Кога читам коментари на форумов од поединци (Македонци), искрено не можам да си поверувам како може да бидат толку прости, плитки и тапи. Не сакам да вреѓам ама сериозно.. Значи како може да постои Македонец да се гордее со партијата која ти сменила име и идентитент, ти продала држава, ти коалицира со странци и ти вика меѓуцрти дека ќе даде све што сакаат другиве само да останат на власт, да се сликаат со учк знамиња, да ругаат и омаложуваат борци кои се вртат у гроб у моментов, да се измочаат на војниците и полицијата кои ради љубов и обврска изгинале за оваа држава во последниве 10 години...?
Да прават глупи и смешни кампањи на разни јазици за сите можни групи во државава само за да добијат плус некој глас? Да објавуваат статии/изјави на сите можни јазици, и да ја споменуваат секоја можна држава по уставно име, а нашево да го заменуваат со МК емоџи бидејќи им е срам да го пишат јавно срамното „уставно име“? Да ти фарбаат Македонски амблеми каде добар дел граѓани се гордеат со тие обележја и да се фалат на соц.мрежи „види што направивме“?
А за сево ова пред избори, дека се најголеми Македонци, дека додека дишеле они нема да сменеле, жицата Македонска да не им се чепкала, дека не постои Македонец кој може тоа да го направи...?
Кога во исто време излагаат факти со снимки дека цело раководство им е не 100, 200 пати по корумпирано од тоа што било вмро во најдобрите денови. Дека сите организации и невладини што се „бореле“ за подобра иднина се у принцип нивни послушници, веќе вработени во институции.
Жити се нека ми објаснат овие 30+ членови, а и останатите тука на форумов, како може за ваква партија (ако сте Македонец) пак да си гласате?
пс: Кај е Tуфегџиќ и останатите борци за правда, кај се студентски пленум и шарена револуција? Кај се сите буљаши кои не вадеа од предавања на факс и не тераа да се “бориме“ за правата на студентите? Кај се сите овие да бекнат дека на 60% граѓани им се повредени правата? Кај е Хелсиншки?
И она најсмешното:
https://scontent.fskp2-1.fna.fbcdn.net/v/t1.0-9/90460814_10215490121062212_2352894921402220544_n.jpg?_nc_cat=104&_nc_sid=8024bb&_nc_ohc=iPrLIB6OPsAAX-nCY4C&_nc_ht=scontent.fskp2-1.fna&oh=7cdc381790f31a404a7332a92d0488ff&oe=5F205421
Гласате за партија која ве става не во втор, во трет ред. Не сте битни а мнозинство сте.