Александар Митевски - се уште активен со Дац. Еден од ретките што уште прави спотови и музика. Видеово е од пред 18 години. Не требаше до сега некој нов Александар Митевски да се појави?
Немам појма која е оваа :/ Кочовска?
Маја Гроздановска - се омажи и толку од кариерата. Очекувано, нема нова Маја Гроздановска на сцената
Атанас Костовски - пензиониран, мислам имаше некоја инволвираност со СДСМ кога беа во опозиција?
Росана (или беше Маријана) - Би требало да не е активна повеќе, најверојатно нема ни да има нови Маријани и Росани пошто тој жанр на музика полека умира
Чинам овие двајца беа некои од талент шоуто на М2?
Дечково ми личи на Мартин Вучиќ. Ако е он, ете повлечен е од музичката сцена, нели, немаме нов Мартин Вучиќ...а ваљда не е он.
Сања - Во брак со Слаткар, освен Дунавка која што е infamous, немаме други манекенки што се познати
Другата Кочовска - Уште е активна, уште има сила како и порано
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
дали ќе излезе нова како неа на сцената во државата? Doubt it
Дарко Панчев - И овој нешто инволвиран со СДСМ беше чинам
Дац и другиов актер што не ми текнува како се вика во моментот - Двајцата активни беа во политиката, чинам и двајцата беа некаков дел од СДСМ
Калиопи - Прави рандом видеа на инстаграм, тешко уште една Калиопи да се појави на сценава
Тарчуловска - Via proxy со мажот инволвирана во политика
Драган Вучиќ -
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Ах бе
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Нема што да се каже тука што не кажав во постот пред недела дена. Нема да има уште еден како него сигурно
Весна Петрушевска - После обид за самоубиство, сепак се уште е тука и е активна. Не гледам ниту еден што би успеал да биде на нејзино место или како водителка (Вртелешка беше ептен гледана емисија на времето) нити пак како актерка позната по комични престави
Никола Ристановски - Сериозно мислите дека ќе има човек што ќе дојде блиску до него од новава генерација? И да има, Никола Ристановски се станува со многу искуство така да..тоа е, ќе се изначекаме за уште еден ко него
Нон-Стоп: Бени беше инволвиран со СДСМ, другиот не знам :/
Владо Јаневски - Се уште е активен колку толку, нема СИДА, нема Корона, има пеено на кампањи за двете партии
XXL - Немам појма кај се овие :/
Илиевски новинарот - се уште е активен. Генерацијата на спортски новинари од А1 се уште е активна така да рано е да се бараат "Нови познати новинари од областа на спортот"
Бенд од Силви бенд - Не знам дали ја утнав жената у спотов до сега, ама ете, се уште се активни. Искрено чисто сумњам дека некогаш брачен пар ќе биде музички популарен во државава
Силви од Силви бенд - Ах, еве ја, со Мартин Вучиќ.
Наум Петрески - Се уште е активен, си пие, си јаде месо, си живее живот. За повеќе See: Марјана/Росана
Дечково ваљда беше од М2? неам појма кој е
Нора Шаќири - Чинам нема некоја емисија оваа?
Мики Црнокрак - И тука нема што многу да се каже, не знам ни дали е активен, ни дали има модни агенции во државава....ваљда Елена Лука го има земено приматот од тоа "селебрити од светот на модата во Македонија", така да, честитки, модата е единственото нешто што не е паднато во овие 18 години, без зафрканција шокиран сум од ова
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Ете, конечно категорија каде што тој од 2002 не активен, а постои замена
Мики Јовановски Џафер - Не знам што прави овој овие денови, секако не очекувам во скоро време да чуеме шлагер од типот на Сонце за три светови од било кого во државава
Наталија Грубовиќ - Немам појма каде. За повеќе: See: Сања
Ѓорѓи Крстевски - Не е активен. Никогаш повеќе нема да имаме сцена каде што ќе може да имаме повеќе од 5 машки вокали кои што ќе успеат да живеат само од музика, ама тоа е, се надевам ги заштедил парите од тогаш
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Чинам за Надал навива овој? Кул човек ако е така
К-15: Цацко е дел од СДСМ, Васко отиде во Австралија па се врати, Бранко е активен со Фчерашни Новости. Ни во 20 универзуми нема да излезе некој што ќе успее да биде на нивно ниво на популарност (пошто јбг, за жал такво време е)