Читам спортски вести, најави за спорт публика, којзнае кога ќе видиме трибини пак...
Се присетив на друга тема. Колку му требаат на македонскиов спорт, натпревари со две навивачки групи. Нема ништо подобро од гостување во град со побројна навивачка група. Со оглед на групите во Македонија и лимитираните гостувања, ова ни било предизвик само на гостувања во Пелагонија, кај Пелистер и Победа.
Цела недела не спиеш, правите пароли и кореографија, мобилизирате екипи, стари членови итн.
Со македонските термини, собир закажуваш во 7 сабајле, се пие од рано, пола не знаат каде се наоѓаат, 80% дошле директно од град, многу пати пицнати во кошули. Се кљанкате 5 саати до Битола или Прилеп, за да гледаш 35 минути фудбал. Стигнуваш на полувреме, те вадат во 80-та. Меѓу 5 и 7 автобуси тргнуваат, обавезно еден се расипува по пат. Во автобус урнебес, обавезно ќе ти се падне некој ментален во бус, ќе прави срања цело време. Уште се сеќавам на Брацо луди кој залепи гз на задно стакло, бидејќи меѓу двата автобуси имаше кола со битолски таблици. Колава претица, па неколку минути шоферот директно во шупак му гледаше
Обавезно се раскажуваат приказни од времето. На секои 10 минути се пцуе по шоферот, застани мајсторе да мочаме, па мало куре вода не држи. Ќе застанеме во некоја пустелија, следува шутка, пеење во автобус, сто пати едни исти песни. Како се приближуваме, одма дојави, волку се собрале, онолку се собрале, таму не чекаат, заседа прават. Ќе не застанат на влез на градот, ќе влезе некој опинок џандар и на дијалект ќе те предупреди дека ЕБР (оние СЕЈБР вашите) ќе ве направат потоп ако правите бељи.
И тогаш доаѓа најјакото, влезот во градот. Обавезно некоја отпадничка екипа ќе го отвори некој бус со камења, а после почнува песната. Пцуеш се живо и диво по пат, им покажуваш курац на рандом жители што не знаат што се случува. Одеднаш сфаќаат, па ќе фрлат и они по некој камен и ќе избегаат.
Како се појавуваат автобусите пред трибина, така од спротивна трибина имаш обид за излегување и пресметка (чаталење, секако нема шанси да излезат). Цел стадион се пали, еј Скопјанче еј другарче, да се врати 63та, Боки тринајска
На врата влегуваш пола саат, те тресат од глава до пети, те фаќаат за муда, обавезно 5+ уапсени, мала тепачка меѓу подгрупи итн.
Влезот на трибина, влегуваш како индијанец, одма се бесиш на ограда, им покажуваш курац на цел стадион. Ми фали ова неандерталство. Па те фаќа еуфорија кога ќе згрмите некоја песна. Во пола саат вадиш сто кореографии, како се спушта една, така се дига нова.
Во еден момент ја пеете Абре Македонче цел стадион, како завршува ние пееме Битолски/Прилепски пички, они Скопски пички. Си ѕвоните по телефон со колеги од факс/работа, познаници од социјални мрежи и трибини од спротивна страна, си јадете гомна.
По пат сте автобусот застанал во Велес и Росоман, сте качиле бар 30-40 луѓе од регионот. Гемиџиите поблиски до Битола, се сретнале двете групи низ град, се зарчкале. Кавадарчани се плашат да фатат воз во Неготино, затоа што од Неготино доаѓа екипа со нас. Од Тетово некоја кола. На враќање за назад, те тицаат коли од Кавадарци, вадат знаме Лозари. Се палиш, ќе отвораш врата од бус, ќе ги бркаш пешки, а околу тебе 20 дефендери. Надвор се стемнило, сите во кома во автобус, ти блештат сирените во очи до Скопје.
Пред Скопје будење, повторно атмосфера како при тргнување. Автобусите застануваат во Ченто и Маџари, истоварање на дел од подгрупите. Си доаѓаш дома, цел ден си потепал. За 35 минути навивање, се карате уште 10 години за тоа кој навивал подобро. Чекаш видео за да го шлапнеш и се фалиш, слики од Конзули или Маркукуле...