Мислења за КСИАР? Не ме интересира дали ќе се убијам од учење или не, туку дали тие шо завршиле таму успеале да најдат добра работа (во странство барем, со оглед на тоа што во државава не преовладува многу роботика)?
И ако знаете каква е популарноста на смеров низ годините, можеби ќе ми помогне во одлуката да сменам смер после прва година.
јас завршив КСИА пред 6 години. Неколку типс зошто да не го избериш овој смер:
- Учиш 10 математики. 4 те основни и + 6 предмети стучни кои се напредни математики. Ништо поврано со надворешниот свет. Се некои апстракни теореми кои во реален свет ги употребуваат макс 10 луѓе во цела Европа (оние што проектираат авиони и автопилоти)
- Учиш основи од секој смер, но во ниту еден не си стручен. После факсот си бараш работа со следново звање: PLC програмер - програмер за машини и автоматски линии (додатен фак ап е тоа што на факс те учат на програмски јазик од 1970 тите - ladder диаграми, така да и за ова треба пак од 0 да го почниш за во индустријата)
- Најниско платен инжинер од сите електро инжинери било во Македонија било во странство.
- Роботика заборај на овој смер, не е она што мислиш дека е. На смеров ќе учиш кинематика и динамика на индустриски робот. За програмирање на робот во реален свет треба да имаш знаење од напредно програмирање, алгоритми и алгебра, така да колегите од програмерските струки имаат поголема веројатност да бидат роботски инжинери спрема тие од ксиар.
-За делот за странство. Со овој смер а и со другите смерој не се надевај дека ако завршиш на овој смер те чекаат во странство да ти дадат работа. Странците ќе те вработат ама треба да си испечен инжинер, а не тазе дипломиран (освен ако не си вундеркид со 9.99 просек). Проблемот е што пак во Мк нема каде да го совладаш занаетот, PLC програмери се ептен малку барани во Мк. Плус платата е лоша и во Мк и во странство. Програмерите земаат дупло повисока плата него PLC инжинери и во странство и во Мк.
Би ти резимирал:
- Учиш премогу непотребни работи
- Излегуваш од факс не спремен
- Нема да ти се исплати на крај
- Нема каде да го испечиш занаетот во Мк
- И во странство ти даваат ниски плати, малце над просечна плата.
Мој совет= одиси на програмирање бе дете.