Пчеларство

  • Креатор на темата Креатор на темата Bosko_photo
  • Време на започнување Време на започнување
Како можам да придобијам пчела која слободно лета во природата? Да ја фатам и да си ја присвојам?

Некоја материја се употребуваше мислам, па на неа пчелата се задржуваше, така беше некако...

Дајте повеќе инфо на оваа тема.

Поздрав!
 
Колку пчелари има на форумов? Може да се преброиме? Нејќе да е лошо, чисто за размена на искуства!
 
со помош на оваа билка, во време на роење на пчелите ако ги истриеш рацете ке ти се фати ројот на рака, ова за во пролет, инаку во безпашен период се става мед во мало капаче од тегла и во брзо време ке долетат пчелите излетници на самото капаче1589222986508.png
 
Колку пчелари има на форумов? Може да се преброиме? Нејќе да е лошо, чисто за размена на искуства!
Poranesen pcelar, ako toa se broi.
Автоматски споено мислење:

со помош на оваа билка, во време на роење на пчелите ако ги истриеш рацете ке ти се фати ројот на рака, ова за во пролет, инаку во безпашен период се става мед во мало капаче од тегла и во брзо време ке долетат пчелите излетници на самото капачеПрегледај го приврзокот 250835
Kaj nas se vika matocina ili taka nesto. Mirisa na limon i obicno so nea se macka granka, plodiste kade sakas da dojde rojot.
 
Колку го продавате медот?
Јас го зимам по 400, не става шеќер човеков зимно време, пола пола го остава медот. Ме вика кога го вади од рамки и обично зимам по некои 40 Кг годишно.
 
Евтино бе, ја испод 10 евра не сум купил мед.
 
Под 20 Кг не сум земал никад....и обично во канта, не во тегли. Последен пат земав кристализиран како восок се тегнеше. Пред две три год по 300 ми го даваше, се отрув од мед :D
 
Колку го продавате медот?
Јас го зимам по 400, не става шеќер човеков зимно време, пола пола го остава медот. Ме вика кога го вади од рамки и обично зимам по некои 40 Кг годишно.
Не постои таков што не става погачи зимно време и шербет за да ги појача на пролет пред цветање на багремот, ливадите, липата.

Не е опасно да става шеќер како храна на пчелите, туку опасно е да го меша отпосле медот со течна гликоза (ја набавуваат за ефтино по 1 евро од кило во канти и го мешаат 2 или 3 према 1 и од 1 кило чист мед ќе извадиш 3-4 кила за шиткање), обично овој се препознава по бојата или по тоа што не кристализира (99% од индустрискиот што се продава во маркети е правен вака, а и голем дел од тој што го шиткаат на пазар).
 
Пола мед им го остава, јас лично сум го гледал...се знам со него. Кога го вади запечатени рамките се 100% нема влага во медот и пред мене го центрифугира и зимам одма :)
На никого превари не прави...се познава и по медот. Има компактна структура и иста боја секаде низ теглата кога кристализира, и плус корне на кошница. Таков мед ретко сум сретнувал.....подобар е само оној од кактуси.
 
100% запечатен се зема затоа што другиот содржи многу вода и ќе ти скисне цела канта ако го исцедиш и него. Имам цедено и таков, само што тој го давав по ниска цена и со напомена на луѓето да го јадат одма.

Инаку да се наоѓа и чист мед, особено од луѓе кои го работат ова од љубов, а не примарно од бизнис. Ако видиш некој дека со 50 семејства продава цела година мед на пазар има нешто сумливо, или го прекупува или пак му прави маѓии од кило да стане 3-4 :D
 
Не постои таков што не става погачи зимно време и шербет за да ги појача на пролет пред цветање на багремот, ливадите, липата.

Не е опасно да става шеќер како храна на пчелите,
Јас додека пчеларев во Овче Поле од страв ставав погачи и си остануваа скоро нечепнати. Тајната беше што оставав доста, да не речам многу мед, за преку зима и не ја јадеа погачата. Шербет е ок, за темпирање на силата на семејството.
Околу вадењето, ако не си некој комерцијален пчелар најдобро е крај на Август да вадиш мед. Тогаш знаеш колку има и што можеш да извадиш, ако има за тебе нормално! И тогаш е созреан медот. Тоа 2/3 затворена рамка јас не го признавам, рамката мора да биде 100% затворена и не помалку од 2-3 недели така, оти и на свежо затворена рамка медот има доста голем процент вода!
 
Зависи од многу фактори кога ќе вадиш мед, ако ја погодиш годината со багрем и од ливадите може и во пролет да извадиш уште во Јуни, иако последниве години не успеваат да соберат и за нив во пролет.

Со маслодајна репа и сончоглед иста приказна, таму за 3 недели имам видено цел втор сандак да биде преполн, околу 25кг мед во втор спрат на јаките семејства.

Со медење на дабот иста приказна, за помалку од 2 недели може јако семејство да наполни цел кат и преку 20кг мед.
 
Под 20 Кг не сум земал никад....и обично во канта, не во тегли. Последен пат земав кристализиран како восок се тегнеше. Пред две три год по 300 ми го даваше, се отрув од мед :D
Цената зависи од годината, ако има повеќе мед и цената е ниска и обратно. Само веќе под 400-450 денари тешко да падне, а многу веројатно и до 600 да отиде.
20-40 кила мед? Аман бе! Јас првиот период кога чував пчели се' засладувавме со мед, дури и кафето :D, сега се реактивирав после 15 години, да не беше короната кој знае дали ќе се решев на таков чекор!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom