Накратко, во овие неколку децении кај нас се' се доведе во прашање и прерпе болни измени. Најпрвин економски не осакатија, направија од народот овци со пречки во развојот, потоа имавме војна и промена на устав, па економски не доосакатија и не раселија низ светов. Најшироко што може се отворија за бугарска, грчка, албанска, српска (всушност, за сечија) пенетрација. Сега е време за забрана за движење и обиди за физичко елиминирање на оној дел што се' уште не избегал од овде.
Во меѓувреме, се појави и преработка на еден познат хит на Зафир Хаџиманов.
Короно, црна короно, ах ааа
не гледај така подмолно, ах ааа
плуќава ми ја изгоре, ах ааа
срцево ми го разболе, ах ааа
Како рамазан бајрам ќе дотечам
во болница на раце ќе те однесам
како Шара ке израсне
Пандемијата наша голема
Короно, црна короно, ах ааа
не гледај така подмолно, ах ааа
Не ме знаеш ниту сонуваш, ах ааа
Но и ти со мене во гроб век ќе векуваш, ах ааа