Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето на форумот имаат нивни објаснувања точно. Разликата е во тоа што секој има објаснувања, само ти прашања. :)
Па поглуп сум малце од вас, што да правам. Зарем немам право на тоа?
 
Денес Пендаровски излезе со изјава дека мора да научиме да живееме со пандемијата без рестрикции, иако за жал ќе носи нови болни и ќе одзема животи. Што значи, според властите не е грешка. Јас само прашувам што беше поразлично во март?
аман више
у март нема избори
 
Па поглуп сум малце од вас, што да правам. Зарем немам право на тоа?

Нема смисла да одиме офф. Прашај пак што е разликата од март до сеа. Може има некој што не ти одговорил на темава па пак да ти објасни :)
 
Замисли сеа Пендаровски и Филипче да излезат и јавно соопштат дека не е времето за избори и намалување на рестрикции (како и што всушност е, после ифтарот). Но, во држави како Македонија, партиските интереси без исклучок се на прво место.
 
Нема смисла да одиме офф. Прашај пак што е разликата од март до сеа. Може има некој што не ти одговорил на темава па пак да ти објасни :)
Може. По можност некој што не мисли дека народот е стока. Такво високо ниво на експертиза и дедукција не можам да разберам, со лимитиран капацитет сум. Ете, со Берик се разбравме, изгледа и тој е прост ко мене.
 
Секој ден поминувам низ Сарај,а пред два дена морав да влезам у тој големиот маркет што им е на влез.Ракавици ставив и маска и влегов.Од 50 тина души у трговскиот 3-4ца носеа маска,па дури ни касиерките не носеа само една беше искључок.Тоа што не може да и се објасни на наказана од Битола е дека како завршува Ѓорче и почнува Сарај,човек со маска не можеш да видиш,на друга планета се наоѓаш за разлика од Ѓорче.Чајџилници,работници тоа нема шанси,ма каква дистанца.Од тоа што го видов,според мене има две опции.Првата е вирусов да се пренесува многу потешко од тоа што го зборат по телевизии,втората е дека многумина го прележуваат без никакви или евентуално некои занемарливи симптоми.Во спротивно,со вакво однесување ке имавме 10-20.000 умрени и 500.000 заболени
 
Да го тргнеме настрана здравествениот аспект на момент, освен прогласување вондредна состојба до недоглед, има ли друг правен метод државата да функционира без парламент?

Јули било или септември, па и декември избори треба да се одржат, а во меѓувреме вондредна состојба треба да постои, инаку нема друг начин да се носат и да се менуваат закони, по толкувањето на Џафери да собранието не може пак да се свика.

Не дека државата не може да преживее со шест месеци неносење закони, сме имале и претходно такви ситуации, но во деликатна здравствено, социо-економска состојба не би било паметно.
 
Избори треба. Со самото одложување, го прекршија веќе еднаш Уставот. Механизам на замрзнување рокови не постои. Си го измислија и извадија од мал мозок. Сите заедно.

Ако не може физички да ги оддржат, нека го прекршат Уставот пак, и нека го свикаат распуштеното Собрание. Нема да биде прв пат. Ама вонредната состојба е огромна глупост.
 
Секој ден поминувам низ Сарај,а пред два дена морав да влезам у тој големиот маркет што им е на влез.Ракавици ставив и маска и влегов.Од 50 тина души у трговскиот 3-4ца носеа маска,па дури ни касиерките не носеа само една беше искључок.Тоа што не може да и се објасни на наказана од Битола е дека како завршува Ѓорче и почнува Сарај,човек со маска не можеш да видиш,на друга планета се наоѓаш за разлика од Ѓорче.Чајџилници,работници тоа нема шанси,ма каква дистанца.Од тоа што го видов,според мене има две опции.Првата е вирусов да се пренесува многу потешко од тоа што го зборат по телевизии,втората е дека многумина го прележуваат без никакви или евентуално некои занемарливи симптоми.Во спротивно,со вакво однесување ке имавме 10-20.000 умрени и 500.000 заболени
А замисли има луѓе живеат у населби со нив. Нормални луѓе, ко мене и тебе, Господ што ги казнил.
 
Има разлика помеѓу дискусија, хипохондрија и исплашеност. Да дискутираш со “аргументите“ на последните две групи е губење време.
Ај по 101ви пат ама до сега 10годишно дете ќе разбереше. Значи во средината на Март цел свет беше во карантин(со исклучок на Шведска и дискутирано е многу зошто они и без карантин "добро" поминаа) Периодот за да го исчистиме вирусот во државата беше од 15 Март-15 Мај таму некаде значи цели 2 месеца. Толку не разбираш па треба Пендаровски да ти каже дека економски неможе да издржиме пак се да се затвори. И тоа ова скоро секаде почнаа да отварат во почетокот на Мај иако имаа доста активни случаи. И држава со најака економија неможе да издржи повеќе од 3 месеца да биде се затворено. Е сега е период овде безразлика колку има денес,утре новозаразени нема затварање.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: k3b

Значи затворањето од 3 месеци беше за џабе. Сега, без разлика на штетите, мора да продолжиме. Е сега, каква е таа генијална стратегија за одложување на бројот на мртви од април за септември да не чини 700 милиони евра? Што добиваме со тоа одложување, сем 700 милиони евра штета? Пробавме ли? :D
 
На ВМРО не му одговара вонредна, пошто не можат да тераат кампања, обратно, на СДСМ му одговара (за ВМРО, кој е у предност, да не може да одржи нормална кампања), ама избори да има, ако може што побргу. Они би да укинат карантин и одма избори, што побргу.
СДСМ чекаше да се деси нешто како Синѓелич, за да може на Албанците да им покаже дека нема да важат законите за нив, нека немаат гајле, они ќе ги спасуваат од лошиот Чулев. Чулев го сконта тој предизборен трик и ги остаи Албанците што кур сакаат да праат, исто ко Груевски што праеше. Али затоа у македонски населби доследно си тераше...

Има уште многу примери, кај што едната или другата партија, секако ги боли кур за здравјето на граѓаните и одлуките ги донесуваат врз база на тоа дали тоа ќе му одмогне или помогне на политичкиот противник, а не врз база на реалните проценки на стручните и здравствените лица. филипче сакал неќел мора да ја игра партиската игра. и ја игра.

Албанците докажаа уште еднаш дека законите за нив не важат и дека секогаш ќе има македонска партија која ќе го ебе сопствениот народ, за сметка на албански гласови.

и така...

Све е исто, само Дарданија ми фали да каже како Албанија, Косово, Турска, Саудиска Арабија и Исламска Држава ефективно се справуваат со вирусот, а Србија и Русија најсрање.
 
Ај по 101ви пат ама до сега 10годишно дете ќе разбереше. Значи во средината на Март цел свет беше во карантин(со исклучок на Шведска и дискутирано е многу зошто они и без карантин "добро" поминаа) Периодот за да го исчистиме вирусот во државата беше од 15 Март-15 Мај таму некаде значи цели 2 месеца. Толку не разбираш па треба Пендаровски да ти каже дека економски неможе да издржиме пак се да се затвори. И тоа ова скоро секаде почнаа да отварат во почетокот на Мај иако имаа доста активни случаи. И држава со најака економија неможе да издржи повеќе од 3 месеца да биде се затворено. Е сега е период овде безразлика колку има денес,утре новозаразени нема затварање.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

15 март - 15 нови случаеви - се воведува вонредна состојба 3 дена подоцна, се затвара се, огромни екомски загуби и нарушено здравје на целата популација поради изолација, стрес итн

29 мај - 52 нови случаеви - се отвараат меани, гостилници, претседателот мудро најавува дека треба да научиме да живееме со вирусот и дека луѓе ќе умираат, тоа е тоа, јебига

Оваа е таа стратегија која ја теравме? И затоа се затворивме 2 месеци?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom