Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
137
Една прогноза :)

Сдсм 320.000 гласа, Вмро 360.000.
Сдсм 46 пратеника, Вмро 49, Левица1, Дуи 13, Алијанса 10, Дпа 1.
Ако толку пратеници имаат ДУИ, Алијанса и ДПА по автоматизам доаѓа дека нема ни еден Албанец да гласа за СДС или ќе се одлеат Македонски гласови во Албанските партии. Во двата случаеви СДС ќе има 35-40 најсила, а другите кај ВМРО-ДПМНЕ
Автоматски споено мислење:

Моја прогноза е дека Албанците ќе си се мобилзираат во нивните партии и секако сега нема да гласаат за СДС пошто ќе има голема трка меѓу ДУИ и Алијанса, а тоа се виде после потопот што му се деси на ДУИ во Гостивар на локалните. Сега очекувам СДС да изгуби голем дел гласови во споредба со претходните избори.

Во 2017 имаше некоја координација на Запад/ДУИ и др Албанци/СДС пошто 70 000 чисто албански гласови организирано се прелеаа на конто од СДС само од ДУИ (од нормалните 17-18 пратеници на претходни избори ДУИ падна на само 10), веројатно договор некаков за разнебитувањето што ни се деси и сите тие платформи што ги прифати СДС.

Така да мое мислење од секогаш е дека СДС на парламентарни скоро никогаш не може да победи ако не обезбеди поголема подршка од Албанци, Турци и Роми (а со тоа да прифати и повеќе уцени) пошто имаат многу помало чисто Македонско гласачко тело од ВМРО.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
мкд, Грујо имаше еден куп скандали и пак победи, ова со СЈО се слагам потполно, тешка катастрофа беше, така да јас сум сигурен тие 600+ илјади од референдумов сигурно стојат уште со СДСМ, мислам дека ќе победат и ќе имат предност од 3 до 5 пратеници, еве мое мислење, па да бидеме живи здрави после изборите тука сме.
Еднставно ВМРО ништо не нуди, се гледа оти прават секаква пречка за државата да се кочи, верувам дека луѓето им е преку кур од ВМРО прво Грујо па сега Мицо, не се напреднати ни 1%, туку се оназадени, ете едно мое мислење, па се читаме :)
:ROFLMAO:

После референдумот имаше претседателски на кои Стевица победи со отприлика 430.000 гласови, со поддршка од сите албански партии.
Па сега удри математика.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Ако веќе сте решиле да предвидувате број на пратеници, наведете во секоја изборна единица одделно. Па побогу веќе седми изборен циклус сме по овој модел (веројатно и последен како тргнале работите), не треба да си некој профи псефолог да знаеш кој во која изборна единица како стои. :toe:
Со тоа што како што гледам овој изборен циклус би можела да изненади тројката, а можеби и петката (сепак треба да се има во предвид дека во најголемиот број истражувања во југозападниот регион често пати малку ја преценуваат десницата во однос на левицата). Но секако шеската дефинитивно ќе биде најинтересна, бројките за полошкиот регион последниов период се... WoW.

Видов во најгорниот пост некој прогнозирал 24 пратеника за албанските партии. Тоа порано беше најнормално, но имајте во предвид дека веќе години наназад демографската слика во државата е малку изменета, а воедно и албанското гласачко тело и не толку се придржува кон гласање на строго моноетнички партии како порано. Додуше сега имаме албанска партија во коалиција со една поголема партија, која пак од друга страна си има и еден дел албанско членство. Така да не велам дека таа прогноза е невозможна, но во актуелни услови малку потешко остварлива. Од друга страна пак ако има поголема излезност кај албанското население и ако гастарбајтерите ќе бидат тој период во државата, е тоа е веќе друга приказна.

Инаку слушам често последниов период по некои телевизии дека поголема излезност секогаш одело во прилог на опозиција, а помала во прилог на власта. Па гледам и овде во темата истото се пропагира. Тие што тоа го велат без навреда, ама ПОИМА СИ НЕМААТ. Ако ја видат структурата на гласачкото тело на двете најголеми партии по нивните лични доходи, многу лесно може да се заклучи кој лесно би профитирал во услови на сред лето и годишни одмори. Всушност веќе и еднаш имавме избори сред лето со намалена излезност од вообичаената, па не да ја видовме на дело таа теза дека "власта во таков случај профитира, а опозицијата губи". :pos: Затоа, посебно оние таканаречени "аналитичари" по телевизииве што се мотаат постојано, ако не се компетентни за таа област, нека не коментираат. Мада мислам и те како дека знаат дека тоа што го зборат е апсолутно без врска, но намерно глумат лудило поради некакви други цели.
 
Последно уредено:

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
:ROFLMAO:

После референдумот имаше претседателски на кои Стевица победи со отприлика 430.000 гласови, со поддршка од сите албански партии.
Па сега удри математика.
добро, грешка сум разбран, не напишав дека добар дел од тие 600+ стојат уште со сдсм па така се во трка и за победа, ќе видиме блиску е 15ти, сите знаеме оти ќе опадне излезноста ама тоа е ..
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
мкд, Грујо имаше еден куп скандали и пак победи, ова со СЈО се слагам потполно, тешка катастрофа беше, така да јас сум сигурен тие 600+ илјади од референдумов сигурно стојат уште со СДСМ, мислам дека ќе победат и ќе имат предност од 3 до 5 пратеници, еве мое мислење, па да бидеме живи здрави после изборите тука сме.
Еднставно ВМРО ништо не нуди, се гледа оти прават секаква пречка за државата да се кочи, верувам дека луѓето им е преку кур од ВМРО прво Грујо па сега Мицо, не се напреднати ни 1%, туку се оназадени, ете едно мое мислење, па се читаме :)
Sta je babi milo, to joj se i snilo :tvg:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Може ли некој да ми каже колку е победа со помалку од 2 пратеника?
Прегледај го приврзокот 255870
Биди задоволен што не е со помалку од еден пратеник разлика.
Да прашам дали може ДПМНЕ да победи со помалку од 2 пратеници разлика, а воедно СДСМ да победи со помалку од 2 пратеници разлика.
Јас така гласав... :) :)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Биди задоволен што не е со помалку од еден пратеник разлика.
Да прашам дали може ДПМНЕ да победи со помалку од 2 пратеници разлика, а воедно СДСМ да победи со помалку од 2 пратеници разлика.
Јас така гласав... :) :)
Нема опција „победа/пораз со 2 пратеника разлика“. Ниту нерешено. Во анкетава има опција „разлика од 1 пратеник“ или „разлика од 3 или повеќе“. 2 или 0 не е можно.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Ако толку пратеници имаат ДУИ, Алијанса и ДПА по автоматизам доаѓа дека нема ни еден Албанец да гласа за СДС или ќе се одлеат Македонски гласови во Албанските партии. Во двата случаеви СДС ќе има 35-40 најсила, а другите кај ВМРО-ДПМНЕ
Автоматски споено мислење:

Моја прогноза е дека Албанците ќе си се мобилзираат во нивните партии и секако сега нема да гласаат за СДС пошто ќе има голема трка меѓу ДУИ и Алијанса, а тоа се виде после потопот што му се деси на ДУИ во Гостивар на локалните. Сега очекувам СДС да изгуби голем дел гласови во споредба со претходните избори.

Во 2017 имаше некоја координација на Запад/ДУИ и др Албанци/СДС пошто 70 000 чисто албански гласови организирано се прелеаа на конто од СДС само од ДУИ (од нормалните 17-18 пратеници на претходни избори ДУИ падна на само 10), веројатно договор некаков за разнебитувањето што ни се деси и сите тие платформи што ги прифати СДС.

Така да мое мислење од секогаш е дека СДС на парламентарни скоро никогаш не може да победи ако не обезбеди поголема подршка од Албанци, Турци и Роми (а со тоа да прифати и повеќе уцени) пошто имаат многу помало чисто Македонско гласачко тело од ВМРО.
Ќе имаат толку пратеника албанските партии зашто по мое мислење и по тоа што го пишав очекувам "нашиве" партии Сдсм И Вмро да изгубат горе доле околу 100.000 гласа посебно.
Автоматски истите гласови што ги имаат константно албанците ќе имаат поголема вредност при крајната распределба.

Очекувам најмала историска излезност ради сите дешавки уназад и комплетна демотивација на гласачкото тело: презаситеност од истиве, лажни ветувања, лош стандард, неспособни институции и администрација, рекети, корупција, сплетки, иселеност и најважно од се како капак моменталнава секојдневна ситуација од корона вирусов и страв за фајќање у тие прдеш училните и кај што ќе биде гунгула.
* Јас конкретно ќе гласав за некоја десна партија првпат досега, највероватно за Бачев :D ми се свиѓа шо рече следен ден 16 Јули потпишуваме со Русија стратешки договор, малце џумбус за америве преку таквото ми се. Ама ради коронава, не си ставам здрава нога у трн.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.173
Поени од реакции
3.418
добро, грешка сум разбран, не напишав дека добар дел од тие 600+ стојат уште со сдсм па така се во трка и за победа, ќе видиме блиску е 15ти, сите знаеме оти ќе опадне излезноста ама тоа е ..
Од старт ти е грешна пресметката со 600 илјади гласови оти на референдумот знаеме дека се преполнуваа кутиите со 99,99% излезност, некоја проценка беше дека се наполнети некај 100 илјади гласови, јас сум убеден дека штабовите со 95% точност знаат колку е наполнето.

Претседателските првиот круг се некоја појдовна точка колку отприлика е гласачкото тело, тогаш имаа околу 320 илјади и ептен беше мала разликата и Река имаше некај 80 илјади, во првиот круг се излезе со процена дека имало 20-30к албански гласови за Стево.

Од првиот круг заклуцуваме дека ВМРО имал некај 320к, а СДССМ некај 300к, во вториот круг СДССМ го зголемил гласачкото тело за околу 30к (гласовите на Река отидоа за Стево), за Гордана некај 50к, сега од онаа што го знаеме е дека СДССМ за 10-15к ги има зголемено гласовите во доминантно македонските средини (може да се од друга националност гласачите), додека ВМРО 100% му се македонски гласачите, но нора да се напомене дека добар дел од гласачите не го сакаа многу ВМРО што се виде со резултатите од изборите во Ново Село и Охрид.

Сега на овие избори ситуацијате за СДССМ е многу полоша, ќе нема 100к албански гласови, но и рејтингот на партијата е сериозно уништен, сетете се колку афери излегоа по претседателските избори, додека на ВМРО, не му расте којзнае колку, ама и не верувам да му паднат нешто повеќе одколку што имаше пред една година.

Значи ако вадеме бројќи треба да напоменеме дека не знаеме колкава ќе биде излезноста, обично беше околу 60% или нешто над милион важечки гласови, Албанските партии вадеа 220-250к, ДУИ би требало да лапне најмногу, Алијанса можеби ќе биде блиску, ДПА ќе биде на дното, БЕСА се проценува дека ќе придонесе некај 2 пратеника на СДССМ во 6-ка (нема да бидат македонци ама не е битно), битното е дека ќе има 2 пратеника помала разлика со ВМРО,
ВМРО би требало да има најмалку 350к гласови, СДССМ+БЕСА некај 300 минимум (се надевам дека ќе има помалку, дека снемало будали), за Левица излегоа анкети 50к, ама мислам дека до 30к ќе има (дај боже и 50к), ама нема да има повеќе од 3 пратеници, овие другите шо ни госпоТ не ги знае можеби вкупно до кај 20-30к.

Многу е тешко да прогнозираш во пратеници, досега албанските имаа помеѓу 20 и 25 пратеници, додека овие делеа 95-100, мислам дека ВМРО нема да биде под 55 пратеници, од причина што БЕСА освен во 6-ка нема многу влијание надвор, во 1-ва делеа 2016 СДССМ земаа 10 пратеници, ВМРО 8 и таму беше едниственото место дека победија, сега во најдобар случај ќе биде израмнето, можда Левица ќе земе 1, во 2-ка би требало да има разлика од најмалку 1 за ВМРО,
во 3-ка најмалку 2 разлика до 4, зависи и дали ќе ја има Левица
Во 4-ка би требало некај 2 разлика најмалку,
во 5-ка албанците би требало да добијат плус 1 пратеник, овде со 1-2 најмалку разлика
и 6-ка ЦДЦЦМ се надева дека ќе направи 2 пратеника повеќе од онаа што би го имал ВМРО
или разликата ако не биде минимум 7 во корист на ВМРО значи дека или СДССМ купил премногу гласови или живеат премногу глупаци.
 
Прочитав еден куп небулози и нелогичности во постов, од 50те илјалди гласови за Левица, посебно последниов дел во 6ката за водство на ВМРО од цели 7 пратеници. Потоа го видов никот, па ми текна на неговата "генијална" прогноза за локалните избори. Дечко, најискрен совет: или не се бламирај во нешто каде што покажуваш апсолутно непознавање и неинформираност, или малку проучи го изборниот систем и изборната демографија.

Кога сме кај 6-ката, т.е. Полошкиот плански регион, мислам последнава година какви се' бројки немам видено, уште само не видов ВМРО да води, како што пиша Тома. Дали таму луѓето од месец во месец радикално го менуваат мислењето, дали динамиката на миграционите процеси во текот на една година придонесува за тоа, е интересно прашање. Слично нешто се случува во Источниот регион (кој е застапен во тројката, заедно со дел од Североисточниот и Вардарскиот плански регион), само што таму за разлика од полошкиот се одвива постепено и со побавно темпо. Пред се' таа транзиција највеќе се приметува кај женскиот пол и испитаниците со пониски доходи. Новите социјални пакети од минатата година? Новиот износ на минимална плата кај текстилните работнички? Possibly.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.885

Автоматски споено мислење:

Мастер-планот за овие избори ми беше да гласам за оние кои ќе направат законите да важат и за Албанците и ме боли уво дали е хипи, или исис партија, Стаљин или Хитлер партија.
ВМРО и СДСМ, за жал ги видовме.
Левица е једини преостанат избор.
Идиоти се, главниот мисли дека е Стаљин, али кур ме боли, сакам да видам дали би направиле законите да важат и за Албанците, у земјава, како што важат за останатите.

толку
многу е просто
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.173
Поени од реакции
3.418
Прочитав еден куп небулози и нелогичности во постов, од 50те илјалди гласови за Левица, посебно последниов дел во 6ката за водство на ВМРО од цели 7 пратеници. Потоа го видов никот, па ми текна на неговата "генијална" прогноза за локалните избори. Дечко, најискрен совет: или не се бламирај во нешто каде што покажуваш апсолутно непознавање и неинформираност, или малку проучи го изборниот систем и изборната демографија.

Кога сме кај 6-ката, т.е. Полошкиот плански регион, мислам последнава година какви се' бројки немам видено, уште само не видов ВМРО да води, како што пиша Тома. Дали таму луѓето од месец во месец радикално го менуваат мислењето, дали динамиката на миграционите процеси во текот на една година придонесува за тоа, е интересно прашање. Слично нешто се случува во Источниот регион (кој е застапен во тројката, заедно со дел од Североисточниот и Вардарскиот плански регион), само што таму за разлика од полошкиот се одвива постепено и со побавно темпо. Пред се' таа транзиција највеќе се приметува кај женскиот пол и испитаниците со пониски доходи. Новите социјални пакети од минатата година? Новиот износ на минимална плата кај текстилните работнички? Possibly.
Кога би ги имал податоците кој ги имаат штабовите би направил проценка со 97% точност,
на локалните на локално ниво погодив, на голбално малку се заебав, оти не земав во предвид неколку ненормални работи кој сега ги земам во обзир.

Друга работа е што не е исто локални и парламентарни, на локалните имаше коалиција СДССМ и ДУИ, сега овие се ривали, плус сметај дека со огромната подршката која ја имаше СДССМ во 2016 извади 435к, на локалните 20-30к помалку, а на претседателските 100к помалку, сега кога нема никаква подршка од страна, со еден куп афери и преголема неспособност во сите сфери ти очекуваш да победи, да пробуваат нешто предизборно да поткупат ама колку ќе успеат ќе видиме.

И на крај многу е едноставна марематиката со изборните единици,
во 1-ва имаш 17 или 18 кој ги делат СДССМ и ВМРО и можеби Левица ако сега успее да земе 1, кумуњарата е прејака во Центар и Карпош и можеби соодносот ќе биде изедначен, во Грујово време одвај со 1 повеќе имаше ВМРО,
2-ка е исто како и кецот, имаш 3 најмалку за албанските партии и ВМРО обично има најмалку 1 повеќе, сега можеби ќе има 2,
во 3-ка би требало да има 2 разлика, слично и 4-ка, 5-ка би требало 1 разлика,
во 6-ка, поради БЕСА може да се очекува до 2 повеќе за СДССМ и кога ќе собереш би требало да има 7 разлика.

Незнам каква улога игра демографката структура кога и 5 или 50 да гласаат исто ти се фаќа, битното е дека се делат 20 пратеници во една единица и фактот е дека расположението е анти власта,
пишав дека многу ќе зависи дали ќе има излезност поради короната и колку ќе успеат да купат гласови, во спротивно ако има излезност од милион би требало разликата во пратеници да биде поголема од 5.
 
Прво пишувај појасно и не биди конфузен, без разлика дали имаш 7 или 77 години. Дури сега ти ја дешифрирав реченицата за 6-ката побогу. Второ и излезноста и демографијата имаат подеднакво важна улога, ама чисто сумњам дека сфаќаш. Трето, разгледај ги сите избори од 2002 година до денеска, ама и тогаш чисто сумњам дека ќе ти биде појасна сликата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom