Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Дали би сакал почитуваниот Зекири да објасни како се здобил со корона вирус, баш ме интересира :)
Еве негово објаснување, да избегнеме обиди за хумор, сепак е сериозна темата.

Неписмен е овој или новинариве, се збунив за момент.
Чекај бе пак сум збунет, три месеци е позитивен???
Проблемот е во тоа што се споделуваат квазипорталчиња, затоа треба да се избегнуваат што е можно повеќе таквите, иако такви се за жал 90 и кусур посто од нив.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.731
Другари форумци малку сериозен ќе бидам овој пат
Ова е график од форумов , сум додал моите прогнози, да е јасно што имам предвид.
Прегледај го приврзокот 253711
Црвеното е општа прогноза за било кој вирус, без никаков карантин, дојде стигне максимумот за типот вирус и заврши.
Лилавото е болни и прележани сума, после определен период, кој требало да се разболи се разболел и прележал, на крај има има еден процент пример 30% од популација го прележале, вирусот изчезнува.
Плавото е македонскиот метод, Брутални мерки, но не си го победил вирусот, скоро да нема како да го победиш, отпушташ и пак почнува да расте, пак затегаш.....уствари правиш едни осцилации, тероризираш народ, така се додека не се стигне тој процент, пример 30% од популација да го прележи.
Светлоплавото е тотал слично со лилавото само варијанта со карантин. Како и да вртиш треба да го стигне лилавото условно 30% од популација.
Ова е за секој грип и ковид, реалното броење не е лошо да е со антитела, пример 1000 случајно избрани од сите реони и сите возрасти, дневно или неделно. Од тука го прерамнуваш со целата популација.
Можеш да тестираш и моментално, по истиот начин, но тестовите не се толку точни.
Нема потреба, да сметаш некакви реално болни, а работиш само со статистика на случајни проби, а ако имаш најдено болни по друг начин правиш само корекција на статистиката.
По мое требаше да забранат само, кино, утакмица, концерт, делумно школи и факултети, кривата ќе беше под црвената но малку подолга и досега ќе поминеше, како при нормален грип или корона, но со малку построги мерки.
И вака ќе помине но со терор, форсираш затвор, па попуштиш, пак почне да расте, пак попуштиш, така може да си играш година-две. Дури и теориски да до згасиш вирусот, после некое време ќе дојде од надвор, пак ќе почне од нула.
Така ќе си играш затвор, слобода се додека пак не дојде тој процент, рецимо 30%.
Сепак крајното мислење ми е дека вирусов е политички, прикритие за крајот на либерализмот плус дресура на стадото, но убеден сум дека доброто победува и овие крвнициве што затварат цел народ, ќе изгнијат во затвор, од најглавните до последните вазали, рецимо од Муртино.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не ми се верува во каква беда од држава се претворивме.Гласовите на избори да бидат побитни од се друго.Па не е ни чудо шо миливе ни соседи 30 години си играат курташак со нас.Со вакви политичари и малку ни е!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Мислам дека многу ти има удрено во глава фактот што Трамп и Путин излегоа пички најголеми со коронава.

А шо убо си беа мачо типови кои маме ќе му ебат на deep state, сега едниот е на тешки лекарства да не се зарази, другиот е напикан во некој бункер за да не се зарази.

Меркел има два пати поголеми мадиња од нив двајцата. А ја имаме видено гола, нема мадиња :pos:
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Па нека те фати веќе еднаш. Ти препорачувам да се рашеташ малку во жариштава и да не чекаш многу, искуси на своја кожа, чекаме извештаи овде. Good luck!
Те маваат паники?
Стрес левел милион или и над тоа замина?
Остави го човекот. Како што ти имаш право секој ден да вадиш статистики колку има заболени, па графици, па извештаи, секој друг има право да постира што сака.
Зошто да го фати? Негова работа ДАЛИ и колку и во што верува. Има право на тоа, како што и ти имаш право да паничиш, што и впрочем правиш.
Смешно е за возрасни личности на свои 25+ години, а особено е смешно што има и семејни личности тука, што толку многу паничите као утре е крај на светот. Па и да биди бре, до толку сте моќни да го смените тоа? Паниките ќе ви помогнат да го смените? Олабајте малце.

Па затоа ти викам, сега го живееме шведското секојдневие. Но има една поука до сега, Шведска не стекна колективен имунитет.
БАШ ме интересира, што мислиш, ЗОШТО шведска не стекна колективен имунитет? Сериозно те прашвам.

Епа кога зборев во темата здравје дека вирусов веројатно бил присутен и многу порано од февруари, сите ме направија будала. ...
Тоа што сите те направија или те прават будала НЕ значи ништо, а најмалку значи дека се во право. Вообичаено е мнозинството секогаш и да нема право пошто дел се согласуваат со мислењето на мнозинството ради конформизам, дел оти немаат свое, а најголем дел оти се уплашени и така ќе припаѓаат кон една поголема и не толку маргинизирана група.
Кој впрочем можи да тврди дека не е присутен од декември вирусот? - НИКОЈ.
Така да... нивното мислење нека си го задржат за нив или нека си го напишат (сеедно), твоето мислење си е твое и да си го кажиш без разлика дали некој ќе смета дека си ваков или таков. Тоа е негов проблем, не твој.
И да, вирусот е присутен најверојатно и пред февруари, го делам твоето мислење. Времето и идните испитувања ќе кажат колку сме во право.

Не испаднавте ништо вие. Просто е ко грав, на Заев му требаат избори и ние треба да ја платиме цената за тоа сакале или неќеле.
Убаво од тебе што му опонираш со толкава леснотија.
Уште поубаво од тебе што имаш професија која ти овозможува да работиш од дома со типкање по тастатура.
НЕ е убаво од тебе што не можеш т.е. за волја на вистината НЕ сакаш да ја согледаш поголемата слика.
А таа е:
има еден куп луѓе кои ги изгубија своите работни места и допрва ќе ги губат, како и тоа дека економијата ова не можи да го издржи на подолги стази.
Е сега, како некој кој не го заболе за другите (според ставот што го изнесе најверојатно ти е гајле), дали си спремен на овие мои комшии кои останаа без работа да му ги подмириш месечните сметки од вода, струја, комуналии, моб телефони и интернет, како и месечните рати во банки за кредитите што ги имаат?
Ако си спремен, колку месеци мислиш дека можиш да го издржиш тоа и да ги издржаваш цела фамилија?
Ако можиш повеќе од 3-6 месеци дали сакаш да ти обезбедам телефонски броеви на уште 4-5 такви фамилии па да се ангажираш да најдиш уште 4-5 типкачи на тастатура кои работаат од дома, како тебе, па заедно да се грижите за сите овие кои останале без работа. Може?
Или ќе ми кажеш дека не е твој проблем што останале без работа и дека е просто како грав?

Пред да напишите некоја глупост размислете два пати пошто утре може вие да се најдете во иста, слична или полоша ситуација.

Со лесно.
 
Последно уредено:

Очигледно ништо не разбираш, економијата на Шведска е во иста состојба како и во Данска, или Норвешка или Финска.

Така да грешна ти е тезата дека ако не се затворевме или пак што побрзо се отвориме, ќе се вратат работните места и економијата.

Еве ја Кина се отвори веќе два месеци, и викаат економијата му е на 90%, ама реално ништо не е исто. Повеќе држави во САД се отворија, ама џабе му е, еве овие што работат земјоделие, аргативе му се поболуваат со невидено темпо, заради условите во кои живееат. Кизнај дали ќе го оберат шумското овошје, праски, зеленчук и другите земјоделски производи кои имаат многу мануелна работа, и само неколку недели за берба, пред да му скапи на нива.

Ако е за утеха, Македонија е подобро место да бидише невработен, отколку САД.

И најбитното во Аризона секој ден расти бројот на заболени, така да тоа муабетот за сонцето дека ќе ја убие Коронава, не држи.

Единствено се надевам дека се во право научнициве што тврдат дека вирулентноста на Корона намалува.
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Секојдневниот пораст на бројката на заразени и бројот на починати баш и не оди во прилог на тоа дека вирулентноста на вирусот се намалува...повеќе оди во прилог на тоа дека вирусот измутирал на полошо.... Бројот на жртви е загрижувачки.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204

Бројката е премала и вирулентноста му е намелена зашто да беше како ти што тврдиш ке имаше 50.000 заболени ако се земе предвид однесувањето на луѓето.Тие причи дека ако некој кивнел у затворена просторија ке ги заразел сите што биле во просторијата,или па онаа дека преку воздух се пренесувал се приказни за мали деца
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Те маваат паники?
Стрес левел милион или и над тоа замина?
Остави го човекот. Како што ти имаш право секој ден да вадиш статистики колку има заболени, па графици, па извештаи, секој друг има право да постира што сака.
Зошто да го фати? Негова работа ДАЛИ и колку и во што верува. Има право на тоа, како што и ти имаш право да паничиш, што и впрочем правиш.
Смешно е за возрасни личности на свои 25+ години, а особено е смешно што има и семејни личности тука, што толку многу паничите као утре е крај на светот. Па и да биди бре, до толку сте моќни да го смените тоа? Паниките ќе ви помогнат да го смените? Олабајте малце.

БАШ ме интересира, што мислиш, ЗОШТО шведска не стекна колективен имунитет? Сериозно те прашвам.

Тоа што сите те направија или те прават будала НЕ значи ништо, а најмалку значи дека се во право. Вообичаено е мнозинството секогаш и да нема право пошто дел се согласуваат со мислењето на мнозинството ради конформизам, дел оти немаат свое, а најголем дел оти се уплашени и така ќе припаѓаат кон една поголема и не толку маргинизирана група.
Кој впрочем можи да тврди дека не е присутен од декември вирусот? - НИКОЈ.
Така да... нивното мислење нека си го задржат за нив или нека си го напишат (сеедно), твоето мислење си е твое и да си го кажиш без разлика дали некој ќе смета дека си ваков или таков. Тоа е негов проблем, не твој.
И да, вирусот е присутен најверојатно и пред февруари, го делам твоето мислење. Времето и идните испитувања ќе кажат колку сме во право.

Убаво од тебе што му опонираш со толкава леснотија.
Уште поубаво од тебе што имаш професија која ти овозможува да работиш од дома со типкање по тастатура.
НЕ е убаво од тебе што не можеш т.е. за волја на вистината НЕ сакаш да ја согледаш поголемата слика.
А таа е:
има еден куп луѓе кои ги изгубија своите работни места и допрва ќе ги губат, како и тоа дека економијата ова не можи да го издржи на подолги стази.
Е сега, како некој кој не го заболе за другите (според ставот што го изнесе најверојатно ти е гајле), дали си спремен на овие мои комшии кои останаа без работа да му ги подмириш месечните сметки од вода, струја, комуналии, моб телефони и интернет, како и месечните рати во банки за кредитите што ги имаат?
Ако си спремен, колку месеци мислиш дека можиш да го издржиш тоа и да ги издржаваш цела фамилија?
Ако можиш повеќе од 3-6 месеци дали сакаш да ти обезбедам телефонски броеви на уште 4-5 такви фамилии па да се ангажираш да најдиш уште 4-5 типкачи на тастатура кои работаат од дома, како тебе, па заедно да се грижите за сите овие кои останале без работа. Може?
Или ќе ми кажеш дека не е твој проблем што останале без работа и дека е просто како грав?

Пред да напишите некоја глупост размислете два пати пошто утре може вие да се најдете во иста, слична или полоша ситуација.

Со лесно.
Да, просто е ко грав, бројките паднаа на 5 до 10 дневно, се додека не почнаа да ги тестираат Албанците од Скопје кои не почитуваа ништо. Еве сега се е отворено, кафичите и кафаните пак се празни од она што можев да видам, бар во моето опкружување, на твоите комшии не верувам дека им е подобро "што се се врати во нормала" пошто на вирусов му одговара ваков тип на менталитет - неписмени али полни со самодоверба. И верувај твоите комшии, а и сите кои на шала го сфаќаат вирусот, ќе го научат ова на потешкиот начин или ќе бидат свесни и ќе почитуваат препораки. Друго, слободно пробај и ти стани типкач на тастатура, не верувам некој да ти забранил.
 
C

CoolIris

Гостин
Бројката е премала и вирулентноста му е намелена зашто да беше како ти што тврдиш ке имаше 50.000 заболени
Како си сигурен дека вирулентноста е намалена?!

Бројката не е премала. За Македонија си правиме муабет, земја од околу 2 милиона народ.....

Со вакво темпо, за брзо би стигнале до тие 50 000.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Како си сигурен дека вирулентноста е намалена?!

Бројката не е премала. За Македонија си правиме муабет, земја од околу 2 милиона народ.....

Со вакво темпо, за брзо би стигнале до тие 50 000.
Па види,колку од заболените од Сарај како на пример,пазарале у големи маркети и со колку луѓе физички оствариле контакт? Ако е така како што тврдиш,у Сарај ке беа заболени 90% од населението.Него имаме среќа што не се пренесува лесно,па затоа бројките се мали
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Очигледно ништо не разбираш, економијата на Шведска е во иста состојба како и во Данска, или Норвешка или Финска.
Добро е што ти разбираш и што се обиде моето прашање да го одговори во мое име.

Шведска не ја спомнав во контекст на економија, змејот го цитирав во контекст на економија, а шведска ја спомнав во контекст на тоа дека НЕМАШЕ мерки кој знае какви со затворање т.е. карантини како овие тука, А СЕПАК не го достигнаа пикот!!!!!!!!!!
Те интересира зошто?

Па пријателе драг и постар, САМ, НЕСВЕСНО, си го даде одговорот на ова прашање... а тоа е:

Единствено се надевам дека се во право научнициве што тврдат дека вирулентноста на Корона намалува.
БИНГО!

Вирулентноста на корона НЕ е воопшто онаква каква што си претставувате во вашите преплашени мозоци или онака како што сакаат да ви ја претстават мас медиумите на кои слепо верувате.
Малку ако го уклучите бојлерот и ако гледате од страна ќе увидите дека ако ДО ТОЛКУ се умираше, ПАРДОН, ако до толку се ширеше лесно тогаш одамна јас и ти можевме да бидиме под земја. И тоа во банана држава како оваа, со 300 мерки.
А држави како Шведска и сите кои немаа мерки немаше 1 да остани да напиши фала, чао, пријатно, толку беше, туку сите ќе беа пупунци.

А сега продолжи да ми лепиш етикети дека сум неук само заради тоа што имам мислење различно од твоето и само заради тоа што ме толкуваш на погрешен начин без да прочиташ што всушност сум напишал за таа проклета шведска која од уста не ја извадивте.

п.с. намерно ја зедов за пример, пошто ви е омилена.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Секојдневниот пораст на бројката на заразени и бројот на починати баш и не оди во прилог на тоа дека вирулентноста на вирусот се намалува...повеќе оди во прилог на тоа дека вирусот измутирал на полошо.... Бројот на жртви е загрижувачки.
Вирусов е многу непредвидлив.Значи познавам еден лик кој сеуште се бори со вирусов, има тешки сиптоми и е на инфективна.И шо е најчудно сите во неговото семејство се негативни.А има стари родители од кој едниот има хронична болестПо се изгледа вирулентноста е намалена,друга логика не гледам!
 
C

CoolIris

Гостин
Па види,колку од заболените од Сарај како на пример,пазарале у големи маркети и со колку луѓе физички оствариле контакт? Ако е така како што тврдиш,у Сарај ке беа заболени 90% од населението.Него имаме среќа што не се пренесува лесно,па затоа бројките се мали
Вирусов е многу непредвидлив.Значи познавам еден лик кој сеуште се бори со вирусов, има тешки сиптоми и е на инфективна.И шо е најчудно сите во неговото семејство се негативни.А има стари родители од кој едниот има хронична болестПо се изгледа вирулентноста е намалена,друга логика не гледам!
Вируленцијата е степен на патогеност на микроорганизмот, односно способност на микроорганизмот да предизвика болест.

И сега вие мене сакате да ми кажете, дека порастот на бројката на заразените оди во прилог на тоа дека вирусот ја намалил својата вирулентност? Хм....важи.

А за тоа дека вирусот е непредвидлив се слагам....затоа и не снајде тоа што не снајде.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Да, просто е ко грав, бројките паднаа на 5 до 10 дневно, се додека не почнаа да ги тестираат Албанците од Скопје кои не почитуваа ништо. Еве сега се е отворено, кафичите и кафаните пак се празни од она што можев да видам, бар во моето опкружување, на твоите комшии не верувам дека им е подобро "што се се врати во нормала" пошто на вирусов му одговара ваков тип на менталитет - неписмени али полни со самодоверба. И верувај твоите комшии, а и сите кои на шала го сфаќаат вирусот, ќе го научат ова на потешкиот начин или ќе бидат свесни и ќе почитуваат препораки. Друго, слободно пробај и ти стани типкач на тастатура, не верувам некој да ти забранил.
КОЈ ти рече дека моите комшии останаа без работа пошто НЕ верувале дека постои вирус или пошто бараат мерките да се ослободат?
Вака лупаш од ракав постојано или само кога ти е во интерес?
Зошто не ми одговори на прашањата?
Имаш 250 евра за сметки и храна наредните 5-6 месеци да ги издржаваш?
Имаш уште 200евра во кредити да им ги плаќаш?
Или лесно е да се типка на тастатура и да се осудуваат туѓи човечки судбини оти сте вие другите така безгрешни?

Имам уште едно прашање за тебе.
НИКОГАШ во овие 3 месеци од февруари наваму не си прекршил мерка? НИКОГАШ? Не си бил во група поголема од двајца, не си бил на доволно растојание во маркет од друг пред тебе или зад тебе?
Не си бил невнимателен кон твоето опкружување со тоа што не одржуваш лична хигиена со миење раце на секое?
Никогаш немаш прекршено ништо од ова?
До толку ли си безгрешен?
Ако случајно си, тогаш капа долу.
АМА ако не си, тогаш си краен лицемер.

ЈАС ИМАМ. И тоа не ме прави ниту херој, ниту поразличен, ниту несфатен, ниту паметен, ниту глупав. Туку ме прави ЧОВЕК.

А таквите саможиви индивидуи како тебе кои не ги интересира ништо подалеку од сопствениот нос се за посебна анализа.
РАДИ таквите му себа мајчето на ова малце шо е останато од држава, а не таму ради некој јадник кој останал без работа па уште мора да биди осудуван од некој ваков како тебе. Обичен типкач на тастатура.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom