shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.324
- Поени од реакции
- 17.789
Не. И можеби имаш многу мал диоптер и на десното око (нула кома нешто), само не можеш да приметиш. Наочари носам со години, на почетокот двете беа приближно помалку ќори, а сега само левото око ми качува диоптер, десното стагнира и поголема е разликата.Не оди слепило на двете очи истовремено? од што имам слушано, најчесто се губи вид на едно око поради повреди на мозок, тромбови, тумори ...
Реално не се разбирам, ама не паничи толку, не барај симптоми по интернет, ќе се потресуваш само. Од искуство правам редовно прегледи и скроз нормално е едното око послабо да гледа. Дури и не сум слушнала некој да има ист диоптер на двете очи.
Оди во оптика некоја, ќе ти кажат за диотерот.
Мене со упат, кога немаше корона, нејќеа во Државна да ме примат, ми рекоа да си ја поздравам матичната и да ме прати на друго место, таму било за сериозни случаеви. Го знаеш вицот џабе дојде? И џабе чекаше месец дена за термин?
На битпазар сум била - покатастрофа амин. Единствен преглед е со ливче на око, немаат ни апаратура за да ти го измерат диоптерот (бар пред неколку години, сега не знам).
Последниот пат бев во Неуромедика со упат, 700 денари и кусур ме фати, без упат сигурно и повеќе ќе кошта...
Ама презадоволна сум, пошто ми направи прегледи што претходно не ми ги правеле нигде на друго место и буквално се чудев како првпат да одам на очно, башка префин беше докторот.
За да бидеш помирен, види на мојтермин, има гледам во наредниве денови на неколку места слободни термини и распрашај се дали работат за сигурно, па после во оптика. Подруго е првиот пат на лекар...