добро, грешка сум разбран, не напишав дека добар дел од тие 600+ стојат уште со сдсм па така се во трка и за победа, ќе видиме блиску е 15ти, сите знаеме оти ќе опадне излезноста ама тоа е ..
Од старт ти е грешна пресметката со 600 илјади гласови оти на референдумот знаеме дека се преполнуваа кутиите со 99,99% излезност, некоја проценка беше дека се наполнети некај 100 илјади гласови, јас сум убеден дека штабовите со 95% точност знаат колку е наполнето.
Претседателските првиот круг се некоја појдовна точка колку отприлика е гласачкото тело, тогаш имаа околу 320 илјади и ептен беше мала разликата и Река имаше некај 80 илјади, во првиот круг се излезе со процена дека имало 20-30к албански гласови за Стево.
Од првиот круг заклуцуваме дека ВМРО имал некај 320к, а СДССМ некај 300к, во вториот круг СДССМ го зголемил гласачкото тело за околу 30к (гласовите на Река отидоа за Стево), за Гордана некај 50к, сега од онаа што го знаеме е дека СДССМ за 10-15к ги има зголемено гласовите во доминантно македонските средини (може да се од друга националност гласачите), додека ВМРО 100% му се македонски гласачите, но нора да се напомене дека добар дел од гласачите не го сакаа многу ВМРО што се виде со резултатите од изборите во Ново Село и Охрид.
Сега на овие избори ситуацијате за СДССМ е многу полоша, ќе нема 100к албански гласови, но и рејтингот на партијата е сериозно уништен, сетете се колку афери излегоа по претседателските избори, додека на ВМРО, не му расте којзнае колку, ама и не верувам да му паднат нешто повеќе одколку што имаше пред една година.
Значи ако вадеме бројќи треба да напоменеме дека не знаеме колкава ќе биде излезноста, обично беше околу 60% или нешто над милион важечки гласови, Албанските партии вадеа 220-250к, ДУИ би требало да лапне најмногу, Алијанса можеби ќе биде блиску, ДПА ќе биде на дното, БЕСА се проценува дека ќе придонесе некај 2 пратеника на СДССМ во 6-ка (нема да бидат македонци ама не е битно), битното е дека ќе има 2 пратеника помала разлика со ВМРО,
ВМРО би требало да има најмалку 350к гласови, СДССМ+БЕСА некај 300 минимум (се надевам дека ќе има помалку, дека снемало будали), за Левица излегоа анкети 50к, ама мислам дека до 30к ќе има (дај боже и 50к), ама нема да има повеќе од 3 пратеници, овие другите шо ни госпоТ не ги знае можеби вкупно до кај 20-30к.
Многу е тешко да прогнозираш во пратеници, досега албанските имаа помеѓу 20 и 25 пратеници, додека овие делеа 95-100, мислам дека ВМРО нема да биде под 55 пратеници, од причина што БЕСА освен во 6-ка нема многу влијание надвор, во 1-ва делеа 2016 СДССМ земаа 10 пратеници, ВМРО 8 и таму беше едниственото место дека победија, сега во најдобар случај ќе биде израмнето, можда Левица ќе земе 1, во 2-ка би требало да има разлика од најмалку 1 за ВМРО,
во 3-ка најмалку 2 разлика до 4, зависи и дали ќе ја има Левица
Во 4-ка би требало некај 2 разлика најмалку,
во 5-ка албанците би требало да добијат плус 1 пратеник, овде со 1-2 најмалку разлика
и 6-ка ЦДЦЦМ се надева дека ќе направи 2 пратеника повеќе од онаа што би го имал ВМРО
или разликата ако не биде минимум 7 во корист на ВМРО значи дека или СДССМ купил премногу гласови или живеат премногу глупаци.