Кога ќе ги објасниш разликите помеѓу набавна и продажна на Gree тогаш и јас ќе ти објаснам зошто, добро? Ме мрзи сега да објавувам колкава е цената на U-Crown на големо директно од Кина а колку овдека се продава со пресметан данок и царина + транспорт.
Прегледај го приврзокот 250999
Во Македонија идат директно од Италија. Грција е членка на Европска унија. Кај нас има посебни давачки на производи од Јапонија.
Друга работа е што грците набавуваат далеку повеќе парчиња а овдека треба да се патиме со шака јадни герила маркетинг предатори.
И друга работа! Пошто тврдите дека се многу квалитетни. Ве предизвикувам да ги објавите сервисните билтени од Gree за 2019 година.
Баш да видиме со каков тоа квалитет имаме работа.
Со ред. Тие и тие модели имаат проблем со компресорите чиј сериски број почнува со xxxx, тие и тие модели имаат проблеми со внатрешните мотори, тие и тие модели имаат фалични EEV вентили, на тие и тие модели е направен recall заради тоа и тоа итн.итн.
А пошто Mitsubishi мора да исполни маса од регулативи на EU во поглед на енергетска ефикасност, мора да има сертификати за секој дел и секоја пластика која е вградена, затоа што мора да има црно на бело дека
сите производи можат да се рециклираат до 99% јасно е зошто кинеските клими се поевтини.
Да не редам сега линкови. Нели имаше поплаки овдека на форумов дека откако ја наместиле климата куќата им мириса на кинеска продавница „се за едно евро“
Е видиш, тоа со јапонска клима се нема случено. Ниту пак ќе се случи.