Rigil
Tu te reconnaîtras
- Член од
- 14 јуни 2015
- Мислења
- 6.613
- Поени од реакции
- 7.743
Втор пациент заболен од КОВИД-19 се извлече од респираторна машина во Скопската градска општа болница „8 Септември“, соопштија од болницата. Тој е Тетовец на 43 години. Претходно, на 4 мај, во истата болница од респираторна машина се опорави и маж на 37 години од Скопје.
„Многу сме среќни, радосни и задоволни што имаме втор пациент кој се лекуваше од КОВИД-19 кој веќе не е на респираторна машина“, вели д-р Лилјана Малиновска-Николовска, анестезиолог од Градската општа болница „8 Септември“. Доктор Николовска беше главен иницијатор да се воведе озонска терапија за заболените пациенти со КОВИД-19 во нејзината матична болница. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК таа инсистира дека опоравувањето на овој пациент, како третманот и на сите други што лежат на интензивната нега зависи исклучиво од тимска работа на анестезиолози, инфектолози, интернисти и медицински сестри.
Пациентот бил примен на 6 мај во многу тешка состојба предизвикана од компликации на коронавирусот. Тој немал историја на други болести. На респираторна машина бил 12 дена. „Денес се разбуди, свесен е и веќе јадеше“, вели д-р Малиновска-Николовска.