Ако не потпише нов договор со Дортмунд до наредното лето треба цела наредна сезона да биде на минимум ниво од годинашната сезона за да може Дортмунд да се надева дека би извадиле кеш од нас како ова лето. Па и од друг клуб, не само од нас. А во една сезона може да биде и подобар од оваа сезона и да им се исплати ризикот, но може и да се повреди, може Дортмунд и да има колективно лоши резултати, може и Санчо да има послаба сезона. Ризик е за Дортмунд да игра на таа карта. Годините се само еден фактор.
Друга работа, со оглед на тоа што неговиот агент е во длабоки и блиски контакти со нашите лица, дали е можно ако ова лето Дортмунд не го даде, а следното бара иста сума како ова лето на 1 година до истек на договор, ние да му понудиме побогат договор и повисока провизија за после тоа лето да го земеме без обештетување. И друг клуб може да биде наместо нас во приказната. Така беа Дортмунд паметни и со Левандовски во една ваква иста ситуацијa и човекот си замина без оштета и тоа во директен ривал, а можеа да бираат помеѓу кој европски гигант да го продадат за солидна сума.
Единствено што може да им оди во прилог на Дортмунд кон нас е тоа што нас очајно ни треба десно крило и сме спремни ова лето јако да им искешираме и покрај вирусот. Ако е цената 100ка ова лето, мислам дека ќе ја платиме и ќе се воздржиме од некои други засилувања. Доколку не го даваат, Јунајтед може да најде друга алтернатива ова лето, но позицијата на Дортмунд за следното лето ќе биде далеку послаба од ова лето.
За Дортмунд треба да биде јасно дека Санчо нема да им остане вечно. Ако не го продолжи договорот до следното лето ако сакаат да наплатат 100ка, тоа би се случило само ова лето. Значи ќе повторам во случај да не го продолжи договорот до следно лето.
@Peja989
Постои и таква веројатност, но прочитај го вториот пасус од мојов пост.