- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.511
- Поени од реакции
- 85.009
Стаљин ги сопрел пред Варшава трупите (и борбите) и чекал Германците да завршат со востаниците.или запирањето пред Варшава 1944,
- тоа е јавниот наратив.
Сепак, една од целите на востанието е, прозападната Armia Krajowa да воспостави контрола над Варшава и da го воспостави повторно полскиот суверенитет, пред тоа да го направи просоветскиот Полски Комитет за Национално Ослободување заедно со Советите.
Оттука може и да е разбирлива оваа одлука на Стаљин. Да беше така....
Стаљин не донел таква одлука. Завземањето на Варшава било дел од советските планови, во тој период. Советите дипломатски реагирале негативно на плановите на Западот да се помогне на востаниците. Има и стаљинова изјава за несериозноста на полските востаници, кои сакале со тоа што го имаат да се спротистават на четири тенковски дивизии и сл.
Она што денес е малку познато, е дека околу почетокот и за време на востанието, имало огромен германски тенковски контанапад кон советските сили - толку пишува на Википедија.
Всушност, доцен јули, откога стигнаа до Вистула јужно од градот, Стаљин драстично го менува планираното и и наредува на Втора Гардиска Тенковска, да смени правец и да оди на север, кон градот, подржувана од две други армии. Во тој момент најблиските Совети сеуште се борат со Германците во западна Белорусија.
Модел некако успева да напараи со тенковски единици од различна провиненција (меѓу кои и делови од 9-та, 19-та и Тотенкопф), некаква поголема кампфгрупа, во која влегуваат орудија и единици дури и од цивилни служби, со многу противтенковски орудија и тенкови и ја насочува кон Втора Тенковска, која во тој момент стигнува на 10 Km од Варшава. Тука на Втора Тенковска и се нанесува тежок пораз - два тенковски корпуса остануваат на само 20% од силата со која располагале пред судирот. Армиите за подршка, едноставно не биле способни било што да сторат. Ова било изненадување за Советите, кое ги забавило месец дена и сега за сега го затворило тој фронт. После, од кај септември веќе, има повеќе простор за критики кон Стаљин околу тоа зошто не помогнал. Но, генерално е погрешна премисата дека ги сопрел војските пред Варшава.
Ова све го чув од главниот армиски историчар за Втора Светска на САД.