Ке имаш проблеми со Ќустендил.. Веќе сите можни адреси таму се исцрпени. Дури и да ти некој посредник каже дека ке ти најде во Ќустендил, адресата не ти е сигурна. Сопственикот на истата, може после некој месец да појде во општина и да те одјави од негова адреса, и фактички стануваш "бездомник" во Ќустендил.
Што е проблемот од сето ова? Кога ке треба да продолжиш документи, нема да можеш, затоа што ке ти кажат дека немаш постојана адреса на живеење, и ке си удираш главата од каде да најдеш валидна адреса и да се молиш деке Бугаринот нема да ти земе 50евра за адреса повторно, за по некој месец да те одјави, и да ја препродаде адресата на некоја нова жртва. Верувај, го поминав сето ова, и имам БГ документи. Оди со Леге 6 во Софија. Посигурно ти е.
Точно. Откако ке ја наведеш точната адреса, треба лицето кое што е сопственик на куќата / станот каде што си ја пријавил да оди во Општина и да потпише дека прифаќа да те пријави на негова адреса. Ако не го направи тоа, остануваш без адреса, и нема да можеш да извадиш документи, додека не најдеш "валидна адреса" со физичко лице кое лично ке те пријави во општина како негов цимер.