али дека е нервозна и стресна работа, е. Али па од другу страну, не постои работа што е без нервозе и глупости, свака работа има своју тежину, мене ми се свиѓа што се работи од дома, немаш шефови, немаш ништо, у твој ритам, твоју средину, пушташ се и работиш.
 
Да имаш 3-4 камиони по два до три месеци јас гарантирам дека ќе ти е досадно и дека ќе немаш шо да прајш по 2 саати поминати во работа. 6-8 камиони е оптималното шо некој можи да го сработи.

Дека има допирна точна со кол центар, нема никаква. Дека можиш ти да го јадиш стапот за нешто, не можиш. Дека некој ќе ти се јави и ќе ти кажи дека му го трошиш времето и дека ќе ти се дери, нема.

Се на се, работа која е динамична и бара одлични комуникациски способности. Секако, на страна познавањето на англиски кое мора да биде перфектно. Се останато, се учи.
 
Кај можи да се најди ваква работа освен по огласиве на реклама5, ги имам контактирано и не враќаат??
 
Кај можи да се најди ваква работа освен по огласиве на реклама5, ги имам контактирано и не враќаат??
врски ти требаат да те земе некој, тешко вака сам да најдеш нешто
 
врски ти требаат да те земе некој, тешко вака сам да најдеш нешто
Аман бе,јас пак мислев дека има дефицит од ваков тип на кадри кои баратаат одлично англиски и компјутери
 
Не е толко нервозна работа колко што имаш превише работу, повише од 3-4 камиона не треба да имаш за да би ги сработаја квалитетно, свак дн. Работа е куде нас по такви фирме како диспечер ти начукав повише од 8 камиона, 8 бидна некој стандард што мора свак да га испуни, и ти сас 8 камиона си набиваш нервозу зашто неможеш да ги постигнеш, што е реално превише, на страну што триста глупости искачав. Сви мои другари работив овој, на црно се подразбира, зимав солидни плате, има ги некои и сас по 1500 долара плату ама по 12-13 камиона, како постизав, не знам, ама постизав али дека е нервозна и стресна работа, е. Али па од другу страну, не постои работа што е без нервозе и глупости, свака работа има своју тежину, мене ми се свиѓа што се работи од дома, немаш шефови, немаш ништо, у твој ритам, твоју средину, пушташ се и работиш.
Од дома работат твоите другари на црно или се скриени у некој стан у некоја зграда? :)
Те прашувам затоа што моментално останав без работа и сакам да се вклучам у овој бизнис пошто гледам солидно се плаќа,а и одлично знам англиски и компјутери,така да ако имаш некоја информација сподели ја тука,нели за тоа служат форумите,да си помагаме
 
4ца су, 3ца работив на црно, едн е осигуран на минималац и ресто му давав на руку ама он си и работи у канцеларију на фирму, овија ресто од дома.
 
Да не има некој со искуство да бара работа?
 
Чисто информативно ако има некој заинтересиран да си ја проба среќата, Road Legends имаат 2 активни огласи во моментов
 
Освен вработување, тија што тражите работу од овуј браншу, направите акаунт и на ЛинкедИн, тамо има исто доста људи, фирме и слично, и тамо се наваѓа, ако имате искуство знаев и сами да ве исконтактирав, иако ретко :)
 
Road Legends се добра фирма, само тешко да најдат луѓе со искуство, пошто горе-долу сите шо се „искусни“ и работат веќе :) Ама како шо гледам овозоможуваат и тренинг, па ако некој од Скопје сака да се проба, пробајте се. Месец-два обука е сосема доволно за да се научат основите од бизнисот. Дали обуката им е платена или не, не знам, ама сигурно ако некој има желба да го работи ова, вреди да се проба.

Единствено шо можи на некој да му смета во оваа работа е ваљда работното време, пошто во принцип е од 2 поручек до кај 10 или 11 навечер, шо би дошло некако 7 сабајле до 3 поручек по централно време во САД.
 
Зошто само од Скопје кога работава е онлајн од било каде,или мислеше на 2 месечната обука поради која мора да бидеш во Скопје?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom