Прелет на NATO авиони низ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.573
Поени од реакции
947
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Како добредојде во НАТО, утре во 11:20 часот, над вардар ќе прелетуваат американски воени авинони, придружувани од 2 грчки авиони. Ќе дојдат од правец кон аеродромот, и ќе се лета долж реката Вардар.
Интересно нешто барем за мене е што американските воени авиони на пат кон Македонија нема да застанат у опште да напунат бензин, туку тоа ќе се деси во воздух.
Еве поопширна статија од канал 5:

Значи вака нешто би му дошло ова:

Кој обожава вакви ствари бујрум нека дојде околу 11 часот, јас барем мислам дека ќе биде незаборавно искуство да прелетаат такви авиони на 1,500m височина, што за таков авион е доста ниско.
 
Стварно е многу јако чуството да те прелетаат ловци. Еднаш имав прилика во Германија да присуствувам на еден аеро митинг каде не надлетуваа воени авиони, се спуштаа толку ниско што сите по инерција се наведнувавме.....моќно и незаборавно е.

ПС Еве како оди полнењето гориво во воздух :)
 
Последно уредено:
Стварно е многу јако чуството да те прелетаат ловци. Еднаш имав прилика во Германија да присуствувам на еден аеро митинг каде не надлетуваа воени авиони, се спуштаа толку ниско што сите по инерција се наведнувавме.....моќно и незаборавно е.

13458713_10153581030321466_4345207925118114746_o.jpg

11260512_10152802116116466_8868715183754317908_n.jpg

Од Аеромитингот на Аџитепе, пред околу 17-18 години. Направија добра финта така што цела публика ја свртеа кон 2-та хеликоптера, и авионот покрај нив, као во стилот, глејте ги Ми-24-ките кои летаат со максимална брзина, покрај авионот кој лета со минималната.

Дур сите буљевме таму, од позади не надлета вториот Сухој на едно 20-тина метри висина, па се посравме квалитетно од звукот, зашто никоj не го виде.
 
Бев на истиот, се посравме кога прелета вториот сухој, инаку имам присуствувано и во Београд на акробациите стрижи што ги изведуваат, тоа е луда работа... инаку ова симболика на окупација мириса со 2 грчки авиони.
 
Сум присуствувал на воен аеромитинг во Шведска, ама како гости беа и Блу Анџелс и Тандербрдс од Америка, 2 миг-29ки Руски, француски Мираж и европскиот Еурофајтер плус шведските СААБ модели и најновиот - Грипен..
Права сензација е да се присуствува на таков настан... звукот, близина на авионите, ниските прелети, акробациите... се комплет е нешто што никогаш не би го пропуштил.

Миговите грмеа и правеа страшни акробации, а секоја чест и за ф-16ките од БлуАнџелс и нивното добро познато вертикално полетување при брзина од 300км/ч или нотс, не се сеќавам добро, ја крева палката и вертикално шиба нагоре а во меѓувреме пилотот доживува 7 џи-форс...

Следен настан низ Европава, и обавезно би присуствувал....
 
Последно уредено:
Поминаа 4 мали и 2 големи, големите нз што авиони беа многу ме интересира, беа подредени и интересно беше:D

А прелети ниско, во 2001 год сухоите кога прелетуваа ги памтам сите легнавме на земја :ROFLMAO:

И во војната во Србија кога ги бомбардираа сум се изнагледал апачи хеликоптери подредени и по 10 еден по друг и доста ниско прелетуваа, транспортни со две перки што вртат и авионите им ги гледав правеа вежби ама мн високо беа тогаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom