Гледај во групава на фејсбук, или пак пиши пост таму дека си заинтересиран за таков тип на работа, ако има некоја фирма потреба да те контактира (дури и за remote за почеток).Има ли ИТ фирми во Скопје што се бават со програмирање на роботи (path planning) со C++ или Python? Знам само еден оглас еднаш излезе за во интерворкс и тоа пред 3 години. Го нема во она мапирањето на ИТ индустријата.
Си разгледувам што ако би си дошол назад од Европа.
Има бајаги фирми што се занимаваат со апликации за Андроид и скоро сите бараат практиканти. Една од фирмите која ја знам и имам високо мислење за неа е Релевант.Дечки некој да знае да каже,каква е состојбата на пазарот/фирмите за Андроид?
Учам Котлин и андроид истовремено на Удеми и слични онлајн курсеви.Сеуште не се осеќам доволно спремен,ама со кризава интензивирам учење.
Се бараат практиканти,и какви предизпозиции сакаат фирмите? Инаку и јас не сум млад,ова би му дошло како целосна прекфалификација за мене! Ама не би имал проблем да почнам од нула како практикант.
Фала однапред!
Одбегнувај Јава како за почетник, тежок е. Треба прво да го разбереш концептот ООП (објектно ориентирано програмирање) за да почнеш да решаваш проблеми со Јава. Пајтон е лесен за учење, мислам дека нема да погрешиш. Јаваскрипт ти е исто така добар јазик.Кој програмски јазик би бил подобар за човек што нема диплома од високо образование од ИТ област или слична област. На пример сметам дека мене би ми било залудно да учам Data Science или слично кога никој нема да ме вработи, за ова е потребна диплома. Според тоа што го имам разбрано до сега, дипломи обично барале во поголемите фирми, а на пример Java била потребна за поголеми проекти односно се користи во поголеми фирми. Инаку почнав да учам Java и сеуште сум на почетно ниво, но сега се мислам да се префрлам на Python поради тоа што разбрав дека со Python може да се работи на помали проекти, фриленс, remote, работа што би можела многу полесно да се најде без диплома од високо образование, па дури за почеток и нешто како second job, бидејки веќе имам релативно добра работа од 07.30-15.30.... Јас сметам дека би можел да научам речиси било кој јазик, меѓутоа знам дека дипломата која што ја немам ќе ми претставува проблем.
Не постои добар програмер кој работел на сериозни проекти а да не е напатена душа и со побелена коса пред да ги наполни 30![]()
Список на најмалку стресни работни места
Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако тие се различни, двете работни места можат да имаат многу тежок ефект врз психата. Сепак, различни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места. Нема сомнение дека ако го сакаме тоа што го работиме, работата нема...denar.mk
Со право сме таму![]()
Список на најмалку стресни работни места
Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако тие се различни, двете работни места можат да имаат многу тежок ефект врз психата. Сепак, различни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места. Нема сомнение дека ако го сакаме тоа што го работиме, работата нема...denar.mk
Php, Node, JavaScript, React/Angular.... Со овие е најлесно да се најде фриленс според мене. Јава и. Net тешко ќе најдеш нешто фриленс. За python не знам како е маркетот.Кој програмски јазик би бил подобар за човек што нема диплома од високо образование од ИТ област или слична област. На пример сметам дека мене би ми било залудно да учам Data Science или слично кога никој нема да ме вработи, за ова е потребна диплома. Според тоа што го имам разбрано до сега, дипломи обично барале во поголемите фирми, а на пример Java била потребна за поголеми проекти односно се користи во поголеми фирми. Инаку почнав да учам Java и сеуште сум на почетно ниво, но сега се мислам да се префрлам на Python поради тоа што разбрав дека со Python може да се работи на помали проекти, фриленс, remote, работа што би можела многу полесно да се најде без диплома од високо образование, па дури за почеток и нешто како second job, бидејки веќе имам релативно добра работа од 07.30-15.30.... Јас сметам дека би можел да научам речиси било кој јазик, меѓутоа знам дека дипломата која што ја немам ќе ми претставува проблем.