(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
A па и ептен логичен крајот на Хаус, извини молимте само ајде. И аргументон, спасувал животи, џизас што се не ви е критериум за серија, се надевам има сарказам во некои од постовиве...
Баш! Почнува да се наѕира и рецептот за идеална серија според членовите овде: да е многу долга, со логичен крај и главниот лик да спасувал животи. :facepalm:
 
И да е постара што е можно повеќе, од 20 век идеално :icon_lol:

И што повеќе да е научна фантастика, тоа е најбитниот критериум.
 
Последно уредено:
Тежок избор. Не ја потценувајте House M.D., Хаус е еден од најдлабоките карактери што го иам сретнато у серии. Развојот на карактерот на Хаус до 8-ма сезона е екстремно добар. Побогу, едно време имаше работа што се викаше „Хаус комплекс". Има и милион други причини зошто House M.D. е можда една од најдобрите серии што сум ја гледал. Али не е боље од ГоТ.

Али ако тргнам субјективност и лични сентименти (Хаус мене лично повише ми значи), и со катастрофа последните, не 2, туку 4 сезони на ГоТ, пак ГоТ ќе да е боље на вкупен план, иако е тешко да се споредуваат. ГоТ е ГоТ. :D

Така што Game of Thrones.
 
Последно уредено:
Баш! Почнува да се наѕира и рецептот за идеална серија според членовите овде: да е многу долга, со логичен крај и главниот лик да спасувал животи. :facepalm:
Дали рецептот за идеална серија е да има катастрофална последна сезона?
 
Гледајќи како луѓево на форумов ја земаат у обзир само последната сезона на ГОТ, а не целокупната серија, не верувам дека ќе стигне до финале :ROFLMAO:

Има серии кои целокупно земено на листава се подобри од ГоТ. И не, не мислам дека ќе стигне до финале, баш ради тоа, не ради нејзината последна сезона, која секако не и помогна ич. Али тоа не значи дека не треба да влезе во нареден круг.

ГоТ
 
Гледајќи како луѓево на форумов ја земаат у обзир само последната сезона на ГОТ, а не целокупната серија, не верувам дека ќе стигне до финале :ROFLMAO:

Па и не треба да стигне до финале, не само за последната, туку и за претпоследната сезона со оглед дека во име на очекуван перфектен крај занемаривме многу глупости и нелогичности и во седма сезона. Целата приказна беше структурирана така да последната сезона требаше да го круниса перфектоно дело, и да, таа ужасна сезона фрла дамка и на перфектните прва, втора, трета и четврата сезона.

На темава, јас од Хаус имам парцијално гледано нешто, појма немам ни какво завршила. Не ме фати таа хаусманијата што владееше, посебно на форумов пред десетина години и кусур, кога ептен беше кул да се прати серијата и ликот на докторот.

За GOT што и да пишам е излишно, постови и постови имам во темата за серијата пишувано, од шок, воодушевување, радост, тага и секако огормно разочарување.

Со малку повеќе посветеност од нејзините автори/погребувачи можеше да биде перфектна, најдобра без дискусија, ама испадна како што испадна.

И сега не знам што да гласам, најарно да не гласам.
 
Јас сум изгледа единствениот човек на светот на кој последната сезона на GoT не му беше лоша. Серијата одлично заврши - тие што останаа и кои цело време најмногу патеа - Старк, сите добија хепи ендинг. Последната сезона по многу нешта потсети на првата. На пример: првата епизода од сезоната започна речиси идентично како првата од серијата: со дете кое трча за да соопшти некаква вест, само што почетокот на серијата беше со Бран, крајот со друго дете. Сепак тоа беше предвесник на крајот на серијата и на тоа кој ќе биде владателот - оној кој прв го видовме на екранот. Имаше и еден куп други моменти кои не потсетија на нешта од претходно: последната сцена беше иста како првата, отаде ѕидот. Серсеи умре. Денерис умре. Најт Кинг умре. Јас не сфаќам што е лошото во сето тоа. Тоа што не ви ги задоволила очекувањата и ве разочарала, нималку не значи дека е лоша, туку дека вие сте имале погрешни очекувања. Така беше и со Lost, така е и со GoT. Серијата е едно епско дело кое ќе остане запамтено како едно од најдобрите ТВ остварувања ever.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom