Анксиозност

Член од
19 март 2014
Мислења
571
Поени од реакции
864
Најголемиот проблем за човечкиот организам е кога ќе му се наруши секојдневната рутина. Бидете сталожени и не и се давајте на анкциозноста. Јас пред 2ипол години го преживеав тој период. Од тоа нема срамење, издржете го периодов дома а кога ќе имате можност да правите било што не се двоумете. Може да ме контактирате во порака ако ви треба било каква помош околу ова, не ветувам чуда но ќе ви кажам мене што ми помогнало. Поздрав и бидете силни!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Темава до скоро само ја читав. Неколку пати се обидов да пишувам некои постови у време кога и јас имав проблеми од сличен тип. Барав и низ подфорумов, малку ме зачуди што нема некои постови во врска со стоицизмот како филозофско гледиште, па предлагам модераторот или да состави некаков вовед или да го искористи овој мој пост, па може да дискутираме одвоено на таа тема. Многу слично, често и се преплетуваат анксиозноста и депресијата, за која има посебна тема, ама се одлучив овде да пишувам.

Не сакам да звучам дека сум некој лајфкоуч, советник, инфлуенсер, експерт...ништо од тоа не сум. Ниту пак живеам цело време окезен во некој 24часовен оргазам и се кљафтам на сите страни......и мене ме фаќаат анксиозни напади. Посебно сум приметил дека во периодот од годината есен-зима, кога се смалува траењето на денот, надвор станува поладно и поголем дел од денот го поминувам внатре, наоѓам повеќе време за такво анксиозно размислување, а помалку за физички активности, движење надвор исл. Тие што ме знаат од другите теми, знаат дека сум голем љубител на спорт на отворено и престој во природа, кампирање, планинарење.

Прво, гледам дека многу од вас воопшто терминот анксиозност го мешаат со некои други појави. Анксиозност во суштина е појава на нерационални стравови, конструкции, кои мозокот сам ги создава и често се однесуваат на настани кои и воопшто не се случиле. Не сте ни први, ни последни на планетава што сте се судриле со тој проблем. Човечкиот мозок по тоа и се разликува од тој на животните и тоа му помогнало да се развие во тоа што е сега. Но, многу често самите сме затвореници на сопствените размислувања и тоа е пекол од кој тешко се бега.

Треба прво да си напраите објективна анализа на работите што ги правите, ставовите што ги имате кон животот, навиките што ги имате, секојдневните рутини и после да напраите некои „подесувања“ кои ќе ви олеснат. Посебно напоменувам дека ригиден однос и држење на константа дека самите сте центар на Универзумот, дека се' што сте наумиле МОРА да се случи или дека сте имале генијални планови кои чудно, ама не ви се реализираат, се во некоја ваша грешка или пак уште полошо, да се самоказнувате со претерана самокритика - Е МНОГУ ПОГРЕШНО и воопшто нема да ви помогне во надминување на проблемот.

Мое гледање е дека суштинската грешка е во религиозните учења од овој дел на светот, кои потсвесно ни имаат вметнато големи очекувања. Истите се злоупотребени и подбуцнати од конзумеризмот и модерниот начин на живот, кој еве, во вакви моменти се покажа дека е куп гомна и дека не значи ништо. Воведувањето на некој непостоечки фактор - семоќен бог, кој "има план за нас" кој се вика судбина е нешто што потекнува од средновековието. Дури и во раната фаза, христијанството немало таков казнувачки однос, а ваквиот суров однос го развива во време кога кај масите се јавува силна скепса кон целиот верски систем и тоа што тој го проповеда.

Нормално, интелигентен човек, човек што се информира многу и што интензивно движи во кругови од активни луѓе, добива огромна количина информации и истиот мисли дека што повеќе знае, толку повеќе може да шпекулира, манипулира и плива, дали од финансиска аспект, често да менува интимни партнери, да напредува во работа, политика......исто така, добар дел од информациите до кои доаѓа се невистинити, лажни, неточно пренесени и логично е дека кога некоја акција во животот ќе ти се базира на таква вест, дека фијаското е неизбежно. Плус, многу често, факторот - виша сила, знае комплетно да им даде поинаков тек на настаните. Но, многу слично, ова не се модерни проблеми тие постоеле и порано. Стравовите дали тоа што ќе го посееш нема да ти го уништи некое невреме или нема да дојде некој да те ограби, да те убие....

Ова што сакам да ви го посочам како некакво решение е нешто за што сте слушнале порано, ама не сте го разработиле или не сте навлегле подлабоко. Ништо нема да ви пречи во овие „слободни денови“ да најдете време да прочитате нешто на тема цинизам, а посебно стоицизам, а тоа ќе ве пушти во истражување и на други работи. Цинизмот, како филозофија, во голема мерка според мене, е неодржлив и тешко применлив во пракса.....и е друга тема.
Ќе нафрлам само некои мисли и ликови што мислам дека се важни и мислам дека ќе ве подбуцнам да размислувате повеќе во тој дух. Најважните претставници доаѓаат од целосно различни сталежи на општеството, што дава посебна тежина од аспект дека не е настанато како христијанството и не ветува никакви спасиенија, благодети, месии.

Најстарите стоици се од времето на античка Грција, Зенон, меѓутоа мислам дека од тоа време нема пишани документи. Најбитните имиња се Сенека, римски сенатор, Епиктет, грк од Мала Азија, кој бил роб и Марко Аурелиј бил тотален владетел на Рим, во времето кога тој ја водел била империја на 3 континенти и еден од 4те највлијателни и најмоќни римски императори во целокупното постоење на Рим. Посебно обрнете внимание на Аурелиј. Познат и како „филозоф“, бил римски император во многу тешки времиња и успеал да ја задржи империјата во своите граници. За него има многу интересни факти. Меѓу другото, издадена е книга која се вика „Медитации“ и истата е всушност негов дневник, за кој се дознал многу после неговата смрт. Бил многу искрен во истата, како кога си пишувате сами кон себе. Фантастично е кога ќе прочитате дека некој со таква концентрирана моќ, која му ја имал дадено сенатот, која значела дека со еден збор може да погуби од обичен дезертер, па до непослушен генерал, секое утро се припремал да се справи со нивните тешки карактери и како позитивните страни во тие ликови да ги искористи во своја полза. Сетете се на ова кога ќе ви текне на некој роднина, колега, пријател што ви го загрозува секојдневието и како вие се справувате со тоа.
Површни луѓе и фушери, стоицизмот го опишуваат како „simply not giving a fuck", ама немаат формула да кажат како така одеднаш ќе ве боли стапот за се' околу - а, многу често нема шанси да заборавите на тоа како некој ве навредил, како зборел за вас, како ве опцул или ви напраил нешто позади грб. Тоа што е многу важно, стоицизмот е еден посебен етички систем, кој воопшто не е тешко да се спроведува во секојдневното живеење. Бара доследност, благородност и многу други хумани принципи кои влијаат на јакнењето на карактерот, а со тоа и поедноставно справување со дневните кризи, тековните проблеми и големите проблеми како што е сега со ситуацијава настаната со вирусов. Стоицизмот има многу врска со источните учења и го нарекуваат и западен зен.

Ако ве мрзи да читате, барајте видеа на youtube, има неколку канали кои објавуваат редовно видеа на овие теми. Истите мислам дека ќе ви го насочат интересот и уште повеќе да истражувате, а и ќе ве потсетат некогаш како треба да гледате на некои работи.

Суштинскиот проблем со абрахамските религии е неприродноста и нерационалноста која индуцира апатија, чекање милостина од некого, конформизам, живот у бескрајно чекање и омраза кон неистомисленици. Додека го пишувам текстов, читам некој пост во кој „некој што го нашол бога“ ги обвинува другите....звучи мизерно, без желба да се помогне, себично....стоицизмот е се' само не тоа. Не е идејата да си мислите сами во себе „јеби га, не можам ништо да напраам, па нека тера вака“.

Ќе го затворам постов со парафраза на Епиктет, кој вика дека не страдаме од настаните, туку од нашите мислења за нив.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Позицијата на верските лидери во моментов, кои живеат во луксуз врз незнаењето и игнорантноста на заслепените, само го допотврдува купот глупости врз кои се базира нивното. Највисоките верски претставници од било која организирана криминална организација се ставени во подредена ситуација, да молчат и да ги следат упатствата на медицинарите.
Опсегот на влијание им останува само врз слоевите од општеството што немаат природен интелектуален капацитет да се надградат и ослободат од догмите, кои се провалени пред векови.
Не знам какви зборови да постојат, на слеп човек не може да му се опише светлината.

Прв показател на отсуство на интелигенција е отсуство на срам.....срам да се влезе во дискусија и да се спори со некого за нешто, без притоа три реда да се има прочитано. Показател се сувопарни, површни реплики, без никаква суштина, со доза на негација, обид за навреда и омаловажување.

Меѓу другото, стоиците не поддржуваат исмејување и презирање на интелектуално подредените и немоќни луѓе, па на твојата игнорантност нема веќе да одговорам.....со ова ниво, продолжи со колегите од такси станица.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.481
Поени од реакции
5.497
Шала на страна за анкциозност дури и идењето во верски објект може да помогне. Едноставно да те смири.Сепак, има луѓе што мир и спокој бараат во верски објект. Само најбитно од се е да се задржи разумот кај еден човек.
Генерално, повеќето луѓе во некој период во нивниот живот ќе поминат низ таков период. Еден од нај „лесните“ и „безболните“ начини за смирување на анкциозен напад ти е музиката. Барем мене лично ми има помогнато. И тоа не жанрови што секојдневно ги слушаме. Јас лично би препорачал Класика. Вивалди, Бетовен, Моцарт... Мене 4 сезони од вивалди ми стана некако доста лабава и доста опушта. Исто така Блуз, Џез ептенски те опушта. Веќе подолго време и рандом знам да си пуштам класика, џез, блуз чисто за промена иако „не сум имал потреба“/не сум имал некаков напад или слично.
Исто така доста битен фактор, при справување со анкциозност (особено сами ако се справувате) е разговорот. Луѓе зборете си сами со себе не е ништо страшно. Имате напад ? Поставете си прашања. Побарајте логика, дали е логично да имате напад заради тоа, преиспитувајте ја причината. Одкога ќе видите дека генерално нападите се за „глупост“ мноогу полесно ќе ви биде. Исто така не е срамота да се побара помош, или вака тука анонимно да се збори со луѓе што имаат или имале слични проблеми. Лично до сега не сум имал искуство со стручна помош и за тоа не можам да зборам, ама анонимно, форумски, или било каков вид онлајн муабет со рандом ликови којшто имале слични проблеми верувајте дека помага. Ако ништо више ви ги трга мислите од вашите проблеми и полесно може да ги поминете тие „кризни моменти“.
Бидете ми поздравени.

Edit:
Забораив да напоменам, многу битен фактор е да се движите меѓу луѓе. Доста помага раздвиженоста, да ве фати воздух, да свртите некој макар и бош муабет, да ви ги тргне мислите од тоа што ви го причинува нападот.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Има различни начини за справување со анксиозноста. На некој човек му помага едно, на друг друго. И не е во ред некој упорно да настојува дека неговиот начин е исправен и праведен а се друго е лага. Ова посебно важи за ултра религиозните. Немам ништо против нечии верски убедувања. Напротив, мислам дека кога не се злоупотребува религијата е стварно убава работа. Им дава на луѓето надеж или утеха кога работите не одат како што треба. Познавам млади луѓе кои нашле некакво смирување и начин да се изборат со депресијата и анксиозноста со тоа што се свртеле кон читање на Библијата и читање на текстови со верска тематика.

Но тоа не значи дека ако некој не е заинтересиран за ова и нашол друг начин да се избори со проблемите дека тој греши, дека за него нема лек, дека го завел ѓаволот или такви некои небулозни работи, па сега треба да го напаѓаме. Како што на Таксистот од погоре му помогнала религијата на некој му помогнале читање книги, слушање музика, спортување, разговор со психијатар, па и земање соодветна терапија...

Мене конкретно ми помогна пред се промената на начинот на живот. Здравата исхрана, пешачењето, патувањето на нови места, дружењето со позитивни луѓе. Ама пред се човек треба да се соочи со самиот себе, што воопшто не е лесна работа. Луѓето по природа тешко се одлучуваат да излезат од комфорт зоната, да направат похрабар чекор и да свртат нова страница. Така да мислам дека сами себеси најмногу можеме да си помогнеме ако имаме волја за тоа и ако сме одлучни да кажеме стоп на некои работи.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.481
Поени од реакции
5.497
Има ли спас за
Анксиозност
Дефинитивно. Само треба да си најдеш што те смирува.
И нормално, движење меѓу луѓе доста помага за да се прошири комфор зоната :)
 
Член од
13 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
8
Imam anksioznost i normalno osekjam mnogu simptomi povrzani so anksioznost kako na pr. panicni napadi, vrtoglavica, nemanje energija, dekoncentracija, budenje vo sred nokj, kosmari, postojan zamor, zgrceni i krenati ramenici poradi napnatost i sl... Megjutoa osekjam i drugi simptomi koi sto me zagrizuvaat pa bi sakal da prasam dali nekoj od vas poradi anksioznost ima barem nekoj od slednive simptomi:

- postojan tinitus - zuenje vo usite 24/7 (go slusam kako shum), a ponekogas navecer pred da zaspijam osekjam i kako brcenje vo glavata. Ova e vekje 6 meseci. Poizrazen mi e vo desnoto uvo.

- Kratkotrajni Glavobolki vo zadnata desna strana od glavata (retki megjutoa znaat ponekogas da bidat i silni), gi osekjam vekje podolg period duri i so godini, i na periodi gi imam pocesto, a na periodi duri i so meseci nemam voopsto.

Nemam praveno snimki. Na usen doktor na pregled mi kazaa deka e okej, no me upati na nevrolog, a nevrologot kaza deka e od anksioznosta.

Vi blagodaram, pozdrav,
 
Ако ти е утешително и јас кога имав анкциозни напади знаев да осеќам болка во главата и зуење на ушите. Природно имам минимално повисок притисок и веројатно ако претерам со вежбање или кофеин знаело да осетам зуење на ушите. Сега кога не ги осеќам нападите, го правам истото што и порано но не осеќам никакво зуење а кофеинот е тој, а може и повеќе.
Чим доктор ти кажал дека ти е од тоа, смири се и не паничи. Ти во никој случај не знаеш повеќе од него и што е најбитно не си прави филмови дека е можно да имаш нешто што они не сметаат на тоа. Смири се диши длабоко, троши ја преку ден енергијата со некакви активности, прави го тоа што те исполнува, размислувај позитивно па и по цена да ја смениш сета околина околу себе. Поздрав, секое добро.
 
Член од
29 март 2014
Мислења
99
Поени од реакции
32
Здраво!
Јас имам анксиозност од 1ва година на факс меѓутоа никогаш нешто што не можам да се справам се до моментот на 13ти март кога објавија вондредна состојба или нешто друго поврзано со коронава. Таков паничен напад и толку ми беше triggered анксиозноста што јас еве веќе два месеца чувствувам на средина на градите како постојано да ми седи нешто. Една недела беше во ред ама пред неколку дена почна пак и тоа сега во левата страна повеќе онака некое непријатно чувство. Почна и два три дена трнење на раката и левата страна на лицето и ме притисок и пржење во окото. Не знам дали е ова резултат на анксиозноста.
А инаку пијам Б комплекс стрес и магнезиум.
Бев денес кај матичниот лекар она ми рече нема термини за ехо на срце и тироидна иако не верува дека е тоа мисли дека е резултат на мојата психичка состојба. Направив пред месец и пол ЕКГ беше супер.
Ми даде упат за крвна слика и сега се мислам со состојбава дали воопшто и да одам да проверувам или да почекам уште една недела.
Ако може совет оти ќе побудалам...
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820

Као прво другарче најубаво да го изфрлеш од речник зборот "анксиозност" . Се е тоа како резултат на факин капиталистичкото време у кое живееме. Најдобро е да се снаоѓаш со занимации. Видео игри, филмови, youtube,m pornhub... било шо. И не гледај вести, не читај ништо за болести. Бави се со секакви глупости само не си го оставај умот незаузет. Чуствата и те како влијаат на телото, затоа и се осеќаме понекогаш како физички да е.
Има една изрека: Незапослен ум је џабоња радионица. Кај нас викаме: Ѓаволо немал си работа ебал си ги децата.
Сите тие раположенија произлегуваат голем процент од незапосленот на умот и споредба со животите на другите.
А за да не побудалеш земи под хитно гледај на you овоа: И ја сум бил у состојби на побудалување.
И симни си се шо најдеш од Луд Збуњен Нормалан. Глеј по цел ден комедии нарочито босанките се пар екселанс,
па сам ќе увидеш промена у расположење. Не се давај. Ако е потребно и ПП слободно можеш да ми се обратеш. (y)
 
Фала ти, оти стварно мислам дека ќе летнам со паметов.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не знам колку ти се можностите ама на твое место би се убивал од спорт...добра исхрана и по нешто суплементи. Ако ништо друго сигурен сум дека 50% у боља ситуација ќе се најдеш.
Пример да ти дадам, пошто луѓе мислат пола саат возење точак у 10 та брзина е спортување.
Едно 20 Км за 45 до 50 мин. точак возење; трчање темпо 20 мин. и едно 20 минути спринтање на 80% снага; Тегови дигање тренинг под 45 мин. да не биде со килажи на 80% снага.
 
Буразеру кога последен пат си бил у down расположење? Мислам дека не памтеш. Поправи ме ако грешам. Затоа дај молим те од тие клише савети никој не видел аир, туку баш контра има. На човек му е падната вољата. Ама мислам дека ти тоа не си осетил.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom