Малта има вкупно 3 македонски ресторани, и 3 македонски бурекчилници. Со бурекчилници сме 100%, нема друг балканец отворено.
Два ресторани се всушност едните исти.
Gourmet Bar&Grill (
tripadvisor)
Едниот од двата ресторани е во фаза на отварање(мислам дека Јули е отварањето) и се наоѓа на топ локација во
Слиема која важи за најскапо и најтуристичко место.
Со оглед дека првиот им изгази буквално, очекувам овој уште поуспешен да биде.
Третиот ресторан е
Lucky Corner за кој неможам да кажам нешто повеќе затоа што е тазе отворен а и не испадна некој хит тука кај балканците, можеби заради менито кое им е микс а и амбиентот внатре во ресторанот, шо знам!?
За разлика од Lucky Corner, другиов Gourmet почнаа и рандом странци да идат (има доста коментари на tripadvisor), а новиов што ќе биде во Слиема ќе биде можеби и главно странски муштерии со оглед на локацијата и фактот дека моментално голем број од македонците се сместени во Bugibba, St.Paul's Bay каде што се останатите ресторани и бурекчилници. Одлична можност за промоција на македонската кујна на островов.
Бурекчилниците што да кажам, партал направија. Бизнисот им е медови. Четврт 2.50€, тебе ти е ефтино, нив им е врв заработка.
Во прав момент ги отворија. Насабајле редици има, особено пред коронава. Знам балканци возат по 10 км само за да купат бурек.
Има и плус некој кафиќ, или food truck наши што отвориле, фризерски салони и салони за козметика, ама тоа е за друга тема.
Другите народи ме мрзи да ги пишувам а и мислам дека темата ќе биде премногу опширна знаејќи дека низ западна европа многу ги има.
Мислам дека само Македонски ресторани низ Светот би било подобро.