Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.023
- Поени од реакции
- 83.445
Вака од одма да кажам дека тоа error by margin 3 or 4 го чув од водечки експерт за Вермахт - др. Роб Читино.Тоа е чудно, бидејќи Командо Ровел донеле илјадници прецизни и јасни фотографии, материјал за доволно јасна процена, ...
Друг пример, еве за тенкови, колку што знам првичната проценка им била дека советите имаат 15-20.000 (ако треба ќе најдам од каде ова инфо). Потоа го има и самиот Хитлер, во ретките снимки, со нормален глас е познатата финска снимка (4 јуни 42-ра), каде му вели на Манерхајм дека до тогаш имаат уништено 34.000 тенкови (не мора да му е точна информацијата). Па продолжува - Да знаев дека имаат 35.000 тенка, никогаш не би ги нападнал.
А уште колку имале?
Секако, станува збор за големи купишта крш, неодржуван и без логистика, но сепак бројки се тоа.
Патем, гореспоменатата снимка дава доста информации за ниетот на Хитлер, од прва рака, околу западните освојувања и Романија. Што не мора да значи дека стварно било така. Само сме сигурни дека тоа му го кажал на Финецот, у тоа време (јуни 42-ра)
А има и други примери, каде се покажува дека Читино е у право за ова. И од Гланц истата проценка ја има. Ако сакате ќе ви најдам извор. У ствари ако за било што некој сака ќе му дадам извор. Ме мрзи за се да наведувам извор. Не сум ја историччар.
Точно, уште пред Барбароса Вермахтот добил дозвола да надлетува над СССР за да бара гробови на нивни војници, од минатата војна. Згодно, нели?Тоа е чудно, бидејќи Командо Ровел донеле илјадници прецизни и јасни фотографии, материјал за доволно јасна процена, буквално има фотки од аеродроми на ВВС каде се наредени ловци ко за изложба, крило до крило. Може политичко-идеолошкиот фактор да бил и тука вмешан, не гледам друго причина да се потцени РККА до таа мера.
Да, но до која длабочина?
Покрај разни други превиди, она што Германците го превиделе највеќе, е потенцијалот и способноста за брза мобилизација на СССР. Тоа се случувало зад третиот одбрамбен ешалон. На и зад линијата Ленинград, Москва, Стаљинград.
Култот на Стаљин, јавно бил веројатно поголем од тоа што ние си го замислуваме. Но, како и се друго, така и оваа идеологија слабее како што се оди одозгора надолу, по вертикала. Кај депутатот тој култ не е ист како и кај прегладнетиот сељак од Украина. Општествената интенција е секако, тој култ да се шири до најдолу, па имаме натписи на тенкови, авиони и се друго.Имало и народ кој гинел за Сталин, ликот бил возвишен во божански статус за кој има сведоштва, можеме да читаме но не и да осетиме тој емотивен набој кон една особа, има куп фотографии со авиони и тенкови со испишани пароли "За Сталина".
Но дали навистина е така? Мислам дека и Стаљин и другите колку и да се трудеа, сепак им беше јасно дека не можат на тоа да се потпрат, во најкритичниот момент. Затоа тука, во тој круцијален момент Стаљин отстапува место на татковината, мајка Русија, вади од нафталин феудални благородници како Невски и други. Таквите ги стрелаше, пред некоја деценија.
Но, само во тој момент, кога нема играње, нема заебанции.
Стаљин е многу итар. Селски покварено итар.
Потоа, полека, полека работите се вртат и Невски и мајка Русија се повлекуваат. Си доаѓа пак Стаљин.
Идеологијата тука им одиграла пресудна, но погубна улога. Нели, оноа, како да не, сега унтерменш ќе ги вооружуваме и сл.Значи Украјина (каде биле пречекани како ослободители од маса народ), Балтик (дочекани со цвеќиња) и Баку (дочекани фино на Кваказ), тоа би било све, Русите слободно нек имаат простор за наредни сто години, голи степи и мраз.
Така би постапиле британците доколку биле во германски чевли, без идеолошката јамка која самите нацисти си ја носеа околу врат и некој само требаше да притегне појако, а РККА притегна од 1943 надаље.
На Геринг коа дошол у Украина му рекле - абе им ја земавме цела храна, ќе умрат. Рекол - па нека умрат.
Ајде Украина, топло е, родно е, ќе се снајдат, али на северот... Има германски документи од Армиската Група Север, за 42-ра зимата, како Групата бара храна од централа, не за нив, него за населението.
Се зголемуваат губитоците, како што се претвора Источниот Фронт во она што Германците никако не сакаа да се претвори, а тоа е во војна до истоштување. Мелница за месо, која трае.
Првин германскиот работник, работи во фабрика, три месеци (или шест беа?), па после исто толку иде на фронт, па пак назад и така. (секако имало и многу кои цело време се војници)
Кога мелницата почна да меле, почнаа се подолго време да остануваат на фронт. Па им текна дека може и да го впрегнат населението од лебенсраумот, да робува, а и заробениците кои мртви се од помала корист.
Во Вермахтот идеологијата почна да покажува дека не е баш најпрактична на терен кога идеалистички се применува. Па од: - Океј, ај нека работат, се стигна полека, полека до: -Ај да ги вооружиме.
Но не било баш така чисто и тоа. Имало страни кои биле цврсто идеолошки определени и ја терале таа агенда повеќе или помалку и по цена на непрактично безумие. На пример, Власов откога го заробиле, додека го вооружиле поминало година дена отприлика. Морал да се докажува.
Химлер бил главниот центар, кој се противел на ова. Власов заради него толку долго време не бил ставен во воена функција. Кога зборам за Власов, мислам и на хивите.
Буѓони, Кулик, Меклис, Павлов...Но уште полоши од нив биле подобните бескичмењаци кои воделе цели армии за време на Барбароса и Тајфун, бројчано најтешките порази во историјата на човештвото се случуваат 1941 за време на овие две операции. Ретки се земјите кои и покрај такви порази би се опоравиле, СССР, Кина, САД, земји со огромна популација и длабочина на територија која е несфатливо голема. Логистиката за еден таков потфат е невозможна за економијата на рајхот, тоа му го соопштиле на фирерот двајца министри кои биле луквидирани.
Колкави морони воделе армии во РККА лесно се препознава по фактот што при таква длабочина на територија успевале да бидат окружени од бројчано послаби немачки сили и се предавале сите, масовно, цело село. Тоа се дешавало уште во Финска кога броени батаљони и чети (?!) на фински аскер обиколувале цела дивизија. Таква некадарност, надреална глупавост на командниот кадар = не се познати до тогаш и оттогаш.
Ама чекај, после чистката, како очекуваш способни генерали да има многу, кога филтерот бил да си подобен, не да си способен? И во Рајхот имало чистка, при крај, каде што доаѓаат подобни, наместо способни. Малкумина знаат за чистката на генерали во САД, баш пред војната, после катастрофалните воени вежби во Луизијана. Но, тоа било чистка со исправни филтери и само добро донела.
Автоматски споено мислење:
Вагнер - логистика, бил еден од ретките кои се сомневале во Барбароса. Му рекол -Каква Москва, не се трескајте. До октомври само до Смоленск. После ќе треба пауза.Логистиката за еден таков потфат е невозможна за економијата на рајхот, тоа му го соопштиле на фирерот двајца министри кои биле луквидирани.
Едни му рекле, ние до октомври ќе ги победиме, други рекле до септември, а имало и некои кои август го проектирале како крај. Приказната нели била, тука одма им тепаме главница и после они сами ќе се предадат, ќе го тргнат Стаљин и сл.
А всушност отпосле така и испаднало, баш како што им викал Вагнер.
Мислам дека Хитлер не приметил баш, до кој степен западните сили го помагаат Стаљин и гледаат како да не падне, како да издржи и пред се колку многу, у пичку матер биле координирани со него, дури и за денешни услови. Стратегијата никад не им била јака страна на Германците. Биг пикчр - јок баш.
Последно уредено: