Имаше неинформирани „инвеститори“ што не повлекуваа куповни налози и се гореа утрото по дивиденден пресек. Баш да видиме дали овие што ставале над 1.100 за СТБ ќе се оправат да ги повлечат пред да се заглават купувајќи по превисока цена којашто можеби нема со години повторно да се постигне.
Рака на срце, мора да се признае дека пазарните сили почнуваат да делуваат на МСЕ, и тоа токму кај светата крава КМБ. Поради лошите резултати и перспектива, нешто не гледам дека разноразни чифлиганци се топорат да ја бранат, такашто лека-полека си падна за десетина проценти од посткризното пумпање. Мислам дека дури и покрупните ѕверки си ситнат позиции, префрлувајќи го жешкиот компир на сите што се доволно будали да го земат во раце...
Инаку, еве излегол извештајот и за Прокредит банка, ама кога ќе се анализира, испаѓа дека е подобро што не е котирана пошо на скоро 500 милиони евра актива прави само 2,5 милиони профит. Па од тоа дури и у ТТК и СБТ би се посрамиле