Ние постарите сме живееле во два или три система, може да направиме споредба. Еден систем до 1990, втор после 90 до денеска и ако некој имигрирал трет систем.
Денеска е либерал анархизам инсталиран во цела ЕУ, САД и делумно во Македонија. Самото општество зависи од идеологијата, на кое ниво е имплементирана, со определени разлики, некој се понапред, некој 'поназад'.
Пример 1: -Сакаш да се дрогира народот, мажи, жени, деца намалиш казна за дилерите и корисниците, како последица наркоманијата пораснува до 10-30%, пример Холандија и поголем дел ЕУ и САД.
-Не сакаш да се дрогира народот, смртна казна како Кина, Филипини и ред други, дилерот знае дека убива клиенти, сам решава да рескира, 99% од народот е согласен со таа праведна мерка.
Пример 2: -Му го земеш правото на народот да работи, но му даваш пари под тип социјална помош, или измислена професија, за да нема бунтови. Тоа е со 80% Американци така, и со ЕУ е слично.
- Источен модел, го тераш народот да работи, што е добро, реален труд, работни навики, здравје, со тоа што претерале малку, еден кинез храни двајца западњаци.
Зборот ми кризата е системска, продукт на идеологијата, либерализам, глобализација. Цели градови во САД се руини, да речеме Детроит.... Сакаш да работиш, немаш работа, или мизерија на социјална помош или криминал, од тука се тие бели, црни, латино банди. Средната класа исчезна во САД, таа либерална мантра ти сам си крив што не си успеал, затоа што си неспособен, глупав, необразован, на секој му е јасна дека не е точна, нема место за сите горе, таму се 5-10%, и да се сите Ајнштајни пак 95% ќе се доле.
Споредба на таа мантра би бил Лото или кладилница, да те убедуваат дека ти си крив што не си спечалил, а не кажуваат дека нема шанса сите да добијат, и дека мора некој да губат, за да тие пари отидат кај тие малку среќни добитници.
Главниот проблем е системска криза на капитализмот, го има сето тоа во Капиталот од Маркс, Либерализмот како една можна варијанта на капитализмот, дојде до последниот стадиум- империјализам не е баш точна дефиниција но балонот нема каде да се шири и системот се руши.
Трамп предлага понормален систем , неоконите, овие од доле, толку се деградирани и дементирани, да и сами не знаат што прават, нешто пробуваат да го задржат стариот систем, но газдите на неоконите, знаат што се дешава, ќе предложат нешто, но нема да е убаво.
Од тука се причините за шарената револуција во САД, немаат време, кризата иде, или сега или никогаш, не е како порано, да може да чекаат 10-15 години да дојдат на власт, пример пучот во Украина, од 2002 пробуваат, 2014 и требаше многу повеќе и вложија повеќе сили и успеаја, слично беше и во Македонија, пробаат, пробаат додека не успејат, ако многу и треба, и снајпер може да работи, работите идат побрзо.
Во моментов целото либерално ѓубре во ЕУ, САД, со сите сили пробува за да направи Пуч во САД, ова им е последна можност, втора шанса нема да има, следува сосема нов систем.