- Член од
- 7 септември 2009
- Мислења
- 157
- Поени од реакции
- 245
Во план сум да земам клима за греење/ладење на дневна (~26-7м2) + отворени врати накај ходник, спална, детска (+30м2) колку е тоа можно...
Изолација 8см стиропор, пвц прозори, долу има стан што се грее, горе има стан - но нема греење, од страна 1 има стан, другите 2 страни се до скали/ходник, 1 страна само надворешна, југо-западна ориентација.
![]()
Ја обележав локацијата каде би била за климата, претпоставувам дека таму би било најдобро.
Е сега првата дилема е дали 3,5ка или 5,5ка, и тука мислам дека 5,5ка ќе биде подобра поради поголемиот проток на воздух?
Од она што гледав, се мислам помегу
Daikin Sensira FTXFA/B 5kw - 61500 ден. (swing compressor, 46kg, 0.9kg R32)
4.07kw -7, 2,71 COP
4.20kw -15, 2.06 COP
Fujitsu ASYG18KMTA 5.5kw - 68100 ден. (twin rotary compessor, 36kg, 1.02kg R32)
4,25kw -7, 2,86 COP
4,7kw -15, 2.47 COP
Или нешто поефтино - Хајер Тундра 38500 ден?
Други предлози?
Од она што успеав да видам/искалкулирам, отприлика за -15°C надворешна и 25°C внатрешна ќе ми требаат 4,7kw, на -10°C/25°C внатрешна би било 4,2kw на час.
Ова беше како мој предлог, по она што сите (или најголемиот дел) ми го препорачаа, беше препорака да се оди со 3,5ка во дневна па ако биде потребно со 2,5 (3,5) во спалните.
Така да се насочив да побарам 3,5ки на нашиот пазар до некоја разумна сума од 50.000ден (+- 10%).
Ова е она што можев јас да го најдам, (барем за оние кои што имаат Еуровент)
на табелава горе се подредени по тоа колку kw даваат на -7 според еуровент, иако незнам како Хајер Тундрата? се наоѓа таму кај што е. веројатно дека има некој backup heater па затоа се тие резултати.
Дали има некои други клими што не се во листава а вреди да бидат ? овие што се во боја се (според мене) како подобри од останатите, она што успеав да го најдам и прочитам најдобро од ова горе би бил Panasonic Z12SKE иако е постар модел 2016-2017, е најдобар за цена/перформанси, само еден го имаше на форумов ама мислам дека не е активен членот.
Ви Благодарам на сите уште еднаш.