- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.527
- Поени од реакции
- 85.048
Според информациите, што до сега јас сум ги сретнал, за употребата на дроги кај Германците, т.е. конкретно за перветинот, сметам дека е пренапумпана таа идеја.
Јас никаде во книга во печатена форма, а имам прочитано барем 20 на оваа тема, не сретнав ништо за первитинот или за советската верзија (Винт), значи скроз ништо. Случајно на нет наидов на една статија порано има деценија можеби, и така малку по малку видов за што се работи. Останува фактот за милијарди таблети произведени и поделени на трупите, тоа е историски факт, и за најголемите немачки успеси кои се случајно или не временски поврзани со најмасовната употреба на первитинот. Употребата продолжила и во наредните 20-тина години во немачка пред да ја прогласат надвор од закон, има една теорија дека светската титула од 1954 е резултат во голема мера на употреба на амфети (Немачка-Маџарска 3-2) и дека играчите имале последици од употребата на таа дрога. Дали е точно, тешко е да се каже.Според информациите, што до сега јас сум ги сретнал, за употребата на дроги кај Германците, т.е. конкретно за перветинот, сметам дека е пренапумпана таа идеја.
Хитлер и Геринг се друга прича.И итлер цела војна ја поминал дрогиран, швабиве тешки дрогираши биле. Неговиот дилер.
Можеш да ставиш извор, затоа што има многу неточни ствари тука.Прашањето ми е, што точно се мисли кога ќе се рече Германците биле на кристал мет (перветин)?
Секој ден по две апчиња? Надрогирани цело време? Колку тоа се дрогирале?
или се мисли земаат само кога има потреба? А кога има потреба? По наредба ли?
...
Ја знам дека германската војска не се понашала и не изгледала како организација чии членови се мет-хеди. Тоа сум 100% сигурен. Има милион работи во таа војничка служба, кои мет-хед не може да ги извршува континуирано. Лошите страни на една таква масовна дрогиранка и навлекување се премногу големи за да не можат да се приметат. Значи, барем сум сигурен дека не се дрогирале толку за да се навлечат.
Колку тогаш?
Она што сум го дознал е, дека:
- Перветинот/кристал метот, не е некое тајно оружје, туку обичен легален производ кој се продавал 30-ти години и релативно масовно употребувал за журкање, студенти за учење и полагање и др. Сите негови ефекти и нус појави се веќе познати. На армијата и на сите. Ако армијата/државата ги знае ефектите и нуспојавите на земање кристал мет, а воедно планира да го освои светот, тогаш мислам дека би размислила дали да ги навлече масовно своите трупи.
![]()
- Прва тенковска армија, добила 15.000 апчиња. Што е малку смешно, бидејќи за секој ќе има по едно и пол апче. Идат ја напаѓаат Франција и секому по едно и пол апче?Лудница. Два саати од цела кампања ќе биде издрогиран.
- Армијата купила 1940-та 35 милиони апчиња.
- Адреналинот во битка доволно се лачи, не му треба на војникот повеќе. Така сметале Германците и затоа во самото упатство пишувало да не се употребува во битка.
- 1941 го тргаат надвор од законот и го забрануваат. Зошто државата тоа би го правела, ако планира да го (или веќе го) употребува масовно? Да појаснам дека само на хартија бил забранет, односно внесен во листа на забранети супстанци.
- употребуван најмногу во Франција и тоа првенствено за возачи на тенкови. Во пешадија изгледа не толку. Интервјуа со ветерани - зависно од родот, некои кажуваат дека имале, ама тоа биле мали количини и смееле да го користат само во одредени ситуации. Некои велат дека нити им дале, нити слушнале некој да зема. Ова пешадија повеќе.
Патем, има неколку сензационалистички книги за ова, кои обилуваат со пренапумпани "факти" и чудесии.
Во едно интервју на медицински воени лица, се вели дека 6 од 20 немале употребено перветин во војната. 9 од тие 14 (кои имале земено за време на војната), не го употребиле за, да речам, воени сврхи. Го употребувале за да се журкаат повеќе, да можат да испијат повеќе, или утре дента после пијанка да можат да функционираат во служба.
Иначе, ако некој го интересира за било што што зборам овде во темава, од кај ми е изворот, ќе му наведам.
Нема многу неточни ствари.Можеш да ставиш извор, затоа што има многу неточни ствари тука.
Ништо спротивно од ова не реков.Первитинот се појавил во 1937 година, значи макс. 2 години од почетокот на ЊЊ-2 и бил користен и при инвазија на Полска.
Ни тука нема спротивности. Реков дека во 1940 купила 35 милиони. Не реков дека е за цела. Таму кај што прочитав, прочитав дека купиле во 1940-та 35 милиони. Така и кажав. Тоа што викаш дека ги поделиле сите одма, тоа не сум го сретнал. Може да е така, може и не.15.000? Се шегуваш? Пред нападот на Франција се поделени најмалку 35 МИЛИОНИ таблети Первитин, а производството не е за ЦЕЛА 1940 туку до Јуни 1940.
Им треба. Затоа и е неразумно цело време наместо одмор да им даваш мет.На војници им треба одмор, тоа е константа низ сите војни и воени сукоби.
И со ова немам никаков проблем. Не знам стварно кај гледаш толку неточности.Првата француска оклопна дивизија (DCR-1) била изненадена кога полнела гориво кај Флавијон, пошто очекувале дека и непријателот спава понекад, ал непријатељ никад (понекад) не спава пошто е на мет. Тој јуриш е класичен пример кога имаш предност од 8 часа пред противникот, французи сметале дека е физички невозможно да се појават панцери кај Флавијон за толку кратко време па решиле да ги наполнат резервоарите за дневната операција за која сметале дека ќе дојде во тек на денот или вечерта.
Во историографијата за ЊЊ-2 первитинот не постои. Тек последниве години почнаа да цурат по некои информации. Не знам кои се тие пренапумпани факти, самиот факт што германската ДРЖАВА купува на ангро амфети е доволен показател.
За Полска и Франција може да се каже дека амфетите биле значаен фактор, за други фронтови и не толку.
Има разлика помеѓу уличниот крек и Перветинот, праен во одлични услови, со стручен надзор.Недоразбирањето е и во самиот назив Мет или Спид, измешан во тајни лаборатории Брејкин бед стајл и дилан од џукели по град.
Первитинот бил све само тоа не.
Тоа е невозможно, цела армија да примила само 15.000 таблети.Нема многу неточни ствари.
Ништо спротивно од ова не реков.
Ни тука нема спротивности. Реков дека во 1940 купила 35 милиони. Не реков дека е за цела. Таму кај што прочитав, прочитав дека купиле во 1940-та 35 милиони. Така и кажав. Тоа што викаш дека ги поделиле сите одма, тоа не сум го сретнал. Може да е така, може и не.
15.000 за Прва Тенковска, е информација од др. Роман Топел. ( Roman Töppel ) - од видео кое е баш за оваа тема.
Им треба. Затоа и е неразумно цело време наместо одмор да им даваш мет.
И со ова немам никаков проблем. Не знам стварно кај гледаш толку неточности.
Има разлика помеѓу уличниот крек и Перветинот, праен во одлични услови, со стручен надзор.
Берлинскиот писател Норман Олер, после неколку години истражување по архиви, дошол до цифрите кои ги прикажува во својата книга, имено главната компанија која имала државен договор " Темлер" произведувала до 800 до 850.000 таблети дневно, што е околу 25 милиони месечно т.е. 300 милиони годишно. Потребите биле толку големи што ангажирале и друга фирма "Кнол" со нивниот мет Изофан, а од страна на Вермахтот биле купувани сите залихи од увезен амерички БензедринУ испытуемых, принимавших пирвитин наблјудалсја прилив энергии, значительно повышалась концентрација и двигательнаја активность, понижалось чувство страха, голода и жажды. Кроме того, на длительное времја, до двух днеј, пропадала сонливость. С 1939 года первитин стали применјать в војсках. После Польској кампании, подтвердившеј высокују эффективность препарата, наркостимулјатор запустили на массовыј поток. Только лишь длја операции «Вестфельдцуг» по захвату стран Бенилјукса и Франции в апреле 1940-го вермахт заказал 35 миллионов таблеток первитина.
Баш за Олер тврдат дека му е сензационалистичка книгата со пренапумпани ствари.Берлинскиот писател Норман Олер, после неколку години истражување по архиви, ...
Зошто сензационалистичка кога самите цифри ги има најдено по архиви.Баш за Олер тврдат дека му е сензационалистичка книгата со пренапумпани ствари.
Ова е тема погодна за сензационализам и во јавниот наратив лесно се протуркуваат такви премиси.
Јас верувам дека е користен највеќе во Франција, а нешто помалку во Полска. Колку земале, кога и сл. е друго прашање. Но, сум убеден дека изјавите - Германците биле цело време на мет (или како сакаш кажи го), се сензационалистички. Едноставно, не може армија од зависници да постигне тоа што они го постигнале. Тоа дека сите користеле (најверојатно помалку од Германците), исто е точно, само никој не вика за другите дека биле цело време на нешто.
Разликата помеѓу мене и тебе е донекаде, степенот на употреба.Зошто инаку воопшто за име божје, една држава би откупувала мет од фабрики?!
Ако малку се намали блесокот на Блицкригот поради употреба на мет, тоа не го намалува неговиот успех 1939-41 туку само дава ново светло во дел од причините за успехот.
Личните видувања, има секакви, имаше едно видео по темиве како тројца нацисти екс-Вермахт, старци веќе = не признаваа дека ја окупирале Холандија, свашта имашРазликата помеѓу мене и тебе е донекаде, степенот на употреба.
Јас не знам што подразбираш ти под тоа дека биле на мет (или перветин или крек). Дали значи дека го земале секој ден сите, за цело време на војната, дали неколку пати во кампања или еднаш неделно, или како и да е.
Ние тука баратаме со неегзактни изрази, како што е - Германците биле на перветин, без да прецизираме колку и сл. Знаеме за некои количини, од некои датуми, ама кој колку добивал и како го користел, тоа не баш. Постојат ветерани кои никогаш не ни чуле за перветин, а постојат и такви кои чуле, ама не знаат некој да зимал во војната.
Колкав фактор е тоа за победа во Франција? Помал од добрата комуникација, или појаката авијација, или оперативната надмоќ,...? Сигурно. Но, сепак е некој фактор.
Девоатен Д-520 го чувале за резерва, но наредниот ден по пробивот кај Седан веднаш го уфрлаат во оперативна употреба, првата ескадрила на првиот лет оборила 6 немачки авиони без свои загуби, но тоа било веќе прекасно. Ок, ќе се преобучат пилоти од Д-501 и С-510 на Д-520 но за тоа треба време, до капитулација ги имало премалку па товарот на борбата паднал на МС-406 нешто како Харикен кој не бил на ниво на БФ-109.Интересен за анализа е тој брз француски пораз. Не се работи за бројот на армијата, ниту за наоружувањето, ниту пак за тоа дека не им се гинело(отпорот предводен од Де Гол имал втор најголем одзив по глава на жител во Европа, после Југославија), туку за ужасната организација. Французите и британците вкупно имале и повеќе тенкови од германците, но наместо да ги групираат во оклопни дивизии биле раштркани по цела Франција. Авионите исто така, наместо на фронтот биле по многубројни бази длабоко зад него, па се до С.Африка. После капитулацијата во Тулуз германците нашле повеќе од 100 потполно неупотребени авиони Dewoitine.
Исто една интересна ситуација која ја илустрира тромоста на француската команда, извидувачки авион забележува оклопни колони кои по ноќ продираат по Аредните и пријавува до штабот за воздушните дивизии. Овие му враќаат општо познато е дека тој дел е непрооден и не ја ни праќаат информацијата до надредените. Наредниот ден праќаат пак нов извидувач и тој ги брои моторите, камионите со војници, митролезите, лесните камиони кои поминале и сеуште поминуваат, речиси две оклопни дивизии до тој момент. Се враќа на базата и телефонира. Командантот во штабот пак констатира дека тоа е невозможно, пошто дури ни Наполеон не поминал преу непроодните Ардени, туку ги избрал Алпите.
Тоа е таа бирократска стега, но уште пошокантно и побитно за поразот од ова е тоталното занемарување на новите трендови за водење на војна, па водечките генерали сметале дека војната ќе се води по теркот на ВВ1, претежно рововски, па првите месец, два речиси и нема да има сериозни битки, туку ќе се состои од рововски пушкарања со мали жртви. Блицкригот и длабоките влезови на германците зад фронтот тотално ги зашеметиле со што Париз фактички не го ни бранеле.
Уште покатастрофални се француските предвоени политички потези. Со Версајскиот договор(а потврдено уште еднаш во 1925 година со Локарнскиот пакт) деловите на Германија западно од Рајна станале неутрални, а германска агресија на Чехословачка и Полска се сметала директна агресија на Франција. Формално правно французите можеле да нападнат и кога Хитлер влегол во Чехословачка и кога влегол со трупите западно на Рајна. Речиси сите германски министри го молеле Хитлер да не прави толку ризичен покерашки потег и да преместува трупи западно од Рајна. Од друга страна војната на два фронта од првиот момент била посакувана од Сталин, но сојузниците калкулирале и калкулирале при предвоените преговори со советите. Интересно е дека пред војната пољаците биле премногу преценети, а советите потценети, па при една таква сојузничка дискусија, за тоа дали да се оди на сојуз со советите имало доста скептицизам околу моќта на русите, па некој дофрлил дека може и самата Полска да држи еден фронт.Личните видувања, има секакви, имаше едно видео по темиве како тројца нацисти екс-Вермахт, старци веќе = не признаваа дека ја окупирале Холандија, свашта имаш
Јас мислам дека го употребувале при најодлучните пробиви, со предност при употреба кај технички обучениот персонал, членови на оклопните единици, авионски екипажи итн. а многу помалку кај обични прашинари. Бидејќи оклопните и механизираните формации биле клинови кои пробивале линии и во Полска и во Франција а делумно и во почетниот удар во Барбароса, посебно во околности кога за броени часови се решавал резултат = первитинот бил тој дополнителен фактор Икс, оној тенкист кој нема спиено 40 часа и покрај тоа успева да ја заврши зададената заповед.
Кај пилоти, најчесто на бомбардерски и морски патролни мисии каде монотонијата била лоша ствар и ја намалувала опрезноста кај посадата.
Пример Ерих Хартман имал 1434 борбени летови, а неговиот советски пандан Иван Кожедуб 330, не сум сигурен дека има кај сите сојузници некој со над 500 борбени летови во тек на кариера па чак и 400.
5-6 полетувања и слетувања дневно не биле нешто невидено кај немци, кај сојузници тоа било екстремна реткост, дури и во Битка за Англија.
Автоматски споено мислење:
Девоатен Д-520 го чувале за резерва, но наредниот ден по пробивот кај Седан веднаш го уфрлаат во оперативна употреба, првата ескадрила на првиот лет оборила 6 немачки авиони без свои загуби, но тоа било веќе прекасно. Ок, ќе се преобучат пилоти од Д-501 и С-510 на Д-520 но за тоа треба време, до капитулација ги имало премалку па товарот на борбата паднал на МС-406 нешто како Харикен кој не бил на ниво на БФ-109.
Тоа што на 14.05.1940 имале само една обучена ескадрила за нивниот најважен ловец, кажува све за бирократското јаже кое ги обеси.
Така е.Интересно е дека пред војната пољаците биле премногу преценети, а советите потценети, па при една таква сојузничка дискусија, за тоа дали да се оди на сојуз со советите имало доста скептицизам околу моќта на русите, па некој дофрлил дека може и самата Полска да држи еден фронт.
Сталин инсистирал прилично на сојуз, организирал пречеци со најголеми почести за претставниците на сојузниците, а во преговорите секогаш учествувале луѓе на највисоко ниво предводени од комесарот(министерот) за над.работи Ворошилов.