Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.214
И нов клинички :pos: уште пругата према Бугарија фали


Рватска кога викаше некни на ТВ :icon_lol:
Ај сеа ти претеруваш, не знаеш колку е доста!
Малку ти е клинички па сакаш и пруга.

едно мало дополнување:
Бидејчи оваа компанија донесе одлука да ја избрише Македонија



еве и јас донесов ОДЛУКА со која од денес па се додека таа квислиншка фирма постои нема да купам ниту еден производ од неа, има доволно северџани тие нека ја финансират.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.315
Поени од реакции
21.509
А кратењето на администрацијата кај ви е, секој избори и тоа го ветуваат. Мала и ефикасна администрација, трансфер во приватен сектор ќе правеле :ROFLMAO:
Пред јавност кратење на администрација, а во позадина по 4100+ вработувања на државна цицка на секои два месеци. Има прост народ што им верува после сите глупости кои ги направија, и си го дупат во мозок како сакаат.

Стаменковска: За два месеци власта распишала огласи за 4.131 вработувања
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169

Оваа размена на реклами ќе биде очигледно ненадминливо ремек дело споредено со кампањата што ја водат на овие избори.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Грујо плачи кога ги гледа џукеливе. На зајко како кец на десетка му иди ваква опозиција. Кога ќе ми текни дека ќе ги гласаат мулинава пола милион, ми иди да си умрам. Која катастрофа човече!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Утепани сме скроз, ние Македонците немаме ниту една опција за гласање, СДС не знае кај тера, ВМРО не знае кај тера, ДУИ барем има цел, која од ден на ден ми изгледа се повеќе остварлива.
СДС се надева на ниска излезеност, 50-тина пратеници.
ДУИ се надева на ниска излезеност кај Македонците, висока кај Албанците, повеќе пратеници за пазарање - крајна цел Премиер.
ВМРО се надева на исправање кичми, тие кај нив во партија не си ги средија кичмите, ќе ги средуваат во државата.
Смешно ќе биде Апасиев да влезе во Собрание, постојано ќе врти во круг непотребни теоретски муабети без крајно решение.

Катастрофално ќе биде и ако останат овие на власт, со исклучок на тоа што (како-така) го решија спорот со името, немаат успех на ниту едно друго поле, освен лично богатење.
Еј, Груевски го осудија за возило кое тие го утепаа од користење.
СЈО наместо да се користи за решавање на болките на народот, целосно го сјебаа.
Дозволија Камчев од криминалец да стане жртва.
Нешковски, Никола Младенов, Гошинце, децата од Смилковско - не само што не решија ништо од овие случаи, туку ги пуштија убијците да се бранат од слобода. Не можам да сфатам колку треба да си никаков да дојдеш на власт со такви лаги. Зарем вреди?!
0 километри патишта не направија направија, се испофалија со патишта кои беа завршени година дена пред да дојдат на власт.
Коронава им избега од контрола, имавме можеби најрестриктивни мерки, а со евтина политика не заглавија како најцрна точка на Балканот - последиците по бизнисите/луѓето ќе бидат катастрофални.
Во меѓувреме ДУИ остануваат 18 години на власт.

Мразам долги постови, можам да пишувам уште со денови, не знам како спијат и едните и другите - јас разбирам да крадат, ама нека остават нешто и за народот.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
со исклучок на тоа што (како-така) го решија спорот со името, немаат успех на ниту едно друго поле
Се фино остатокот, ама ова како може да се нарече успех мене не ми е јасно.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.648
Незнам на која телевизија беше , но му поставија прашање за како би се справиле со дивоградбите во Охрид , кога почна да релативизира и да тропа глупости , грев.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Се фино остатокот, ама ова како може да се нарече успех мене не ми е јасно.
Не дека е успех, но решија спор кој го имаме од осамостојувањето и реално со самиот договор нема победник ниту на една страна - проблемот е што со решавањето на спорот не влеговме во ЕУ.
Незнам на која телевизија беше , но му поставија прашање за како би се справиле со дивоградбите во Охрид , кога почна да релативизира и да тропа глупости , грев.
А кој е Дурло да се справува со дивоградбите во Охрид? Треба да си има посебни специјалисти за тоа, Дурло може со култура да се занимава. Факт е дека со дивоградбите не може да се справат никако затоа што во тој случај ќе треба да го срушат цел град.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.648
А кој е Дурло да се справува со дивоградбите во Охрид? Треба да си има посебни специјалисти за тоа, Дурло може со култура да се занимава. Факт е дека со дивоградбите не може да се справат никако затоа што во тој случај ќе треба да го срушат цел град.
1:40 натака. Тендери и инвестиции пред културно наследство.
Дурло барем можеле да го научат в комитет да лажи веќе кога се кандитирал за пратеник.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Не дека е успех, но решија спор кој го имаме од осамостојувањето и реално со самиот договор нема победник ниту на една страна - проблемот е што со решавањето на спорот не влеговме во ЕУ.
Јас би употребил посоодветен термин и тој договор би го нарекол капитулација по сите основи. Таков договор можеше да се склучи во секое време од било која власт, од осамостојувањето па до моментот на потпишување. Штета е само што многу малку луѓе се запознати со неговата содржина, да знаат што сме потпишале ќе видат дека тоа е договор за ултимативна капитулација, повлекување од секакви линии, позиции што се граделе низ преговорите предходно. Прокоцкан е капитал од 120 држави кои што не признале под уставното име до тој момент. Обврските кои што поизлегуваат од договорот се во најголем дел на наш товар. Единствена обврска во договорот на страната на Грција е некакво штуро ветување дека нема да не блокира за членство во Нато и Еу. Еве влеговме во нато, со еу неможеме ни преговори да отпочнеме.

Овој договор, заедно со договорот со Бугарија за кој што допрва ќе го кркаме, оној за двојазичност, дебаклот со СЈО и снимките, амнестиите за Смилковско, па сега и со вирусот... се работи што никогаш не треба да и се заборават на оваа власт. Не сум толку имагинативен, страв ми е дури и да помислам што друго ќе не чека ако земат втор мандат и формираат влада.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Деновиве помислив на Тамара. Не на онаа цицлестата певаљка, туку на она детето што почина пред неколку години. Колку жолчни, несомнено оправдани реакции имаше тогаш! Со дрва и со камења фрлаа по министерот за здравство.
Секако, имаше и други скандали, нечии имиња, повторно оправдано, не се вадеа од уста. Сега голем дел именуваните без проблем одработуваат за тогашната опозиција.
Кој и да состави влада ќе гледаме многу, многу камелеони кои потсетуваат колку е се' бесмислено во македонската политика.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Исто и за случајот Монструм (убиствата кај Смилковско Езеро) имаше секакви реакции и ветувања и не знам што, за на крај да видиме како се заташкува целиот случај, со тоа што веќе неколку месеци нема рочиште за предметот, додека оние идиотскине за Боки и компанија си тераат без проблем. Сум кажал сто пати, се можам да разберам, секакво собирање на политички поени, ама користење на случаи како Монструм, Диво Насеље, Тамара, Никола Младенов и слично едноставно е доказ за тоа какви патолошки случаи хараат по партииве кај нас и колку се чипирани и на дугме, само да се одработи за партијата од денес за утре и толку, ништо друго не е важно.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
648
Поени од реакции
2.101
Од она што го ветуваат по трибиниве, 10% да остварат,ние ќе бидеме најбоље земја у Европа.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Грујо плачи кога ги гледа џукеливе. На зајко како кец на десетка му иди ваква опозиција. Кога ќе ми текни дека ќе ги гласаат мулинава пола милион, ми иди да си умрам. Која катастрофа човече!
Мулиња се и тие и тие. Што несреќа не снајде од една страна комуњари кои се повторуваат меѓусебно како папагали и немаат никаков слух за ништо, не ги занима ништо, ни држава, ни народ, а најмалку па правата и потребите на поединецот/индивидуата. Од другата страна на политичкиот спектар како некоја јака противтежа на комуњарите се оние фејк-патриотите, квази-националистите, салонските-револуционери еве на пр. како Дурло кој одеше со месеци по улиците и урлаше, викаше, заедно со неговата весела дружина составена од Бетмени, Пандовци, Шанаци и др. (пролетта 2017) а целта им беше спречување да дојде до мирен и демократски трансфер на власта и сега тие биле некакви си патриоти, се бореле за народот и за државата и сега да ги гласаме за да станат пратеници и следните 4 години да дремат и да дигаат раце во собранието кобајаги работат и се грижат за народот !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom