Добија малце пофалби, се засилија и сеа веќе почнуваат на кур да се качуваат. Да и залепи некој статистика на жртви од другите индустрии, да видиме колку саати работат во конфекциите или колку градежници гинат секој месец на работно место па после нека коментира чија работа е позаебана. Ја лично не ставам на пиедестал ниедна професија, сите работиме ради пари. Жал ми е само за оние што останаа без плата во кризава, многу тешко да најдеш работа сега. Овие ако се толку загрижени за здравјето или работата им е тешка нека си дадат отказ. А за продавачките ако продолжи овој третман претпоставувам природно ќе им рипне платата. Никој не е будала у вакви услови да работи подолг период за таа плата.
Не може да им рипне платата пошто е општа криза и се зголемува невработеноста, па логично е дека ако се побунат одма ќе ги заменат со друг.
Инаку на муабетот:
Стравот од заразата е речиси еднаков со стравот да се остане без работното место во некоја од штипските конфекции. Атмосферата на грубо и неправедно однесување на газдите продолжува, иако овој …
thenewzupdate.com
Преписките меѓу вработени во конфекции, до кои дојде „А1он“ илустрираат каква е состојбата, на што се подготвени работодавците во време на кризата и колку е голем стравот на работничките да проговорат за третманот врз нив.
„Ми вика – заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее. Решив да не одам на работа, ама не знам кој ќе ги рани децата зашто и онака останаа без татко“, вели една од работничките.
Друга, пак, вели дека газдите не разбираат колку е голем стравот на сите 200 работнички, кои секојдневно патуваат со автобусите во кои веќе имало заразени.
„Не можеш да му докажеш колку се плашиме. Патуваме со автобусот во кои се возеа пет жени што веќе се заболени. Се плашам ако дознае дека се жалиме, ќе останам без денар, две деца имам“, вели таа.
Имало и отказни решенија иако ова е забрането додека трае вонредната состојба.
„За време на пандемијата ме одјавиле од работа. Каде да се жалам, имам 3-годишно дете?
Дали е вистина или не е дискутабилно, но познавајќи ги газдите на конфекциите многу поверојатно е да биде вистина.