Една од хитлеровите поставки според кои го претпоставувал колапсот на СССР, при Барбароса, е токму оваа.
Дека после Холодоморот, чистките, теророт, при првиот пораз на Црвената Армија во Барбароса, народот сигурно ќе престане да го следи Стаљин. Доволно е само да ја шутнеме вратата и целата скапана структура ќе се сруши - како што изјавил.
Тоа е еднодимензионално гледиште.
Прво, самиот Хитлер делумно ја базира својата победа, врз таа претпоставка, истовремено нудејќи им страдање и смрт, на оние од кои очекувал да го откачат Стаљин при првиот пораз. Да го откачат Стаљин, кај кој се сеуште живи, за да дојдат во прегратките на лебенсраум чистката?
Германците веднаш почнале со убивање на заробениците, директно или индиректно, малтретирање на населението и пљачкосување, убивање и силување. Денес никој не збори за силувани 10 милиони советски жени, а постојано збори за советските два милиона во Германија.
Нема никаква логика да се очекува народот, пред се Русите да го тргнат Стаљин, кога полошо им се нуди, им се презентира како алтернатива.
Власов и другите се доста подоцна вооружени, кога веќе им текнало на Германците дека тие луѓе па баш и не мора да ги убиваат, туку можат да ги употребат и како работна робовска сила, или подоцна, дури и да ги вооружат. А Власов не се приклучил кон Вермахтот, затоа што Стаљин малтретирал, убивал или изгладнувал, туку затоа што го заебале соборците (а и Стаљин) при операцијата за олабавување на Ленинград, каде што го заробиле Германците. Тие хиви се отпосле, а при отворањето на Барбароса немало хиви во значителен број. Едноставно Германците правеле покољ. Микроскопски е процентот на преживеани советски заробеници, кои се дел од оние првично заробени 3 и пол милиона. А и хивите исклучиво станувале такви, за да го избегнат логорскиот заробенички живот и со тоа да си ја зголемат шансата за преживување. Да се потсетиме дека советските заробеници во германско заложништво имаат највисок процент на смртност во војната (85%).
Друга работа, ни ти, ни Хитлер, некако не го ставате у равенката патриотизмот. У услови кога непријателот прави такви злосторства, многу е лесно да се игра на патриотска карта. Всушност и нема друг избор, според она Хитлер што го нудел у тие први месеци на војната. Прв јавно се обратил, по нападот, патријархот по радио, а не Стаљин. Стаљин кога се појавил по неколку дена кукавичка отсутност, зборел со чуден речник, кој не го употребувал до тогаш. Зборел чак и за мајка Русија и Александар Невски. Стаљин малку се повлекол, за да може татковината да дојде во преден план.
Народот на СССР не гинел за Стаљин, гинел за татковината.
Зајдлиц бил таков на другата страна.
Јас за разлика од Хитлер би ги согледал географско-демографските реалности, Абвер би проценил до каде е можноста за тотална мобилизација на совјетското општество исклучиво за војна, а Командо Ровел би ги заобиколиле некои цели, ок тие и онака завршиле добра работа.
Значи Украјина (каде биле пречекани како ослободители од маса народ), Балтик (дочекани со цвеќиња) и Баку (дочекани фино на Кваказ), тоа би било све, Русите слободно нек имаат простор за наредни сто години, голи степи и мраз.
Така би постапиле британците доколку биле во германски чевли, без идеолошката јамка која самите нацисти си ја носеа околу врат и некој само требаше да притегне појако, а РККА притегна од 1943 надаље.
Имало и народ кој гинел за Сталин, ликот бил возвишен во божански статус за кој има сведоштва, можеме да читаме но не и да осетиме тој емотивен набој кон една особа, има куп фотографии со авиони и тенкови со испишани пароли "За Сталина".
Но мене повеќе ми беше прашањето околу стравичните загуби кои не се ограничени на 1941 и серијата дебакли туку и во сите години на ратот. Како што забележал еден фински офицер, ние немаме толку муниција колку што тие имаат војници, карикирано, но тука, и во географијата се крие победата. Секако има куп други фактори, од ленд лиз па до Т-34 но ништо од тоа не дава конечна слика.
Во првата војна стравични загуби доаѓале поради нестварно глупав команден кадар, Оскар Почорек, Фон Холцендорф, Хинденбург, самоназчанениот командант Николај 2 Романов, Луи Нивел и секако, кандидатите за најлоши војсководци на сите времиња Даглас Хејг или Луиџи Кадорна. Такви имбецили мајка повеќе не раѓа
Но уште полоши од нив биле подобните бескичмењаци кои воделе цели армии за време на Барбароса и Тајфун, бројчано најтешките порази во историјата на човештвото се случуваат 1941 за време на овие две операции. Ретки се земјите кои и покрај такви порази би се опоравиле, СССР, Кина, САД, земји со огромна популација и длабочина на територија која е несфатливо голема. Логистиката за еден таков потфат е невозможна за економијата на рајхот, тоа му го соопштиле на фирерот двајца министри кои биле луквидирани.
Колкави морони воделе армии во РККА лесно се препознава по фактот што при таква длабочина на територија успевале да бидат окружени од бројчано послаби немачки сили и се предавале сите, масовно, цело село. Тоа се дешавало уште во Финска кога броени батаљони и чети (?!) на фински аскер обиколувале цела дивизија. Таква некадарност, надреална глупавост на командниот кадар = не се познати до тогаш и оттогаш.
После Москва 41-42 работите се померуваат од мртва точка кога и самиот Коба гледа дека неговите чистки и дебиласти проценки за времето кога немачка ќе нападне = му ги донесоа нацистите до Кремљ скоро. Затоа остава војните ствари на стварни војници
и се повлекува зад сцена. За разлика од него, Адолф никогаш не престанал да се меша во воени ствари.
Секако и патриотизмот играл улога но не пресудна, ако се знае дека рекорден во историјата на светот број на заробеници се дешаваат за пар месеци 1941 некако не ми делува дека барем пола војници биле нешто патриотски спремни да војуваат него фино лепо се предавале цели дивизии а НКВД и покрај стрелањето на илјадници кадар не успевало да ги затне чеповите од каде што дезертирале стотици илјади војска и лутале по полињата во потрага по храна и заклон. 3,5 милиони се оние кои Вермахтот ги покупил, остало неброено што избегало по шуми, полиња и блатишта не се знае ни број, секако е милионска цифра.
Инаку тоа е тоа, изборот бил дали да те убие Хитлер сигурно, веднаш, или Сталин полека, на рати, па можда пцовиса еден ден и ќе се види раат (Сталин е одговорен за смрт на многу повеќе советски граѓани него Хитлер). Меѓу змијата и магарето го одбрале магарето.
Нема во СССР еквивалент на Власов и РОНА кај рајхот, ок немачки комунисти во СССР имало приличен број уште од 1920-ти.
Има уште фактори, ќе ми текне па ќе пишам