Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување

Втор пациент заболен од КОВИД-19 се извлече од респираторна машина во Скопската градска општа болница „8 Септември“, соопштија од болницата. Тој е Тетовец на 43 години. Претходно, на 4 мај, во истата болница од респираторна машина се опорави и маж на 37 години од Скопје.

„Многу сме среќни, радосни и задоволни што имаме втор пациент кој се лекуваше од КОВИД-19 кој веќе не е на респираторна машина“, вели д-р Лилјана Малиновска-Николовска, анестезиолог од Градската општа болница „8 Септември“. Доктор Николовска беше главен иницијатор да се воведе озонска терапија за заболените пациенти со КОВИД-19 во нејзината матична болница. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК таа инсистира дека опоравувањето на овој пациент, како третманот и на сите други што лежат на интензивната нега зависи исклучиво од тимска работа на анестезиолози, инфектолози, интернисти и медицински сестри.

Пациентот бил примен на 6 мај во многу тешка состојба предизвикана од компликации на коронавирусот. Тој немал историја на други болести. На респираторна машина бил 12 дена. „Денес се разбуди, свесен е и веќе јадеше“, вели д-р Малиновска-Николовска.
 
Дури добро излезе што не се залетаа со набавка на илјадници респиратори, оти гледаме не требаат.
Се залетаа едно време за стотина, ама откако излегоа во јавност документи за набавка од Бразил по 5 пати повисока цена од реалната, почна Венко на прес да се дави во контрадикторност и да врти како киша око Крагујевац.

Прво фејк њуз била набавката, после не била фејк њуз, туку испоракта била запрена во Бразил, со одлука на нивната влада. Се водела интензивна комуникација за да се ослободи пратката, бла бла бла... и на крај го поништија тендерот. :LOL:
 
Најголеми кластери се Тетово - погребот и Синѓелич - ифтарот. Тоа ако го исклучиме кластерот во Дебар, кој веќе ваљда не е активен.

Си викам, да не не му дале пари овие на реисот....
 
 
Многу нормално е да има вакви забелешки. И да штити 99.9% се оградуваат од тој мал процент од евентуални тужби.
Никој не бара гаранции дека нема да се зарази,тоа што плаши е што пишува дека не го намалува ризикот од заразување воопшто.Тогаш се поставува прашањето,кој му кур носење маски на 40 степени под сенка?
Автоматски споено мислење:

Друго ке беше да пишуваше дека го намалува ризикот а не е 100% заштита
 
Никој не бара гаранции дека нема да се зарази,тоа што плаши е што пишува дека не го намалува ризикот од заразување воопшто.Тогаш се поставува прашањето,кој му кур носење маски на 40 степени под сенка?
Автоматски споено мислење:

Друго ке беше да пишувало дека го намалува ризикот а не е 100% заштита
Веројатно е несреќно склопено, предипредувањето со секоја наредна реченица станува поопшто. Почнува со Корона завршува со било каква болест или инфекција.
 
 
Па нормално ќе се оградуваат кога 90 посто не знаат како се носи маска и не го покриваат носот, се гушкаат и бацуваат со роднини, што мислиш зашто погребот во Тетово и Дебар се големи кластери? Како се изразува сочуство?

Некој со Корона ако носи маска и ти носиш маска и не се гушкаш и бацуваш, туку само правите муабет, не можеш да се заразиш затоа што додека он збори и плука, плунката му се задржува на маската плус има 1 метро најмалку дистанца, плус ти имаш маска. После идеш дома ја вадиш маската и што правиш прво? Па нормално дека миеш раце... На некои луѓе и да им црташ како да се заштитат нема да те разберат...
 
Да не можиш да се донајадиш.
Најјакото, сместени се во карантин во некои приватни апартмани Де Лукс и газдата им се правда, ам не сме криви ние владата 10 евра ни дава, 5 евра за нас 5 евра за храна, една питулица 5 евра е ? Срам да му е бе.

Screenshot_20200519-132425~2.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom