Во некои земји и 490% повеќе починати од обично
Според анализата на ФТ за вишокот на умрени во разни земји од светот од јануари до март, април или почеток на мај видливо е дека најголемиот вишок умрени е забележан во оние подрачја и региони кој се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.
Во провинцијата Гајас во Еквадор од почетокот на март починале 10.000 повеќе од вообичаеното, што е зголемување за 300 отсто. Во Лондон е забележана двојно поголема смртност, а вкупниот број смртни случаи во Њујорк од средината на март е четири пати повисока од претходно.
Кога ќе се погледаат табелите на
ФТ се гледа дека во Британија од март до мај починале 50.000 повеќе луѓе од вообичаеното (пораст од 61%), во Белгија оод март до крајот на април 8.000 повеќе (+66%), а во градот Њујорк 11.500 луѓе повеќе (+408%). Регионот околу италијанскиот град Бергамо забележа најлош пораст на смртноста на меѓународно ниво, со 496% пораст на смртните случаи над нормалната стапка.
Од друга страна, во земјите кои се послабо подогени од пандемијата забележан е релативно низок вишок на смртност. Така во Данска од јануари до крајот на април починале 200 луѓе повеќе од вообичаеното за тој период (+6%), а во Германија 4.800 повеќе (+6%).
Ако го споредиме службениот бројо на починати од ковид-19 со вишокот смртни случаи, може да се забележи дека тие во некои земји не се поклопуваат, што сугерира дека бројот на починатите од новиот вид коронавирус би можел да биде многу поголем.
https://www.slobodenpecat.mk/denes-pochnuva-skriningot-na-vrabotenite-vo-gradinkite-so-psr-testovi/
Така во Британија во последните неколку месеци се забележани 50.000 вишок смртни случаи, додека службениот број починати од ковид-19 е околу 33.000. Во Шпанија починаа над 32.000 луѓе повеќе од претходно, а на ковид-19 досега се припишани 27.000 смртни случаи. Во провинцијата Гајас во Еквадор меѓу 1. март и 15. април се пријавени само 245 смртни случаи врзани за ковид-19, но податоците за вкупната смртност покажуваат дека тогаш умреле околу 10.000 повеќе луѓе од типичното за тој период.
Во некои земји како Белгија, службениот број починати од ковид-19 се поклопува со утврдениот вишок починати.