Нашиот пазар на хартии од вредност е надуен дури и со минато-неделното намалуавање на цените на добар дел од акциите. Единствено нешто што ги одржува цените на акциите на ова ниво е зголемената ликвидност односно уфрлените парични средства од страна на владата, како мерки за спречување на последиците од ковид19. Апсурдно е нивото на моментални цени, бидејќи реалната економија е тешко погодена, а најверојатно нема да се опорави во форма на буквата "V". Дополнително, реалноста е дека допрва следат тешки денови за целовкупната економска активност и нејзиниот процес на заживување, а што се однесува до нашите банки кои се предмет на дискусија, иако се сосема солидно и капитализирани и ликвидни, неверојатно е да се очекува истите да поминат unscratched и да куртулат од зголемување на нефункционалните кредити. Но, на крајот на денот времето ќе покаже како ќе се одвиваат настaните.