За ова последното си во право, страшно е што како некој свесно може да се определува идеолошки и политички, нема ниедна идеологија која мисли на обичниот човек.
Е сега за првиот дел не можам да се согласам не само затоа што сум во ваква ситуација, кога за 10 години јас би бил од другата страна не би го сменил овој став.
Ние се разликуваме од животните по тоа што имаме свест, затоа и така треба да се однесуваме.Не може парите да одат скоро во целост кај сопствениците а на оние кои се моторот и главните фактори за целокупното богатсво да живеат несигурен живот под стрес се до некој 60 години.
Да не ме сфати некој погрешно, тотално сум против анархија и безредие, или пак како во времето на комунизмот да им се одземат фабриките на сопствениците, зошто и тогаш како и денес нема да бидат во рацете на работниците туку ќе се појават некои нови "лидери" помеѓу сегашната работничка класа.
Но дека мора да се случат промени, тоа да, мора профитот да се определува на поинаков начин од сегашниот, и тоа е единствената работа за која треба да се борат луѓето од работничката и социјалната класа, но еве за да не дојде до тоа се случуваат настани од овој тип, врз обичниот човек се прават еден куп поделби, расни, идеолошки, религиозни, национални, сексуални, и уште мал милион други.