Владе, еволуција се одвива во многу подолг временски период, стотици илјади години, милиони... Ти генетски си тоа што си, ти лично нема да „еволуираш“ во ништо. Веројатно мислиш на адаптирање на имуниот систем.
Всушност имуниот систем има два дела, вроден и стекнат. Делот што е вроден е тој кој треба најсилно да изреагира во првичните фази на заразата. Но вирусов таргетира и делови од вродениот имун систем (не неслично на сидата, со тоа што не може да се реплицира во тие клетки) и најсилните форми на болеста се констатираат кај луѓе кои од Х причини имаат слаб имун систем.