Температурата на почвата не треба да е доволна, да кажеме 20 степени. Доволно да е повисока од температурата над почвата за да имаме добивка. Зачи ако надвор е -5 а почвата е да кажеме 10, добивка сме за 15 степени. Почнуваме да грееме не од -5 туку од 10. Исто и лете.
Почнуваш од 10 степени, точно. Но не е точно дека ти треба помалку енергија за да дојдеш до 20 степени (во однос на енергијата потреба за загревање на надземен објект, со надворешен воздух од -5 степени).
Забораваш на фактот дека под земја постојано имаш присутно ладење. Ѕидовите и земјата зад ѕидовите имаат 10 степени температура - и постојано упиваат топлина од домот кој сакаш да биде загреан на 20с.
(инаку земјата на таа длабочина во најсилната зима не е над 5с, или и поладно)
Разликата со надземен дом е што истиот ни одблиску не се лади толку бргу, затоа што воздухот многу полошо спроведува топлинска енергија од земјата.
Ова додека не го разбереш, нема да разбереш што ти објаснувам.
Најпосле, јас лично сум живеел неколку години во сутерен (просторија пола над и пола под земја). И од сопствено искуство ти тврдам дека летно време е супер, зимно време е многу тешко загревањето. Ова е во објект со термо фасада од 10см, плус сендвич ѕидови со камена волна измеѓу, изолација каква тешко ќе постигне некој во контениер. Само фасадата ме кошташе над 6к евра, посебно од изградбата (сендвич ѕидови со камена волна измеѓу).
Откако ја довршив доградбата и се преселив еден спрат погоре, сметките за греење паднаа за 5 пати. Повторувам: ПЕТ ПАТИ. (да, тоа се 500% заштеда)
Едноставно земјата има температура која е под потребната собна температура. Земјата има (од наш аспект) скоро неограничен термален капацитет. Ти со твоите енергетски ресурси не можеш Земјата (мерливо) да ја загрееш, ниту да ја користиш како изолатор.
Претпоставувам дека не ме разбираш, но не знам како поедноставно да го објаснам од ова досега што се обидов... Изгледа си ги ескивирал часовите по физика.
[DOUBLEPOST=1500544042][/DOUBLEPOST]
“Дефиниција за топлински пумпа: тоа е уред кој одзема топлина од една средина, најчесто од околината (воздух, вода, земја), и ја предава на средниа со повисоко температурно ниво (за греење).“
Принципот е тој термален трансфер. Тоа што се разликува е изведба и комплексноста, принципот е ист.
Сосема неточно, во контекст на нашиов муабет.
Не е доволно да го прочиташ само уводниот пасос од текстот.
Прочитај повторно што си цитирал: „
тоа е уред кој одзема топлина од една средина, и ја предава на средниа со повисоко температурно ниво (за греење).“
Топлински пумпа е уред, и тој уред користи струја. Како греалка на струја, само многу поефикасен.
Не можеш да кажеш ако геотермалните топлински пумпи функционираат затоа што постои нешто што се вика термален трансфер, тогаш јас сега ќе се греам со термален трансфер (без топлинска пумпа) и ќе си свиркам.
Ако сакааш да кажеш дека двете различни работи за кои зборуваме, користат исти физички закони - да, тоа е точно. Но тоа е како да зборуваш за движење, и да тврдиш дека исто да одиш пешки и да се возиш со автомобил. Пошто нели, секако се движиш. Само што не е исто.
Споредбава не ми е најдобра, ама... Гледај вака, со обичен термален трансфер ќе се загрееш контениерот до некои 5 степени, ете и 10 нека се. После тоа наместо греење имаш ладење, од истиот тој термален трасфер. Наместо да примаш топлина од земјата, ќе оддаваш топлина во земјата.
Ај уште ова да се обидам:
Обичен термален трасфер е едноставно предавање на топлина преку конвекција, кондукција, или радијација. Од друга страна топлинска пумпа
е уред, софистициран уред, кој самиот користи електрична енергија за да ја исполни функцијата на ефикасен пренос на топлинска енергија.
Значи кога зборуваш за топлински пумпи се работи за уред, не за обичен термален трансфер на топлина.
Не е можно ни прикладно сега овде да се учиме физика. Ако те интересира да научиш повеќе, има нет многу интересни материјали за учење и читање. Можеш да почнеш од Википедија:
https://en.wikipedia.org/wiki/Heat_transfer
https://en.wikipedia.org/wiki/Heat_pump