А колку е само поубаво и поедноставно да си го уклучиш телевизорот, поверуваш во апсолутно сé што ќе ти соопштат и нити се замараш, нити ништо, уживаш дека некој се грижи и мисли за тебе и крај приче.Шубо вака шо верувате во светски заговори, дека не лажат со коронава и дека намерно не затвораат.
Штета што немате никаков чар од сето то, иако ете ги откривте што му се намерите, најмногу што може е на форум да напишете и да си седите дома затворени
RIP КоронаVe molam site, F in chat for my bibba Covid.
Реисот Реџепи: Ковид-19 го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов еднаш засекогаш - еМагазин
Реисот Сулејман Реџепи по денешната молитва за Рамазан Бајрам во Мустафа паша џамијата, го прогласи корона вирусот за мртов. „Да даде Господ да бидеме во подобри услови во нашата победа против злото. Меѓународното зло што го потресе целиот свет, целото човештво или пандемијата Ковид 19 што...emagazin.mk
А колку е само поубаво и поедноставно да си го уклучиш телевизорот, поверуваш во апсолутно сé што ќе ти соопштат и нити се замараш, нити ништо, уживаш дека некој се грижи и мисли за тебе и крај приче.
Инаку, прочитај за Милграмов експеримент, па ќе увидиш колку луѓето што слепо веруваат и го прават она што ќе им се каже се впрочем "свесни, разумни и општествено-одговорни", а токму такви се грото од нас, особено сега во време на корона кризава.
Докажано е, и гореспоменатиот експеримент го потвдува тоа, дека не повеќе од 5% од луѓето мислат, 10% мислат дека мислат, а 85% попрво би се убиле отколку да почнат да мислат.
Инаку, еве вежба за размислување.
Имено, ако вирусов беше толку стравотно пренослив, тогаш прва борбена линија апсолутно не се лекарите, туку вработените во супермаркетите.
Па така, од милион луѓе кои продефилираа таму и ем го загадија и заразија воздухот, ем ги допирааа производите кои ги допираа и оние на каса, ем тешко дека имаше 2 метри растојание помеѓу купувачот и продавачот, ем не сите беа со маска, особено на почетокот на пландемијава, продавачките на каса беа најмногу на удар и се заразија во огромен процент, па затоа и ги менуваа и менуваат на 2-3 дена, оти претходните многу брзо покажуваат симптоми и бргу потоа се дијагностицирани со ковид-19...Хм,или да не не беше баш вака...?!?
Има другар многу аргументи кои можам да ти ги претставам, постојат Нобеловци, интелектуалци и од светот на медицината и истражувачи, и од Балканот и од другите делови на светот, сите со научни признанија за нивната дејност, и знаеш што е интересно? Нивниот број се повеќе и повеќе се зголемува.Добро, еве начитан си, чакрите отворени, негирај ги бе друже сите овие институции. Напиши научни трудови како Короната не е опасен вирус и како треба сите слободно и безгрижно да се шетаме. Постирај релевантни ликови и линкови каде може и ние што гледаме Сител да прочитаме и да си ги отвориме очите пред овие злодела што ни ги прават државите. Организирај протести, поттикни промени кои ќе влијаат на нашите животи и бизниси.
Се додека не можеш ова да го направиш и само ќе викаш будали сте што верувате во ова, а јас можам постојано да ти постирам линкови каде постојано се повикува на внимателност и се укажува на здравствените последици од вирусот, постојано можам да ти кажувам примери од мое опкружување кое моментално страда со заразени и починати личности и нема да можеш да го побиеш фактот дека не е мачкина кашлица ова што се случува и кај нас и во светот. Нема да можеш да го побиеш фактот дека сепак ова што се прави се прави да се заштитат што е можно повеќе луѓе, колку и да има политички па и верски удел последно време во сето тоа.
Поставувањето на прашање зошто продавачките во маркети не се заразија не е доволен аргумент за да се побие моќта на зараза со овој вирус. Исто како што собирот во џамија не значи автоматски дека сите ќе се заразат.
Единствено што е битно е дека мерките како социјална дистанца, дезинфикација и носење маска се работи што мора да се направат ако сакаш најпрво сам да се заштитиш, а потоа и останатите околу тебе, иако никој не ветува дека тоа е 100% заштита и моментално не кошта ни 5 пари. Полициските часови кои се носат се мерки донесени затоа што државата увидела дека сме магарина кои не знаеме ни овие основни работи да ги почитуваме. И тие не се мерки кои би донесле 100% заштита, но сепак придонесуваат да нема собири од кои дефинитивно би излегле многу повеќе заразени.
За крај, ќе има исклучоци кои не почитуваат ништо, ќе има фабрики кои ќе работат се додека некој не се зарази, па потоа ќе направат пауза, ќе се праваш шеги дека короната само после 7 часот убива, ќе има многу нелогичности, но ништо од тоа нема да го побие фактот дека сеуште короната владее со светот, а не светот со короната. Како ќе се избориме само од нас зависи како што и пее нашата позната пеачка Каролина.
Епа ајде претстави, само немој тој германскиот доктор антиваксер шо е или некој на српски јутуб видеа.Има другар многу аргументи кои можам да ти ги претставам, постојат Нобеловци, интелектуалци и од светот на медицината и истражувачи, и од Балканот и од другите делови на светот, сите со научни признанија за нивната дејност, и знаеш што е интересно? Нивниот број се повеќе и повеќе се зголемува.
Инаку, еве на она со продавачките не можеш да одговориш, имам поставено уште 7-8 вакви интересни чудесии кои не ми се јасни и на кои никој од оние "паметните", не ми понуди барем некаков одговор. Некои од нив се поставени и на светско ниво од грото поповикани лица, но и тие не добиваат одговор, а наместо тоа им се повторува дека е ова опасно, и да се одржува дистанца, маска и сл. (потполно исто како твојов пост, нели), а одговор едноставно нема. Не сакам да спамирам па нема повторно да ги постирам моите дилеми.
Нешто што сфатив за време на "пландемијава" или "план медијава" е фактот што никого не можеш да го убедиш да ја открие или увиди вистината, дури и кога му е задоволително сервирана што се вели "на тацна". Просто работите не функционираат на тој начин.
Затоа единствениот пат е сам да започнеш да истражуваш и верувам ќе откриеш што зборувам (околу ковид-19, а и некои други работи), затоа што луѓето ја откриваат вистината секој засебно, без притисоци, сите во различно време и на свој начин, во оној момент кога ќе бидат вистински подготвени.
Како што кажав, мораш да истражуваш сам, но еве неколку хинтови, па ти види си што понатаму.Епа ајде претстави, само немој тој германскиот доктор антиваксер шо е или некој на српски јутуб видеа.
А и не кажа што да правиме? Да нема полициски час и да не држиме социјална дистанца? Се да биди како што беше пред ноември 2019?
Дај просветли не со вистината И дали го фалиш тој Вело што смени 20 мислења во текот на пандемијата.Како што кажав, мораш да истражуваш сам, но еве неколку хинтови, па ти види си што понатаму.
Од Македонија веројатно си свесен за Проф. д-р и инфектолог Вело Марковски.
Од Србија имаш неколку доктори (не сакаш српски извори, ок, прескокни ја оваа точка, ќе одам се позападно).
Деканот на медицинскиот факултет во Пула, Хрватска.
Парламентарци од италијанскиот парламент со логични дилеми на кои нема одговор.
Понатаму, следи го Youtube каналот London Real за многу голем број на доктори и истражувачи од Англија, САД и други западни земји, како Бутар и сл.
Инаку, јас пишував и претходно, зарем не е волтеровски да се остави секој да ја искаже својата вистина, а не да се бришат видеа, канали, профили што имаат алтернативна верзија на официјалниот корона наратив?!? Доколку барем мааалку следиш нешто плус сигурно си свесен дека ова се манифестира во 99% од овие случаи и ако си фер нема да го негираш овој факт. Да не зборуваме за етикетирањето на тие личности како шарлатани, антиваксери и сл., па го етикетираа еден Марковски, а да не зборуваме за западната пропагандна машинерија и за оние случаи кога се работи за многу повлијателни лица од нашиот професор. Тие за шарлатан прогласија француски Нобеловец за своите различни ставови за коронава....
Па така, мислам дека е доволно, не би сакал да се препукуваме јас и ти на темава, нека си го искажат и другите своето мислење, а ако навистина си желен за вистината тогаш кажи и ќе ти испратам по пп уште 7-8 дилеми како она со продавачката, па обиди се сам да си дадеш одговор (постирани се тука од мене, но ете да не луташ ако не си ги забележал претходно).
Не се препукуваме, во принцип се што имаш набројано речиси и да е пишано во темата и имам прочитано.Како што кажав, мораш да истражуваш сам, но еве неколку хинтови, па ти види си што понатаму.
Од Македонија веројатно си свесен за Проф. д-р и инфектолог Вело Марковски.
Од Србија имаш неколку доктори (не сакаш српски извори, ок, прескокни ја оваа точка, ќе одам се позападно).
Деканот на медицинскиот факултет во Пула, Хрватска.
Парламентарци од италијанскиот парламент со логични дилеми на кои нема одговор.
Понатаму, следи го Youtube каналот London Real за многу голем број на доктори и истражувачи од Англија, САД и други западни земји, како Бутар и сл.
Инаку, јас пишував и претходно, зарем не е волтеровски да се остави секој да ја искаже својата вистина, а не да се бришат видеа, канали, профили што имаат алтернативна верзија на официјалниот корона наратив?!? Доколку барем мааалку следиш нешто плус сигурно си свесен дека ова се манифестира во 99% од овие случаи и ако си фер нема да го негираш овој факт. Да не зборуваме за етикетирањето на тие личности како шарлатани, антиваксери и сл., па го етикетираа еден Марковски, а да не зборуваме за западната пропагандна машинерија и за оние случаи кога се работи за многу повлијателни лица од нашиот професор. Тие за шарлатан прогласија француски Нобеловец за своите различни ставови за коронава....
Па така, мислам дека е доволно, не би сакал да се препукуваме јас и ти на темава, нека си го искажат и другите своето мислење, а ако навистина си желен за вистината тогаш кажи и ќе ти испратам по пп уште 7-8 дилеми како она со продавачката, па обиди се сам да си дадеш одговор (постирани се тука од мене, но ете да не луташ ако не си ги забележал претходно).
Па така кажи си дека не те интересира вистината, да не губиме карантинско време ни ти ни јас.Не се препукуваме, во принцип се што имаш набројано речиси и да е пишано во темата и имам прочитано.
И не, вистината не ме интересира, ме интересираат предлозите, одлуките и резултатите без разлика каква е вистината.
Она што не го кажа е што предлагаш ти да правиме, да водиме нормален живот како пред ноември 2019, да почитуваме мерки кој како ни одговара или во целост да ги почитуваме мерките? Какво е твоето гледиште за живот во јуни 2020?
Глоџ
Две џамии во Тетовско со затворени врати, „никогаш не сум ги почитувал одлуките на реисот Сулејман Реџепи“
Одлуката за држење молитва за Фитр Бајрам не ја почитуваа двајца имами во Тетово. Вратите на џамиите во селата Порој и Глоџ утрово беа затворени. Имамот на џамијата во Порој, Максут Абази вели дека оваа одлука ја донел заради безбедноста на граѓаните имајќи ја предвид состојбата со ковид-19 и...m.mkd.mk
Ама сепак поради полицискиот час не можеш да излезиш. Доколку си толку убеден во твоето верување како што ти кажав, вложи време средства, прави кампањи отвори ги очите кај цел народ и со поддршка на јутуб каналите и Вело избори слобода за сите. До тогаш сепак ќе живееш во општество и ќе почитуваш одлуки кои се донесени за сите, без разлика на вера и нација. Само да ни кажуваш тука колку сме глупи што веруваме на Сител и Филипче нема да ти помогни многу, се додека повеќето се на спротивната страна.Па така кажи си дека не те интересира вистината, да не губиме карантинско време ни ти ни јас.
Баш ми го потврди тврдењето што ти го пишав претходно дека секој ќе си верува во што сака и нема да ја прифаќа вистината и тогаш кога ќе му биде пред очи, се до оној момент кога сам нема да биде подготвен за неа.
Инаку да, сметам дека е потребно тотално укинување на мерките и самоизолирање како свесна и ненаметната одлука на секој поединец исклучиво при појава на мали симптоми на настинка (чисто за секој случај, луѓе умираат и од грип и од вадење заб, да се разбереме) ете како компромисно решение за сите.
Се гледа дека уou get real satisfaction од меркиве, ок е, радувај се што седиш дома и во недостаток од аргументи откако ти посочив се што бараше и ти понудив плус инфо по пп кое секако го одби, сега ликуваш на сметка на оние со кои не се согласуваш.Ама сепак поради полицискиот час не можеш да излезиш. Доколку си толку убеден во твоето верување како што ти кажав, вложи време средства, прави кампањи отвори ги очите кај цел народ и со поддршка на јутуб каналите и Вело избори слобода за сите. До тогаш сепак ќе живееш во општество и ќе почитуваш одлуки кои се донесени за сите, без разлика на вера и нација. Само да ни кажуваш тука колку сме глупи што веруваме на Сител и Филипче нема да ти помогни многу, се додека повеќето се на спротивната страна.