Коронавирус (COVID-19)

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.711
Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1921, оздравени 9 пациенти, почина 1 лице.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.

Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Сега ке кажат дека е намалена бројката денес и нема потреба за ригорозен карантин да се извадат со реисот.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Прво пред се, најдлабоко од дното на моето срце се извинувам што ви ускратив неколкучасовна дискусија „lopovista zasto policiski cas!!!11!!11“ и „срам да муе шо права вака!111!!“.
Второ пред се, темава е преобемна да се исфилтрира одеднаш бидејќи се преполни со се и сешто. Сите обиди да се воведе некаква насока во дискусијата беа изигнорирани и се плачеше поради казнените за оф-топик и затоа веќе сметам дека нема поента да стојат сите тие мислења во оваа тема и во подфорумот Здравје.
Земајќи го предвид горенаведеното, а со цел да не бидат изгубени во темнината сите ваши мислења од оваа тема во кои вложивте неизмерен труд, постепено ќе ги префрлам мислењата кои не се директно поврзани со здравје во оваа општа тема за корона која соодветно на природата на дискусијата ќе стои во подфорумот Општи муабети.
Јасно, гласно и недвосмислено најавувам дека од овој момент натаму секој пост што не е директно поврзан со здравје ќе биде избришан и ќе добие казнени поени за оф-топик.
Да појаснам што мислам под тоа:
- Постови со ваше толкување на статистики
- Постови со ваши ставови дали се мерките соодветни или не (освен ако некој нема минимум 20 годишно искуство со инфективни болести и епидемиологија)
- Постови поврзани со политика
- Постови со лични навреди и вулгарности
- Постови со „братучката на внуката на стринка ми“ информации
- И-така-натака постови кои се ваши идеи и филозофии за животот, а на ниеден начин не се поврзани со здравствените последици на човековиот организам од коронавирусот и заболувањето предизвикано од истоимениот (односно, ковид).
Ама, форум е, секој има свое мислење, секој треба да си го каже мислењето, бља-бља-бља. Не ви го ускратувам правото да имате мислење, само ви го ускратувам правото истото да го изразите на несоодветна тема.
Темата на која се пренасочува општата дискусија е Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија.
Во моментов само еден мал дел од мислењата од оваа тема се префрлени таму, постепено ќе се надополнува со сите мислења кои не се соодветни за оваа тема.

/пропагандна машинерија over and out
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
But why?

Општа само за здравје имате, таа е read only.
Let me put it this way - ако во темите за рецепти се почне со дебата дали цената на Жито Лукс брашното е соодветна, дали е економски исплатливо што Македонија увезува брашно, дали дизајнот на маркицата за увезеното брашно е добар или треба да се стави сонцето од Вергина на неа, КОЈ КУПУВА СРПСКО БРАШНО Е ПРЕДАВНИК НА ДРЖАВАТА, тие што се тетовираат се дрогираши, брашно е добро ама само на нос ти текнуе бачо хуехуехуе, дали е таа дискусија сè уште за во гурманско катче?
Очигледно голем број членови сакаат да си го изразат мислењето за општата ситуација, но тоа не значи дека нивните мислења се за во овој подфорум.
За да не бришам мислења што се оф-топик за оваа тема и да скратам мака на сите, ова е оптимално решение за сите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Не знам дали е офтопик прашањево
Состојбава збунува. Другите држави се изотворија за туризам и движење на населението, Македонија пак се зголеми бројот. Може да кажам дека сме и прилично дисциплинирани, со маски, најчесто со дистанца, еве и денеска што гледав луѓето што се молеа беа со маски...каде грешиме, не ми е јасно.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Не знам дали е офтопик прашањево
Состојбава збунува. Другите држави се изотворија за туризам и движење на населението, Македонија пак се зголеми бројот. Може да кажам дека сме и прилично дисциплинирани, со маски, најчесто со дистанца, еве и денеска што гледав луѓето што се молеа беа со маски...каде грешиме, не ми е јасно.
Носат маски до маркети, банка или аптека ама погледај што се случува на семејните дешавки по 15+ луѓе што се собираат. Дополнително отиди во парк или било каде некое излетничко место ќе видиш масовни собиранки, значи препораката за повеќе од 2ца да нема собирање не се почитува ниту малку

Ако ги отворат за брзо угостителските објекти како што се шушка уште толку ќе се влоши ситуацијата, за жал свеста е на многу ниско нив кај нас..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Еве линк со информации од СЗО за Македонија

или за најнови информации може да пристапите и од Google пребарувачот. Со внес во пребарувачот на зборовите "Macedonia Covid"
добивате актуелна состојба за број на случаи, симптоми, превенција, објаснување за вирусот/инфекцијата, линкови до страните релевантни за здравствениот систем во Македонија и слично.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Автоматски споено мислење:

Untitled.png
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.831
Поени од реакции
40.269
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 252698Прегледај го приврзокот 252698
https://citaj.mk/2020/05/24/sulejman-redhepi-proglasuvam-deka-kovid-19-e-umren-od-deneska/

Не се важи ова, нив врачот друго им кажал.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Забраната за движење која деновиве е продолжена поради празникот Рамазан Бајрам не воведе целосен ред на улиците на Скопје.


Отворени продавници и луѓе по улици и паркови, ова е сликата што ја затекна екипата на Телевизија Телма во обиколка на северниот дел на градот.


Најголем метеж имаше во Чаир и Топаана.


Мерките против ковид-19 не се почитуваа во целост ниту утрово, во часовите во кои беше дозволено движење, а кои граѓаните ги искористија за чествување на муслиманскиот празник и одбележувањето на денот на Св. Кирил и Методиј.

Во џамија се влегуваше и без заштитни маски и не секаде се одржуваше дистанца. На литургијата во чест на сесловенските браќа Св. Кирил и Методиј пак, се бакнуваше крстот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нека се затворат болниците и медицинските лица на колективен одмор. Се останато што му се слави Бајрами, родендени, чуда - нека си слави и потоа нека се лекува кај локалниот поп/оџа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom