Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.330
Поени од реакции
10.201
Ако влагаме у теории на заговор, могуче :)
Амс искрено не ми се верува, едноставно ситуацијава излезе од контрола и тоа е.
Па до кога би можело оваква ситуација да се контролира, ете, да бидеме разумни и реални!?
Мислам дека е подобро да не остават да си живееме како и до пред короната..оти фактички, нас ни фалат болници и медицински персонал...Затоа, да уживаме како и да не постои корона.:)..нема друго, оти и Бардовци е полн.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.184
Поени од реакции
84.052
Ќе се тера вака лабаво и бројките нема медумски да се експонираат до избори, после сигурно ќе размислуваат за нови мерки.
Овие две недели е тотален фри пас, ниту за маски се казнува, ниту дистанца меѓу луѓе, ресторани и кафани работат како порано, ниту протокол, ниту двајца на маса, едноставно животот е вратен во нормала.

А зошто бројките се огромни и сега, тоа пред се претпоставувам е од непочитување на никакви елементарни правила за превенција на поголем дел од луѓето, ако немаш среќа и живееш или си во честа комуникација со лице од веќе раширен кластер си наебал.

Онаму каде вирусот не е раширен, и со сите групирања и дружби нема зараза, но Ресен е пример како само од мала работа може да дојде до епидемија низ цел град.
тоа сакав да кажам

Ми се чини, дека и покрај овие бројки, од разни дневно-политички причини, како да е оставено, со полабави мерки, на свеста на самите граѓани. А таа знаеме колкава е, особено кај одредени групи граѓани.
Затоа више месец дена, на пример, во Чаир си има константно голем прилив на ново-заболени.

И јас мислам дека друга слика ќе гледаме по избори.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Од многу сигурен извор (пријател кој е на терен од Институт за јавно здравје) ми е потврдено дека Албанските села низ Македонија се попара. Не можеле ниту можат да влезат за да ги тестираат, пречекувани биле од барикади со возила поставени од тамошното население. Истиот човек ми кажа дека од тоа население единствено пристапиле на тестирање само локални медицински лица и фармацевти, со нивните фамилии (кои резултирале позитивни).......најлошото и најопасно нешто е што истото население се движи слободно во градските средини, каде што има и наше население.
Па 90% што умираат се вакви. После голема смртност на пациенти ставени на респиратор, јас би рекла добро што е и толкава.
 
S

ski

Гостин
Некој од мед. струка и има информации да каже како се доага до одлука во инфективна да се стави ковид пациент на респиратор?
Која е процедурата дали се чека ковид пациентот да е во крајно животозагрозувачка и неконтактибилна состојба или и оние со тешка респираторна состојба но сеуште контактибилни ги ставаат на респиратор.
Досега само еден ковид пациент во инфективна кој бил ставен на респиратор преживеал како што кажаа на прес пред некоја недела.
Во Англија читам пробуваат да ги ставаат тешко болните да лежат на стомак за да немаат притисок на белите дробови и избегнуваат да ги ставаат на респиратор и најтешко болните.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.729
Отиде темава у п.м. Се се сведе на лични препукувања и терање на партиска агенда испод маса.
Скроз е очекувано дека и на темава ќе се накотат штапските глуперди како што ќе се ближат изборите
Дечки, за какви штабски глуперди зборите, какви партиски агенди...
За истото беа обвинувани Ставро и Let 3 и тоа испадна дека е... oh wait.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Па како тогаш се претворила темава во клон на таа политичката, ако пишуваме исти работи едни исти членови? Мислев алудираш на тие неколку ликови кои се појавија деновиве на темата, со партиски испади и слични глупости, а и плус да не се правиме мрднати, многу добро знаеме дали некој е член на партија или не на форумов. Затоа и треба што е можно повеќе да се игнорираат таквите ликови, за да не се труе темата. И проблем е тоа нормално, си имаат онаму теми за секоја партија посебно, нека прават двобои или што и да сакаат да прават. Плус гледам дека има и тема за политички случувања поврзани со вирусот, па ако гледаме толку по правила и регулации, овие мислења и сличните на нив би требало таму да се пишуваат, а тука да имаме казна за офтопик.

Општа дискусија значи се поврзано со вирусот кое не ја вклучува здравствената страна, односно се што не е поврзано со чисто медицинската дискусија за болеста, симптомите и слично. Тука може да се дискутира политичката перспектива на ситуацијата, однесувањето на луѓето, мерките кои се преземаат за заштита и слично. Тоа што на две недели пред изборите се натопоруваат ликови кои отворено тераат пропаганда само го покажува нивото на општествово и ништо повеќе, односно до каде се спремни да одат некои ликови само за да одработат за нивната страна (што и да значи тоа нивна и страна, ама тоа е веќе муабет за други теми и времиња).
Не земај за лично, не беше забелешката исклучиво адресирана до тебе, повеќе беше генерална забелешка до оние одговорни да спроведат ред на темава, кои и да се тие.
За тоа кој е партиски агитатор, нечиј апологет, можам (јас барем) само да носам претпоставки, а тенка е линијата измеѓу партиски мотивиран член и т.н неутрален посматрач. Тоа во смисол, некој е директен во своите партиски убедувања а друг е едноставно добар демагог.
Инаку, 99% од форумот се' или се декларираат како IT што е добра позадина за изигравање неутралец - сам печалам од никој не зависам па сум по дифолт имун на политички етикетирања. Остатокот се политички дисиденти кои што пишуваат во илегала од странство. И тие имаат слично покритие. Живеам во странство, избегав од државата, ме набрка Х власта или комунизмот заради моите сепаратистички национални светогледи.
Што доаѓаме до заклучокот дека на форумов никој не е партиски определен, сите сме неутрални, само некој повеќе некој помалку. И тоа беше океј кога се дискутираше на соодветна тема за тоа, се согласувам.
Не се толкав проблем новите членови, нивната порака е јасна, обично ја тераат пропагандата и си одат, ги снемува. Работата е што овде се наѕираат и членови кои што се одамна тука, се наметнале како опинион мејкери на разни теми од општествен и политички карактер и успешно егзистираат, како што реков, тераат перфидна политика испод маса и се толерирани од управата на форумот. Штом некој скршне од воспоставениот шаблон на коментирање веднаш му се придаваат етикети, неговото мислење се деградира. Зошто мислиш дека на форумов опстојуваат се едни исти ликови со години наназад? Па јас не измислувам топла вода, ова и други го имаат потенцирано. Веројатно и мојот пост ќе биде предмет на линч, вадење надвор од контекст, сеедно. Муабетот е што форумов, иако сака да се поистоветува како таков, не може да се земе како простор каде што се гаи исклучиво независна и објективна мисла, дека е некаков репрезент на општото јавно мнение. По мое таквото мислење е заблуда. Ако стигне некој засегнат да го прочита сето ова ќе се види и зошто.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.512
Некој од мед. струка и има информации да каже како се доага до одлука во инфективна да се стави ковид пациент на респиратор?
Која е процедурата дали се чека ковид пациентот да е во крајно животозагрозувачка и неконтактибилна состојба или и оние со тешка респираторна состојба но сеуште контактибилни ги ставаат на респиратор.
Досега само еден ковид пациент во инфективна кој бил ставен на респиратор преживеал како што кажаа на прес пред некоја недела.
Во Англија читам пробуваат да ги ставаат тешко болните да лежат на стомак за да немаат притисок на белите дробови и избегнуваат да ги ставаат на респиратор и најтешко болните.
...сите пациенти, па и тие со болеста КОВИД19 на респиратор се ставаат според два параметри,
едниот е заситување на крвта со кислород т.н. сатурација (може да се мери на прст со апарат 95- 99,9 нормално), или преку крв во апаратура каде покажува ацидобазниот статус (Ph на крвта),
а другиот, е респирацијата на пациентот (број на вдишување и издишување во една минута) нормално од 12-16 во минута вдишување и издишување, кога иде до 25, 30 издишување издишување во минута би требало подршка од респиратор,
случаевите што доаѓаат на инфективна како крајна фаза, оти касно се јавува пациентот во болница со животна загрозувачка сатурација на кислород во крвта до 30 што тогаш и самата респирација е на граница на акутно откажување на плуќата и настапување на смрт.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Отиде темава у п.м. Се се сведе на лични препукувања и терање на партиска агенда испод маса.
Абе да е само темава отидена во п.м. немаме гајле.Цела држава ни е тргната во тој првец!
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Дечки, за какви штабски глуперди зборите, какви партиски агенди...
За истото беа обвинувани Ставро и Let 3 и тоа испадна дека е... oh wait.
Едниoт oд вчерa пoвтoрнo е "пoчесен член" нa фoрумoв,и тoa нa темaвa е присутен.Зa пoмaлку oд 24чaсa веќе испишaл 50тинa мислењa :pos:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
https://plusinfo.mk/putin-se-testira-za-koronavirus-na-sekoi-tri-dena/

Интересно, истото читав дека го прави и Трамп, а двајцата се главни водачи на политичка опција каде има најголем скептицизам за постоење на вирусот, за носење маски, за социјална дистанца, за теории на завери со Корона-5G.

Ова е прав пример на она, "не гледај што правам, слушај што ти зборувам"
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.427
Поени од реакции
13.473
Јаки беа, коа некој ќе пишеше нешто против сдс, као јато напаѓаа. Речник со безобразлук, вреѓање, бес, типичен за ментално растроени личности. Имав сретнато такви наркомани у живо, добро е што избегнавме инцидент.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom