Може да се каже. Посебно што шпанска граџанска не е чисто граѓанска, далеку од тоа, на таа територија се борат немци и талијани вс. французи и руси и кој све не од интербригдите, тука се и анархисти, се тестираат најновото од нановото кај немци и талијани, пробни серии праќаат веднаш штом излезат од фабричка хала, има поморски битки, совјетски СБ-2 тешко го оштетуваат германскиот боен брод Дојчланд, ако се земе сударот меѓу фашизмот и антифашизмот како основа тогаш е 17.7.1936
Но не е само шпанија, тука се Монголската војна 1939, Хасан војната 1938, аншлус, судетенланд, Чехословакија, Албанија, трета сино-јапанска војна каде јапанци пукаат и по амери и по енглези, се е тоа со учесници кои ќе бидат дел од ЊЊ-2
Може да се земе и нападот на Италија на Етиопија, но тоа е чисто билатерален конфликт каде немало идеолошки причини кај абисинци, него само одбрана на домовина, немало надворешни играчи, за разлика од шпанија каде јасно и недвосмислено, идеолошки и на терен - се исправаат фашисти вс. антифашисти од цел свет.
Барем јас така сметам, можеби малку аутистично испаѓа
плус фактот што шпанија завршува во април 39, 4 месеци пред официјалниот почеток на 1.сеп.39. Со мене се слага Иван Бориславов, ескперт за Луфтвафе кој хронолошки има напишано 9 книги за Луфтвафе, за Шпанија има буквално хронологија на настани ден по ден (што се однесува за авијација), таму штуките прават деби, далечното бомбардирање влегува во игра (СМ-79 од сардинија до барселона) и општо се оцртуваат идните сојузништва.
Едино што стрчи е шокот со пактот на Рајхот и СССР.