Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Какви шарлатани испаднаа тие од комисијата за заразни болести, и сите наводни експерти и групи задолжени за справување со кризава.

Ебати дипломата и титулата што ја имаш ако треба намерно да се давиш во контрадикторност, да се понижуваш и да играш како што ти свират од партија и влада, целосно погазувајќи ги сите принципи и труд што си вложил дотогаш.

По не знам кој пат се докажа дека партиските интереси се пред интересите на народот. Гол популизам и лицемерно душегрижништво, скриени зад наводна борба против вирусот.
 
Зборуваме за период кога цел свет беше во хаос, сите носеа некакви (добри или
лоши) одлуки. Комисијата за заразни болести следеше препораки дадени од СЗО и познавајќи си го народот и здравствениот систем носеше одлуки. Според мене, многу повеќе потфрли МВР него Министерсто за Здравство.

МВР се плашинда казнува и легитимира во Тетово, МВР шета на литургија во Струга.

Не се согласувам дека Комисијата за заразнј болести има толку голема грешка направено.
Јас не зборувам за спроведувањето на мерките. Туку за мерките како такви. Едноставно, истата комисија, со исти бројки, носи две различни одлуки. Едната, мора да е погрешна. Или денешната, или таа од пред два месеци.

Спроведувањето или неспроведувањето на МВР не може да биде изговор за укинување. Ако МВР не ги спроведува мерките, комисијата треба да реагира со барање за уште построги, ако се сигурни дека не направиле грешка. А не со предлог за укинување.
 
Држење дистанца, дезинфекција, заштитни маски можеше да се воведат и во март. Исто и да се регулираат и влез и излез од граници. Тоа не е никако поврзано со временските рестрикции за движење и забрани за вршење дејност на некои бизниси.

На Комисијата за заразни болести и Владата. При потполно иста статистика помеѓу 10-16 Март и 20-26 Мај (ок, нешто полоша во мај) носат комплетно спротивни одлуки. Од тоа може да се заклучи дека првата била погрешна.
Во Март не се знаеше ништо за вирусот, ни колкава е смртноста од истиот, ни како се пренесува, апсолутно ништо.
Во таква ситуација се знае што се прави, се затвара све додека не се смири ситуацијата и додека се направи план за справување со вирусот.
Нашите гледаа како во Италија и Шпанија излегува ситуацијата од колосек и познавајќи си го народот мораа така да интервенираат.
 
Едноставно, истата комисија, со исти бројки, носи две различни одлуки.

Зошто времето на носењето одлуки суптилно го занемаруваш? :)

Ако на 17 години пиеш бренди бадел, на 23 шток а на 30 Џејмисон не значи дека пиењето бренди бадел била грешна одлука него финансиите (ситуацијата) налагале да ја носиш таа одлука.
 
Само што на 30 веројатно имаш повеќе пари за да си дозволиш Џејмисон, а нашето здравство е на ниво на ракија и пред 3 месеци и сега. Ништо се нема сменето.
 
Само што на 30 веројатно имаш повеќе пари за да си дозволиш Џејмисон, а нашето здравство е на ниво на ракија и пред 3 месеци и сега. Ништо се нема сменето.
Да се разбереме ракија неколку места празни па сите останати пијачки :)
Продолжете си со дискусијата :pipi:
 
Затоа што не можиме вечно да бидиме во карантин, вирусот е под контрола во поголемиот дел од светот, и немој да мислите дека од утре се ќе биди исто како порано, мерките ќе си постојат, држење дистанца, дезинфекција, заштитни маски итн.
Границите нема да се отворат за сите земји наеднаш, ќе има големи контроли.
Има 5 милиони случаи, како е вирусот под контрола :D?
 
Само што на 30 веројатно имаш повеќе пари за да си дозволиш Џејмисон, а нашето здравство е на ниво на ракија и пред 3 месеци и сега. Ништо се нема сменето.
Ова е друга страна на проблематиката.
Здравството ни е боранија, место да се прават барокни фасади, споменици и триумфални порти требаше таму да се инвестира ама не, ќе сме праеле капитални инвестиции во вид на споменик лав на мост.

Е сега, тоа што здравството ни е боранија не значи дека не требаше превентивно да се реагира поригорозно на почетокот на пандемијата кога пред се' СЗО предложи такви мерки а второ, не се знаеше апсолутно ништо за вирусот. Плус, како што веќе знаеме, тенденција во светот беше да се носат такви мерки (чест на исклучоци на земји со здравство јако ко утринска ерекција на средношколец).
 
не можете да речете за мерките дека не чинеле, добри беа мерките додека народот колку толку ги поштуваше и да останеше така до сега ќе се минимализираше бројот на заразени, за разлика сеа кога не знаеме у кој курац ќе отиде работава со шведскиот модел
 
Има 5 милиони случаи, како е вирусот под контрола :D?
Под контрола е, во најпогодените земји до пред еден месец беа пута десет бројките, активни случаи е едно, нови случаи е друго.
 
Ваљда во зависност од ситуацијата ќе олабавуваат или ќе стегнуваат.
 
Тогаш тоа би било аргумент плус за воведување построг, а не за укинување на полицискиот час.
Така е, ама не може избори да се одржуваат во такви услови.
 
Ова е друга страна на проблематиката.
Здравството ни е боранија, место да се прават барокни фасади, споменици и триумфални порти требаше таму да се инвестира ама не, ќе сме праеле капитални инвестиции во вид на споменик лав на мост.

Е сега, тоа што здравството ни е боранија не значи дека не требаше превентивно да се реагира поригорозно на почетокот на пандемијата кога пред се' СЗО предложи такви мерки а второ, не се знаеше апсолутно ништо за вирусот. Плус, како што веќе знаеме, тенденција во светот беше да се носат такви мерки (чест на исклучоци на земји со здравство јако ко утринска ерекција на средношколец).
Ја знам дека таква беше тенденцијата во цел свет, не очекував нашата влада да прави експерименти. Ама тука трубевме дека стратегијата има огромни нелогичности на долг рок и дека истата ќе крахира после неколку месеци, што и на крај се случи. ЈА би прифатил дека во моментот морало да се реагира доколку имавме некој ефект кој го подржува тоа ама немаме. Здравството ни е на исто ниво дури би рекол полошо, граѓаните се истоштени и економски и психички до тој степен да одбиваат да веруваат у вирусот. А вирусот и понатака е на стандардните бројки од претходно.
Сеа вина може да барате кај МВР, граѓаните, меѓутоа треба да побарате и кај комисијата поради стратегијата која се глеаше дека е неизводлива на долг рок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom