Толку плитко температурата на не е константна. За константа температура ќе треба да одиш многу многу подлабоко.
Повеќе станува збор за термална инерција. Летно време е толку температурата на почвата: 10-15 степени. На таа длабочина на која би ставил контениер, 2-3 метри, зимно време на -10с на воздухот температурата на почвата толку плитко нема да биде над 5-6 степени.
Но ете нека бидат и 15 степени, чисто за потребите на муабетов.
15 степени температура на почва, значи слична температура на металните ѕидови од контениерот. Тоа е ладење. Пошто внатре ти треба барем 20-23с за да биде пријатно, или 18с за воопшто да може да се седи (со многу облека).
Летно време истиот процес е пријатен, затоа што преку вентилацијата влегува топло од надвор. А вентилација во контениер е обврска, не е луксуз. Исто е обврска и во зима, кога надвор воздухот е ладен, значи зимно време ќе има ладење не само од почвата туку и од вентилацијата.
Не, тука е грешката која ја прават многумина,
Земјата е термален спроводник, не е изолатор. (не зборувам за земјата како материјал за градење, туку за целата земја)
Ѕидовите од надземна нормална куќа после еден ден греење на објектот се загреваат и држат топло (со загуби, нормално). Ѕидовите од контениерот никогаш нема да се загреат. Тоа е затоа што земјата е добар термален спроводник. И целата земја е еден голем термален акумулатор. За да толкав термален акумулатор да загрееш ти треба енегрија од една ѕвезда.
Дигресирам, ама сакав да илустрирам за што зборувам.
Накратко, ако температурата на почвата ти е доволна (а не е), тогаш има смисла тврдењето дека ќе ти треба помалку енергија за да се загрееш. Напротив, во тој случај земјата ќе те лади и затоа ти треба повеќе енергија за загревање (одошто во надземен објект за живеење).
Ѕидовите на надземна куќа помалку се ладат затоа што воздухот, иако поладен, е подобар термален изолатор од земјата. Полошо пренесува топлина.
Не бачка.
Пази го целото име на таквите уреди: геотермални топлински пумпи. Тие функционираат на принципот на топлински пумпи.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Топлински_пумпи
Тоа е многу различно од обичен термален трансфер, за каков зборуваме во еден контениер закопан во земја. Освен ако немаш намера да инсталираш геотермални топлински пумпи во контениерот... Можно е, само што се неколку поскапи од самиот контениер.