Чудно и интересено авионче, холандски Фокер Д-21, граден специфично за нивното
колонијално царство со главен осврт на Холандска Источна Индија (денешна Индонезија), каде имало мега-извори на нафта, и природно, Хирохито имал во превид да ја окупира веднаш.
Немајќи доверба во Фокерот, го оставиле да го чува Амстердам (?!) а на далечниот исток ќе одат Бафало, Демон и Венгард, све амерички и сето тоа ќе биде пометено од Зеро и Хајабуса (познат и како Зеро кој не полетува од носачи
)
Сепак собориле нешто немачки авиони, овој на сликата чак и еден Бф-109 Емил! но биле уништени набрзо на аеродроми пошто Холандија не е баш погодна за криенка
А за темата за Бугарите и окупацијата, треба да се споменат ванаби "Поглавникот" Иван Михајлов кој формира некакви контрачети, дакле контрачетници, паравојска која била на страна на окупационите сили, долго време постоеше мит дека во Македонија немало соработка со окупатор за разлика од Србија/Хрватска/Словенија/Босна, но тоа не е точно. Настрана балистите, тука се и овие гниди кои се бореле против партизаните, силувале и палеле по селата, а биле 99% македонци. Иако во еден период имале преку 200 чети, тоа не биле чети по формациски стандард, пеример 100-120 души, него имало "чети" кои биле со едноцифрен број припадници
. Нивниот учинок, освен неколку зверства фотограски добро документирани, обично биле разбивани ко пацови во сите посериозни судири. Не знам дали Охрана делувала во овие краишта но ги имало во дел од Егеј подарен од Германци на Бугари.
Имам книга за организацијата Браник, фашистичка младинска организација (Хитлерјугенд за сиромашни) која врбувала младина по средни школи и универзитети и имала оддел и за мкд. со јасна фашистичка доктрина и идеологија.
Постоењето на такви организации наведува на постоење на фашизоидност на бугарската држава во тие времиња иако не сум сигурен дека може да се каже дека Бугарија била фашистичка како Хрватска, Словачка или Унгарија.
Кое е вашето мислење за Бугарија, може да се сврста во фашистички земји или била само фашизоидна?