Пратете го ударот на корпорациите против објавите на говорите на Трамп на фб и Твитер:
Акциите на „Фејсбук“ паднаа за над 8%, а оние на „Твитер“ за 7% во петокот откако компанијата „Унилевер“ изјави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи барем до крајот на годината. Компанијата изјавила дека ги бојкотира социјалните мрежи во форма на протест поради говорот на омраза кој се шири на нив.
Подоцна истиот ден „Кока-Кола“ објави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи најмалку 30 дена.
– Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните мрежи – изјавил Џејмс Квинси, генерален извршен директор на „Кока-Кола“. „Хонда“, исто така, нема да се рекламира на „Фејсбук“ во јули, а на листата со компании што ја бојкотираат социјалната мрежа се и „Верајзон“, „Патагонија“, „Норт Фејс“ и РЕИ.
Закерберг претходно беше критикуван дека не презел ништо во врска со контроверзни објави на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека луѓето заслужуваат да добијат „нефилтрирани“ објави од политичките лидери. „Твитер“, од друга страна, ги означува објавите на претседателот во кои има лажни изјави.
Каков побогу финансиски интерес има фирма за продажба на сокови во тоа да прекине рекламирање на Фејсбук зашто објавувал или не говор на омраза? Што се тие, цивилна организација или се борат за профит?
Ќе биде највалкана во историјата кампањата во САД, а очигледно таргетот ќе бидат медиумите кои ,,му донесоа победа,, на Трамп.