Македонска берза

Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Dividenda za STBP 7,00 denari bruto.

Ova ne e bruto, ova e BRUTALNO :popce:
Автоматски споено мислење:

Знаци да резимираме, банката им нудеше фиксно 25 денс, плус можност за дополна во вредност до дивидендата за обични

Лицето ВТ и акционерите под него во својата неограничена мудрост се решија да земаат 7 денари. Бруто!
Abe tamu se raboti za pogresna pretstava na VT deka so tuzba protiv Stopanska banka kje se izdejstvuva podobri uslovi. Moze i da pie voda vo normalni zemji, ama grkot za evtini parki kje si gi kupi sudiite ( a sigurno gi kupil vise) i posle papala maca, mesto 25 den 7 denari.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Интересна анализа, и да погинеш колку може да се спасеш
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Abe tamu se raboti za pogresna pretstava na VT deka so tuzba protiv Stopanska banka kje se izdejstvuva podobri uslovi. Moze i da pie voda vo normalni zemji, ama grkot za evtini parki kje si gi kupi sudiite ( a sigurno gi kupil vise) i posle papala maca, mesto 25 den 7 denari.
Работава вицот за папагалот и мечката
ШТО СЕ КУРЧИШ КОГА НЕ ЗНАЕШ ДА ЛЕТАШ :D
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Интересна анализа, и да погинеш колку може да се спасеш
Па ова е смешка кој ги „испроектирал“ сценаријата пошо воопшто не ја земал предвид сезоналноста на полнењето на буџетот туку само повлекол по четири рандом линии. И ако толку добро се полни буџетот какошто кажуваат, тогаш зошто вршат рекордни и итни задолжувања под крајно неповолни услови?

Ете тоа е цената на живеењето во дисфункционална населена територија, пошо мора да трошиш време и енергија сомневајќи се во секој податок што власта ќе ти го даде, наместо со доверба да ги прифаќаш како апсолутно точни и целосно да се посветуваш на работа за сопствен максимален напредок.
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714

2005-ta 150 m na 10 god so 4.625%
2009-ta 175m na 5 god so 9.88%
2014-ta 500 m na 7 god so 3.98%
2015-ta 270 m na 5 god so 4.88%
2016-ta 450 m na 7 god so 5.625%
ne bi rekol deka zadolzuvanjata se krajno ne povolni. druga tema e sto ne e za infrastruktura, na primer.
 
Последно уредено:

Треба тоа да се спореди со стапките по кои на пазарот се задолжувале други европски држави па да се види колку е спредот и колку тоа е поради квалитетната работа на владата и добрата подготовка, а колку поради општото ниско ниво на каматни стапки во светот. Исто така, треба да ги наведуваат и трошоците за тоа задолжување пошо не верувам дека тие инвестициски банки ја подготвуваат емисијата од добродушност туку земаат по повеќе милиони евра провизии, исто како и берзите за котација и тргување. Ако е како што велат сега ВМРО дека сме изгубиле 44 милиони евра поради неспособност и брзање, тогаш со овој еден потег министерката повеќекратно си ги отплатила парите што Американците ги вложиле во нејзиниот имиџ и промоција водејќи ја по настани на УСАИД за женско и електронско претприемништво и давајќи ѝ награда за Топ 30 луѓе под 30 години заедно со оној слепецот Жаре што се врти по медиуми без грам харизма.

Нејсе, проблематично е и што парите се трошат без државата да добие било што за возврат, односно само на зголемување на административната каста и исплаќање на пензии. Практично само се издржаваат партиски крлежи коишто добиваат цели бруто плати наместо само мала социјална помош за преживување што би ги принудило да вложуваат труд и да станат продуктивни па да ствараат вредност за да заработат плата, а не како сега да паразитираат. Многу подобра варијанта би била во општините да се организираат јавни работи за чистење на улиците, косење и садење на трева, бетонирање на рабниците на коловозите и тротоарите, отстранување на дивите депонии и сл, кадешто на социјалните случаи би им се овозможило да заработат плати од 20.000 денари, ама за возврат да створат вредност.

Исто така, дури и некои инфраструктурни проекти се тотално непродуктивни. Еве нпр. автопатот Скопје-Штип е полн погодок - практично за цела Источна Македонија со 300-400.000 жители го скратува времето на патување до Скопје како и абењето на возилата, потрошувачката на гориво и загадувањето на околината. Меѓутоа, делницата Кичево-Охрид е апсолутна утка затоа што нема обем на сообраќај за да поддржи толкава инвестиција што можеби на крај со одложувања и камати ќе нѐ искошта околу 600 милиони евра. Тие пари нема да се отплатат ни за 600 милиони години затоа што Охрид е сообраќајно слепо црево и во регионот живеат 50.000 луѓе, а гужва има евентуално во двата месеци во летната сезона кога едино мора да се возат тие 50 километри со 70-80 км/ч наместо со 120 со што ќе се заштедат десет минути. Секако поголемо тесно грло на релацијата Скопје-Охрид е планинската делница Кичево-Гостивар за којашто изградбата на автопат би чинела над милијарда евра. Практично ние вложуваме огромна сума пари за минимална корист заради поврзување на ретко населена област без стопански капацитети, а и секако кога ќе се воведат изгор патарини како сега на Скопје-Штип, никој нема да го користи автопатот него сите и понатаму ќе се возат по стариот бесплатен пат.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Исто така, дури и некои инфраструктурни проекти се тотално непродуктивни. Еве нпр. автопатот Скопје-Штип е полн погодок - практично за цела Источна Македонија со 300-400.000 жители го скратува времето на патување до Скопје како и абењето на возилата, потрошувачката на гориво и загадувањето на околината.
Последен пат кога се возев до Штип, за целото време на патувањето, во спротивна насока помина само еден автомобил.
И тоа возев во нормално, работно време од 10:00 - 10:30. Плус периодов се вози без патарини.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Автопатот Скопје-Штип е чиста лукративност на лудаците. Сегашниве пак се надоврзуваат со експресни патишта од Штип до Срумца, ем се силат и од Срумца до Ново Село да изградат експресен пат. Овие делници како и Кичево-Охрид се комплетно нелогични и надвор од секаква поширока стратегија.
Единствена делница на која државава треба сериозно да се концентрира е автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, со која патот Скопје-Јанина ќе се скрати за некои 50-60 километри, ем ќе се намали фрекфенцијата на преминот Богородица во летниот период, а ќе се разработи Меџитлија.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
И јас доста често идев за Кочани и просто беше мачно возењето по делницата Кочани-Штип кајшто патот е тесен и зрел за проширување со уште една лента, па одвај се дочекува да се излезе на автопатот од Штип заради нормално возење. Сообраќај по делницата Скопје-Штип имало во одредени денови како и по Табановце-Гевгелија што е дел од европски коридор.

Меѓутоа, нај-зицер инфраструктурен проект би било копање тунел под Шар Планина за спојување на Тетово и Кукс, што би го скратило заоѓањето на балканскиот коридор исток-запад помеѓу Скопје и Тирана за стотина километри било на север преку Приштина било на југ преку Струга. Тука секако треба да се води грижа да не се инвестира у нешто што утре може да биде у туѓа држава затоа што вака одокативно ми изгледа дека странциве менаџираат мирна поделба на албанска и бугарска половина за едно 10-20 години доведувајќи политички радодајки на власт што постепено попуштаат на барањата за имиња, истории, застапености, јазици, знамиња, униформи, пари, за подоцна да се премине на регионализации, кантонизации, федерализации и конечно раздојување.

Веројатно имајќи го сево ова предвид, ни странците не инвестираат во западниот дел од населенава територија ниту пак во мешано етнички средини туку скоро исклучиво етнички чисти македонски. Би рекол дека над 95% од вработените во технолошко-економските зони или како и да се викаат се Македонци, а и сите фабрики се на места кадешто во иднина не би дошло до конфликти.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: TGo
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Некој подолго време си игра ЈоЈо со акцијата на OKTA. Секој ден поминува динамисчки лимит во различна насока.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
никој нема да го користи автопатот него сите и понатаму ќе се возат по стариот бесплатен пат.
Стар пат нема, претходно се патуваше преку Велес. Чисто за споредба патарините преку Велес со кола се 120 денара во правец, по новиот автопат моментално е само 40 денари.
Автоматски споено мислење:

Последен пат кога се возев до Штип, за целото време на патувањето, во спротивна насока помина само еден автомобил.
И тоа возев во нормално, работно време од 10:00 - 10:30. Плус периодов се вози без патарини.
Јас го користам доста често овој пат и не е така. Секако, за наши услови има доволно сообраќај. Сите од Источна Македонија (Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пехчево) за да стигнат до Скопје, Тетово или Гостивар го користат овој автопат.
Автоматски споено мислење:

Автопатот Скопје-Штип е чиста лукративност на лудаците. Сегашниве пак се надоврзуваат со експресни патишта од Штип до Срумца, ем се силат и од Срумца до Ново Село да изградат експресен пат. Овие делници како и Кичево-Охрид се комплетно нелогични и надвор од секаква поширока стратегија.
Единствена делница на која државава треба сериозно да се концентрира е автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, со која патот Скопје-Јанина ќе се скрати за некои 50-60 километри, ем ќе се намали фрекфенцијата на преминот Богородица во летниот период, а ќе се разработи Меџитлија.
Веројатно не живееш во овој дел од државата па затоа и не ти се познати работите. Експресните патишта се апсолутно потребни (не мора автопати), особено ако си патувал од Струмица до ГП Ново Село ќе знаеш дека за 30км ти се потребни скоро 1 саат патување. Се минува низ многу села, каде магистралниот пат е преполн со трактори, запрежни возила...Верувам дека изградбата на овој пат ќе чини многу, ама многу значи за патувањата помеѓу Македонија и Бугарија. Многу шлепери го користат овој Граничен премин.
Велес - Прилеп - Битола, асполутно треба да се направи, и се прави. За динамиката не зборувам. Оваа власт ги набркаа тие шпанците што ги правеа мостовите после Кавадарци
Автоматски споено мислење:

беше мачно возењето по делницата Кочани-Штип кајшто патот е тесен и зрел за проширување со уште една лента, па одвај се дочекува да се излезе на автопатот од Штип заради нормалено возење.
Навистина е така, на овој пат исто така има доста сообраќај и спори возила (трактори, мопеди). Сепак и тука од претходната власт има започнато нов експресен пат кој ќе биде од автопатот кај Штип до Кочани. (значи нова траса, не проширување на старата).
Искрено, многу поефтино би било проширување на веќе постоечките патишта, така би имало и помалку за одржување, особено зимно време. Сепак останува проблемот дека ако се проширува стариот пат, од Штип до Кочани имате поминување низ 3 села (каде неможе да се прошири патот) и тука се вози со 50км/ч, што и не е баш експресен пат
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2019
Мислења
309
Поени од реакции
312
Последен пат кога се возев до Штип, за целото време на патувањето, во спротивна насока помина само еден автомобил.
И тоа возев во нормално, работно време од 10:00 - 10:30. Плус периодов се вози без патарини.
Јас познавам светиниколчани кои се вработија во Скопје, некои и бизнисот го преселија. Исто така знам и скопјани кои започнаа да градат во светиниколско. Автопатот им ја олесни одлуката.
 
Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Навистина е така, на овој пат исто така има доста сообраќај и спори возила (трактори, мопеди). Сепак и тука од претходната власт има започнато нов експресен пат кој ќе биде од автопатот кај Штип до Кочани. (значи нова траса, не проширување на старата).
Искрено, многу поефтино би било проширување на веќе постоечките патишта, така би имало и помалку за одржување, особено зимно време. Сепак останува проблемот дека ако се проширува стариот пат, од Штип до Кочани имате поминување низ 3 села (каде неможе да се прошири патот) и тука се вози со 50км/ч, што и не е баш експресен пат
Не може да има проширување на постоечкиот пат, затоа што во тој случај нема да има алтернатива за локалниот сообраќај и бавна механизација. На експресниот нема да може да се исклучиш кај сакаш, туку ќе има клучки (се исто ќе е како на автопат, но со по една возна лента во правец и по една помошна). Е сега сигурен сум дека ќе има и сељаци кои ќе си направат дупки во мрежата кај им прдне па ќе си возат нерегистрирани канти, трактори, па и бесни бемвиња за да скратат 5 км или заштедат на патарина, како што е примерот кај Свети Николе и пред Романовце...
 
Апсолутно си во право, но ете Свети Николе - Велес експресниот пат го направија со проширување на веќе постоечкиот и не постои алтернативен пат за нерегистрирани канти, трактори... Чисто за информација
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
795
Поени од реакции
331
Уште една "правилна" одлука

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/mf-protiv-stopanskata-komora-nema-da-ja-izednachi-akcizata-za-ekstralesnoto

Иако, Стопанската комора имаше иницијатива за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот, а тоа го поддржаа и дистрибутерите на нафта и нафтени деривати во државата, Министерството за финансии одлучи контра нив, да се оди на изедначување на квалитетот на екстралесното со тој на дизелот.

ЛОЛ

Државата ќе не мотивира да користиме ЕЛ наместо дизел. Загубата ќе биди нејзина и на Макпетрол, Лукоил и другите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom