Ало буџави. Двеве големи партии со закон имаат донесено дека им следува 90% од медиумскиот простор. Останатите 10% ги делат сите останати партии. Башка тоа, доколку некоја партија сака да си се пласира по медиуми, треба да си плати дебело, како што прави попот од Интегра што го има по сите медиуми а е финансиран од САД. КОга незнаеш како одат работите, не коментирај. Подобро ќе го гедам Апасиев еднаш на два месеци неко и препирките и меѓусебните препукувања на членовите на сдс и дпе.
Манулач (јас Досе од Бегалка го викам) е од СДСМ, а таа партија е една од двете најголеми. Јас реков дека Левица е непозната подлабоко за народот, сем Апасиев други речиси и да не знаеме, ги нема на ТВ. Веројатно намерно така прават, само Апасиев го има на ТВ.
Мислата ми беше, зошто се затворени како некоја секта или масонска ложа, со само еден играч? Целта на партијата е да е позната, да ја знаат луѓето повеќе и подобро.
Еве, за да ги запознам, јас ги барав, па на интернет го разгледав малку сајтот на Левица. Не ми се допаѓа што се за силен прогресивен данок. Прогресивниот данок мислам дека е неправеден, секој треба да плаќа ист процент на данок, па поголеми износи, процентот ќе продуцира поголеми даноци. Не треба да се казнуваат оние кои (легално) повеќе заработуваат.
Точно, еве искрено премногу идилично ми делува сето тоа а и прашање ќе биде сега дали ќе коалицираат, како ќе поминат на избори кој колкав дел ќе земе од двеве најголеми апашки итн.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.